Брoj 2719  вторник, 24 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Новинарот Владо Танески се самоуби во притворската ќелија

Полицијата тврди дека Танески додека неговите тројца цимери спиеле се удавил ставајќи ја главата во кофа со вода

Гојко Ефтоски
Даниела Трпчевска


ТЕТОВО – Кичевскиот новинар Владо Танески(56), кој беше осомничен за убиство на две сосетки во Кичево, си го одзеде животот во притворската ќелија во затворот во Тетово. Според официјалните информации од надлежните, Танески околу два часот по полноќ, додека неговите тројца цимери спиеле, влегол во бањата и се удавил ставајќи ја главата во кофа со вода. Еден од неговите цимери го забележал кога тргнал во тоалетот. По дваесетина минути откако не слушнал никаков звук, станал да провери што се случува. Влегол во бањата и го видел Танески на коленици, со главата во кофата со вода. Го викнале надзорникот и се обиделе да му дадат прва помош, но безуспешно затоа што Танески веќе бил мртов, велат во МВР.

На креветот на кој лежел само еден ден, оставил проштално писмо, во кое вели дека не ги убил жените за кои го обвинуваат. Танески во неколку реченици испишани на задната страница од судското решение кое му било врачено, напишал дека е горд на своето прекрасно семејство.

Смртта на Танески ја констатирала екипа од три лица: директорот на затворот во Тетово, судија на Основниот суд во Гостивар и лекар- специјалист по судска медицина. Телото на Танески по налог на истражен судија е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.

На вчерашната средба со новинарите, Јордан Михајловски, директор на Управата за извршување кривични санкции, даде хронолошки опис на настанот, избегнувајќи детали кои рече дека ќе бидат јасни по завршување на истражните дејства.

Михајловски тврди на 21 јуни околу 20,40 часот, Владо Танески бил приведен со решение на истражен судија при Основниот суд во Гостивар со кој му била одредена мерка притвор од 30 дена. Бил во добра здравствена состојба и без траги на насилство, без знаци за самоубиство, а не била забележана ниту зголемена депресивност. Според Михајловски, новинарот бил сместен во соба со уште три лица за да се избегнат евентуални последици и истовремено да се следи неговото однесување. Додека престојувал во притворот делувал мирно.

Како што може да се дознае, разговарал со лицата во собата, но и со службени лица во затворот. За тоа време немал посета.

„Во неделата вечерта не покажувал однесување за да се посомнева во нешто необично. Не се сомневале ниту луѓето што биле во истата соба со него. Подоцна вечерта откако легнале, притворениот отишол во бањата откако забележал дека другите во собата спијат“, вели Михајловски. Сепак, еден од неговите цимери забележал дека подолго време го нема да се врати.

„Околу 1,50 часот отишол во бањата да види што се случува. Видел дека Владо ја имал ставено главата во кофата со вода. Веднаш презел мерки и ги алармирал дежурните во затворот, кои се обиделе да му помогнат. Повикана била и брза помош која пристигнала за седум минути. Екипата на здравствени работници се обидела да го реанимира, но не успеала“, вели Михајловски. Потоа биле преземени други мерки. Формирана била комисија во состав од директорот на затворот, Нуриман Тефики, истражен судија при Основниот суд во Гостивар, Мемет Алиу, и лекар-специјалист по судска медицина од Клиничката болница во Тетово, д-р Драшко Деспотоски.

„Комисијата констатирала смрт, а телото на Владо Танески вчера изутрина околу 5,10 часот било пренесено во Клиничката болница. Затворските органи го известиле и семејството на починатиот, а набргу потоа допатувала неговата сопруга во Тетово“, додава Михајловски.

Тој ништо не кажа за содржината на прошталното писмо најдено во креветот, не одговори на новинарско прашање како можел да се удави во кофа вода оставена во бањата, ниту пак како можел еден од неговите цимери во собата да се сети да го побара во време кога сите спиеле.
На новинарски прашања одговараше и директорот на затворот, Нуриман Тефики, кој причината за тоа што во бањата имало кофа со вода ја објасни како потреба за одржување на хигиената, бидејќи „има проблеми со рестрикција на вода“.

