Број 3076  среда, 02 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Свети Николе, конечно, доби вода за пиење

Проблемот решен со комбинација на водите од новите бунари и од „Злетовица“

Иван Бојаџиски

ШТИП - Свети Николе, општински центар со 15.000 жители, ја надмина седумгодишната криза со водата за пиење. Подолго од еден месец ЈКП „Комуналец“ им испорачува на домаќинствата исклучително квалитетна вода за секакви потреби. Бактериолошката и хемиската исправност на водата со писмен акт е потврдена и од Институтот за јавно здравје.

„Сега можеме да ја соопштиме добрата вест, дека долгогодишната криза во снабдувањето со вода за пиење за светиниколчани е минато. Проблемот го решивме со комбинација на водите од новите бунари и од регионалниот хидросистем ‘Злетовица‘. Ги користиме можностите на бунарите, а потребите ги надополнуваме со водата од регионалниот хидросистем“, изјави Роберт Георгиев, градоначалник на Свети Николе.

Седум години светиниколчани се снабдуваа од цистерни со вода за пиење, која ја носеа од соседниот Штип. Георгиев ја изразува благодарноста на градот-сосед без чија помош проблемите на граѓаните ќе биле неподносливи. Свети Николе е првиот град во регионот кој ги стави во функција благодатите на „Злетовица“, бидејќи филтер-станицата во овој град отпорано беше технички оспособена за прифаќање на површински води.

Марјан Станојковски, директор на ЈКП „Комуналец“, вели дека тие интервенирале само во таложниците што не барало поголеми материјални издатоци.

Градоначалникот Георгиев тврди дека локалната власт нема да прави никаква забава од фактот дека Свети Николе, по толкав сушен период, пак има вода за пиење, иако во градот се зборува дека такво нешто ќе се случувало на 14 септември - Денот на Свети Николе.

„За нас во локалната самоуправа ова е нормална работа. Не беше нормално еден град кој е општински центар со години да е на суво, а за сосема природна ја сметаме состојбата сите домаќинства да имаат вода во секое време. Како градоначалник нема јавно да се полевам со кофи вода и на таков патетичен начин да докажувам дека проблемот сме го решиле, како што го направи тоа мојот претходник Слободан Даневски, за еден ден потоа славините во нашите домови пак да бидат суви. Основна обврска на секоја локална власт е на граѓаните да им овозможи темелни услови за живот, а водата е на прво место“, укажува Георгиев.

Свети Николе остана без вода пред околу седум години, кога поради бактериолошка загаденост водата беше забранета за употреба. Во меѓувреме, се правеа напори за решавање на проблемот. Од Владата и од програмата КАРДС беа обезбедени близу еден милион евра. Решение се најде дури летово. Сепак, нема точна информација на што беа потрошени големите суми, тема која во Свети Николе допрва ќе се отвори.


#
Статијата е прочитана 1192 пати.

Испрати коментар

Од: Makedonec
Датум: 01.09.2009 04:58:10
Ovaa vest novinarot trebalo da ja prati vo znamenitosti,Ginisova kniga na rekordi itn...Ova e sramota da nemale voda do sega..Vo Evropa?Uzas!! Makedonija e polosa od najlosata Africka zemja..Uste crni da bevme kade ke ni bese krajot..??
Од: Ози
Датум: 01.09.2009 09:18:53
Да оваа вест беше објавена во некој локален селски весник во Нигер или Мали (земји на суб-сахарска Африка), ќе речев постигнале голем успех. Ние, колку што знам, сме дел од Европа. Или се лажам?
Од: sveti nikole
Датум: 01.09.2009 09:39:20
pa i ne sum siguren mnogu vo ovaa no daj boze da e taka cel zivot nosime voda od sosednite sela i od cisterni cinis svetska vojna e a ne 21 vek . kako i dae se napravi nesto dobro za svetinikolcani.
Од: Перо КАвадарци
Датум: 01.09.2009 16:35:57
Конечно свети николе доби вода, тоа е за поздравување, никој до сега не се грижеше за тие граѓани сега конечно новото раководство на чело со градоначалникот успеа да направи нешто добро за овој град и само така нека продожи позз

Најди! во Утрински
Македонска верзија
Поглед
Валентина Тодоровска
Едиторијал
Оливера Војновска
Глобалист
Љупчо Поповски
Мислења
Ден Дончев
Мислења
Тодор Џунов

Хроника
Кавадарци завиено во црно по трагедијата кај Удово
Пандев: Лацио е завршена приказна за мене