„Притвореникот во кофата си го одзел животот. Како тоа се случило ќе објаснат натамошните истражни дејства и наодите на судска медицина. Ние будно го следевме притвореникот. Не даваше знаци на никакво сомнително однесување, ниту вечерта нешто навестувало дека ќе се самоубие. Целосно се посветивме на случајот со притвореникот. Не го оставивме сам намерно за да биде следен. Вечерта чекал другарите од собата да заспијат. Ја пуштил да тече и чешмичката во бањата за да ја скрие трагата. Постапивме строго по правилото на службата“, вели Тефики. На новинарско прашање дали на телото имало знаци на насилство, директорот на затворот во Тетово рече дека комисијата од три члена такви знаци не забележала, но дека „подетаљно ќе се произнесе судската медицина“.

Од МВР најавуваат дека ќе се спроведе вештачење на кофата и водата во која се удавил Танески за да се провери дали можеби во неа имало и некакви други средства, од кои тој би можел да се затруе.

До вчера во попладневните часови телото на Владо Танески беше во Одделот за судска медицина на Клиничката болница во Тетово. Директорот Хасан Љума рече дека ќе биде пренесено во Институтот за судска медицина во Скопје заради утврдување детали. „Поради недостиг од опрема и други елементи, одлучивме обдукцијата да се изврши во Институтот во Скопје. Од повеќе причини и проблематичност на случајот се договориме компетентни луѓе да дадат извештај“, рече Хасан Љума. И директорот на тетовската Клиничка болница се огради на прашањето за евентуални знаци на насилство, оставајќи тоа да го кажат стручните лица по обдукцијата.

Портпаролот на МВР, Иво Котевски, вчера информира дека во ќелијата, под перницата на Танески е пронајдено решението со кое истражниот судија од Основниот суд во Гостивар го упатил Таневски во притвор, каде што на задната страна од листот новинарот напишал дека е горд на сопственото семејство кое било многу добро и оти не стои зад убиствата за кои беше осомничен.

Танески беше приведен поради убиствата на Митра Силјаноска и Живана Темелкоска. Постоеше сомнение дека Танески бил вмешан и во убиството на Љубица Личоска, како и во исчезнувањето на Горица Павлоска, која е исчезната во 2003 година и се' уште не е пронајдена.


Статијата е прочитана 2821 пати.

Испрати коментар

Од: realen
Датум: 24.06.2008 00:52:54
Fakt od patologija: Nevozmozno e covek da se samo-udavi ili samo-zadavi. Naivno e covek da poveruva deka nekoj se udavil vo kofa.
Од: 2 Pac
Датум: 24.06.2008 01:17:45
Deka bil lud, bil... No da si go odzeme zivotot na vakov nacin, cudno e. Sto ako na nekogo od MVR mu precelo negovoto razotkrivanje. Mora da se rascisti negovoto (samo)ubistvo!?
Од: mitko ne pie nafta
Датум: 24.06.2008 02:37:06
Sto mislite vie be deka nie narodot sme stoka i majmuni pa da ne podlazuvate? Ovoj covek ne se udavi vo kofa, toa ne e vozmozno. Sega mu lepite cetiri ubistva. Pred toa na onie dvajcata im zalepivte edno ubistvo visok. Zatoa, jasno, se slucija novi ubistva. Ovaa drzava e temen vilaet.
Од: Marko
Датум: 24.06.2008 02:39:00
Strasna rabota, ova e nevidena tragikomedija. Koj e toj pameten sto go smisli ova so kofata. Katastrofa sme znaci ...
Од: Никола
Датум: 24.06.2008 02:40:46
Сепак, според Wikipedia и други релевантни извори, самоубиство со давење е возможно, но не се случува често, поради природниот инстикт на самоубиецот да се бори за својот живот. Што е уште поинтересно, се вели дека самоубиството со давење скоро не може да се докаже, односно не може да се разликува од убиство. Во случајов може да помогне прошталното писмо, кое, секако, прво ќе треба да се докажи дека е напишано од негова рака. Може да има евентуални траги од борба на телото, доколку било убиство. Тоа е се, како што велат познавачите.
Од: Dame
Датум: 24.06.2008 03:06:30
Bez razlika na toa dali e vinoven ili ne podmolno e da se objavuvaat fotografii od teloto na Tanevski. Ne e fer za familiajta na covekot, za familiite na zrtvite a i za celata javnost. OVa e grev sprema sekoja religija vo Makedonija. Ve molam povlecete gi tie fotografii barem od vasata veb strana...
Од: qwerty
Датум: 24.06.2008 05:10:20
spored slikata covekot kako da e daven ima sinilo okolu vratot
Од: maja
Датум: 24.06.2008 07:53:02
E, tocno! Istoto go pomisliv, ne e mozno vo kofa da se udavis, vo takvi uslovi telesnite refleksi se posilni i samo ako nekoj te drzi so sila moze da dojde do davenje. Treba da e nekoj epten naiven da poveruva deka sam se udavil - vo kofa!
Од: citatelka
Датум: 24.06.2008 07:59:30
zosto ne pravat maloumni i ja navreduvaat nasata inteligencija???i toa go izjavuva portparolot na MVR. sramota. kako e mozno covek da se udavi sam vo kofa so voda???
Од: kika
Датум: 24.06.2008 08:09:55
da vo pravo si tocno e deka covek ne moze sama ni da se udavi ni da se zadavavi sam a ne posebno vo kofa so voda.
Од: Давеник
Датум: 24.06.2008 08:19:20
За човек да се удави во вода потребни се барем шест минути главата да му е под вода. Да пропадне во длабока вода, ајде. Ама сам да ја држи главата под вода толку време, просто не е можно. Тука не работи силата на волјата, туку рефлексот на телото за самоодржување. Ако никој не го држел човекот, самиот негов рефлекс ќе го отрргнел од кофата. Нека проба којшто сака на овој начин да се самоубие па ќе види дали е можно ова без помош од други. А и немам слушнато дека некој вака се самоубил? Човекот е очигледно убиен, ама ако,заслужил. Да го судеа ќе го извадеа будала и ќе си живееше среќно во некоја лудница. Вака барем е праведно казнет
Од: od Kavadarci
Датум: 24.06.2008 08:30:29
Bas sega probav vo wc`to da se udavam vo kofata so voda,ama ne biva sam izleguvam instiktivno. So sme ni ovci da ne strizite.....
Од: Ivona
Датум: 24.06.2008 09:25:34
Coveckoto telo ima svoja automatska reakcija pri toa sto ako pocne da ti nema vozduh vednas se vadi glavata nadvor od voda.Sekoj sto ke proba da se samoudavi(mada ova ne postoi) e garancija deka nema da se udavi.Ve molam....dali nekoj razmislil deka ubicata moze uste si se seta nadvor sega i im se ismejava na site.Strasno e ova.
Од: Kole
Датум: 24.06.2008 09:47:48
Da bese vo casa voda ke poveruvav... vaka vo kofa voda mi e somnitelno !??
Од: simon
Датум: 24.06.2008 09:50:02
"додека неговите тројца цимери спиеле" цимери=zimer (nem) se zboruva na nemachki so kirilica ????
Од: toni
Датум: 24.06.2008 09:53:47
Ajde soberete se selani.Kako prvo direktorot na zatvorot e kriv sto go ostavil taneski bez nadzor celo vreme. Vo vakvite slucaevi takov coevek treba da ima nadzor od 24 casa na den od cuvarite na zatvorot a ne nekoi zatvorenici da go cuvaat tanevski. Vtoro da bese nevin Tanevski nemase da se samoubie..(ako se samoubil cisto sumnjam vo toa) Treto ne e mozno da se udavi covek vo kofa so voda..znaci nesto ne e vo red kako sto treba so celiot slucaj.I 4 ova ne e krajot na ovoj slucaj imam iljada scenaria vo ovoj slucaj ama nekam da se otepam od pisenje.Ni treba nekoj kako detektivot Poirot za da go resi cel ovoj slucaj.Edinstveno mi e zal za zrtvite i nekoi sto mozebi nastradaa nevini.Nekoj ima valkani race tuka se nadevam deka ke se najdi vistinskiot ubiec. Pozdrav
Од: od nekoj
Датум: 24.06.2008 10:00:14
Да не беше објавена сликата, можеби некој и ке поверуваше дека се удавил самиот. Ама според сликата и црвените траги околу вратот, многу е наивно да се пласира изјава дека самиот се удавил во кофа вода. Ништо да не не чуди кога имаме вакво МВР, Обвинителство и судство. Тоа е вистинската ПРАВОСУДНА МАФИЈА
Од: elena
Датум: 24.06.2008 10:25:06
vo vrska so slucajot za takov ubiec-monstrum taka treba pa makar i da go udavile. sokirani sme site.sega samo ostanuva prasanjeto kolku monstrumi ziveat vo naseto opkruzuvanje, razmisluvam i za coveckata psiha ,strasno da se izivuvas i da kasapis,ne e za zalenje,pa makar i go udavile pravdata e zadovolena
Од: eu
Датум: 24.06.2008 10:56:16
nekako somnitelno vo vakov slucaj bi trebalo da bide izoliran vo inreres na istragata no i da se zastiti negoviot zivot da ne se ubie zatoa sto dokolku e vinoven dozivotno trebal po malku da umira sekoj den za da ja oseti gorcinata na ona sto go napravil dokolku go napravil.A kakva logika ima da se tereti za ubistvo koga vece imalo 2 osudeni za istite ubistva???zatoa li vo Mak velat gi otkrivat 98% ubistva?na vakov nacin?ili dadat izvestaj samoubistvo i slucajot e zavrsen a na zapad gi otkrivale 50% ubistva i demak vo mak najuspesni?pa kako moze vo se da sme posledni a vo ova prvi?znaci li togas dvajcata osudeni za istite ubistva se nevini?a kakov dokaz e vo ovoj slucaj novinarot se izdal demek napisal detali za ubistva koi ne bile javno izneseni...pa vi mak eden covek da poznavate vo SVR se ce doznaete t.e. nula dokazi.
Од: Martin B
Датум: 24.06.2008 13:06:15
Se grozam od nacinot na koi nasite mediumi a i organite na vlast dozvolija da se slika i publikuva javno lesh na covek. Tolku e ova neprofesionalno, nema nikakva etika i humanost a kamoli empatija kon negovata familija koja vo momentov sigurno e uste vo shok. Dali ke slikate i publikuvate sekoj covek koj se ubiva vo zatvor? Od slikata ne se gleda dali e ubien ili samoubien ako vi bese toa celta. Zemete primer malce od zapadnite zakoni i mediumi. Pozdrav, Martin, novinar vo London.
Од: remi
Датум: 24.06.2008 15:40:59
cudno ne e prv pat sto vakvi intrigi se kuvat vo makedonija
Од: mojso
Датум: 24.06.2008 15:43:51
Zosto ne si naredil samiot da prestane da disi,namesto da se pravi utop.Kakov priroden refleks za disejne kakvi bakraci.Neme problem sudska medicina ke reci MOZI ama retko.PREDLOG: tri kofi , vo ednata glava od policaec vo ftorata glava od sudija vo tretata od medicinar pa da vidime dali moze da ni kazat taka covek da se udavi.
Од: negotinka
Датум: 24.06.2008 18:41:49
de de drug da go lazite so toa deka se udavil vo kofa so voda koj e tija pametniot sto go izmislil toa daj vice kaa lazite lazite kaa so treba
Од: bobo
Датум: 24.06.2008 19:44:25
pa se gleda deka novinarot e zadavuvan na slikata i kakvo davenje . kakva filozofija zad smrta na nasiot kolega stoi vistinskiot ubiec koj mozebi so svoite aktivnosti otkril pa go vnesoa vo zatvor za da ne gi izdade i posle toa scenario deka se udavil vo kofa. Sram sekoj moze da proba i da vidi deka toa ne e mozno .Scenarioto e drugo

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Убиваат за да дојдат до нов живот
Не, н�� се сеќавам... не е точно дека сум ја убил Живана...
Многу нејаснотии и дилеми околу смртта на новинарот од Кичево
Кичевските убиства топ - тема за странските медиуми