Број 3650  понеделник, 08 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Свет

Дојде ли крај на американската империја?

Американците се уплашени за бенефициите и приматот во светот

ВАШИНГТОН – Дали минатата недела и' дојде крајот на американската империја? Привлечно е да се каже - да. Одлуката на „Стандард енд Пурс“ да ја отстрани светската економска суперсила од листата зајмувачи без ризик беше на некој начин климакс на жалното поглавје што ја обелодени парализата на Вашингтон за да ја видат сите.

Агенцијата се согласи со администрацијата на претседателот Барак Обама дека е потребно да се заштедат четири билиони долари од долгот од 14,3 билиони во следните десет години. Но, договорот постигнат по 11 часа за зголемување на лимитот за зајмување и за намалување на дефицитот што ги доведе САД до работ на првото неисполнување на обврските, обезбеди заштеда од само 2,1 билиони долари.

Дебатата во САД во изминатите неколку недели беше многу нервозна, бидејќи Американците се исплашени. Партијата Чајанка е преплашена дека потрошувачката ќе ја донесе земјата до уништување. Демократите стравуваат дека нивните ценети бенефиции за постарите и сиромашните ќе биде распарчени. Сите тие се плашат дека времето на Америка како број еден сила во светот е завршено и дека на постојаниот тренд на развој што ја трансформираше земјата од крајот на 19 век, па досега му е дојден крајот.

Имено, сега речиси секој шести Американец преживува со владините субвенции за храна, кои во просек изнесуваа 282 долари месечно по семејство. Официјалната стапка за невработеност е 9,1 проценти, но е многу повисока ако се вклучат и оние што се без работа подолго време. Цените на куќите опаднаа за 33 проценти од кога беше достигнат врвот, повеќе од падот забележан за време на големата депресија. И покрај најдобрите намери на Обама за стимулирање на трошењето, на американската инфраструктура и' беше доделена оценка „Д“ од Американското здружение на градежни инженери, каде што речиси секој пети мост беше класифициран како „структурно несоодветен“.

Платите на луѓето од средната класа стагнираат веќе 15 години и бумот во домувањето и кредитирањето што внесе малку енергија во животот на обичните луѓе пресуши. Претприемаштвото е во долгорочен пад – теоријата е дека либерализираниот и проширен Волстрит апсорбираше премногу бизнис-таленти. Земјите од БРИК – Бразил, Русија, Индија и Кина – се појавија како закана за доминацијата ја САД, која беше изградена на производствена база, која постојано се преселува преку морето.

Земјата треба да направи и одредени големи ментални приспособувања. Ќе треба да прифати послаба армија – таква која нема да троши толку колку остатокот од светот заедно. Американците ќе треба да прифатат дека низ светот има половина милијарда луѓе што и' припаѓаат на средната класа и што можат да извршуваат многу од работите што и тие можат и да смислат нови.

Америка денес се споредува со Британија во 1914 година или Рим во врвот на својата моќ, пред нивниот брз пад од надмоќта. Наспроти инволвираноста во секое прашање на надворешната политика, повлекувањето и од Ирак и од Авганистан за неколку години ќе биде од корист. Сепак, земјата води во индустриите витални за 21 век и понатаму останува приврзана кон тежнеењето за подобро. Се' уште никој во светот не може да се спореди со креативноста, експериментацијата и поттикот на САД.

Одлуката на „Стандард енд Пурс“ беше шок што му беше потребен на Конгресот. Откако ќе ја продолжат битката по летниот распуст, демократите и републиканците треба да се потсетат на зборовите на Бил Клинтон, кој рече: „Нема ништо лошо во Америка, што не може да биде излечено од она што е добро со Америка“.


#
Статијата е прочитана 2742 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 08.08.2011 00:24:58
Ako dolzis 1000evra imas problem.Ako dolzis 200.000evra,togas ima problem toj sto ti gi dal.Po taa logika odi i America.So drugi zborovi nivniot dolg sega e problem na celiot svet.So treti zborovi,America nema namera da go vrati dolgot,naprotiv uste ke se zadolzuva,a svetot ke plaka za toa se dodeka ne se pojavi nekoja nova voena sila koja ke go spreci ova.Do togas ke se iznagledame i iznaslusame za D,C,B denovi,za razni crni petoci,ponedelnici, i seto toa ke bide samo "adrenalinska"zabava za narod.Nema nisto spektakularno da se sluci barem sega za sega.A ako veke nestro se sluci,togas toa ke bide totalen haos,anarhija,vojni kakvi sto nema istorijata zabelezano.Poradi toa,dolgot na America ke go plakaat site.Inaku mnogu postrasen i pogolem e dolgot na drzavite od Evropskata Unija(ako se soberat zaedno)Grckiot dolg e"sitnica"ako se stavi vo kupot.Ako nesto se slucuva,prvo ke se sluci so Evropa.
Од: tulko drdeski,tetovo
Датум: 08.08.2011 00:28:42
Koga nesto se pisuva ili prorokuva red e da se napise i od kogo e.Trebalo barem malku da napisete sto go ocekuva svetot so od vas nevesteniot "kraj na Amerikanskata imperija".Tedenciozno i nimalku podkrepeno pisanie so eden zbor nedolicno za nivoto na vasiot vesnik,a mozebi doagja po naracka od gazdite.
Од: vistina
Датум: 08.08.2011 01:40:24
Amerika vece ne e toa chto bila lugeto ostanuvaat bez rabota se pomalku se trochi zato chto nema.Site ziveea na kredit no sega i toa poleka seknuva zato chto porano aku imach kuca koga da tropnech na vratat na banka dobivach kredit a sega mnogu se pazi na kogo se dava kredit odnosno techko se dobiva.Kucite vece ne se garancija zato chto mnogu luge kucite gi izgubija nemozeci da gi placaat kreditite a sega bankite ne znaat chto da pravat so tie kuci.Vo nekoj delovi vo amerika kucite koj gi imaat zemeno bankite gi ruchat i mestoto go otstapuvat na opchtinite zato chto kakao kuca mnogu pari ntreba d aplaca bankata.
Од: Makedonec vo SAD
Датум: 08.08.2011 07:01:06
Ushte da napishevte deka nekade vo Kina i Rusija se pojavile noviot Microsoft ili Google, ili pak Apple bil turnat na vtoro mesto vo svetot od strana na "nekoja???" kineska kompanija togash napisot kje vi beshe na mesto. Ajdete vi se molam smeshno izgledaat vashite pishuvanja za rabotite ovde vo SAD. Pa ako navistina tolku sakate da vidite kako e, pa shto ne ispratite nekoj novinar da napravi reportazha vo nekoj od gradovite ili firmite. Ili polesno vi e da polu-prevedete nekoj napis od politichki oboenite zapadni mediumi?
Од: jimmy1
Датум: 08.08.2011 08:48:16
Amerika uste ima da plaka grevovi sto ima praeno dosega, ova e samo pocetok. Sto misleja deka sekogas ke bidat najsilni i ke si igraat so drugite kako sto sakaat. Nasiot ekonomist (so diploma na poklon) neka uci od ova i da prestane da se odnesuva zverski sprema selektirani luge, zosto so takov taftabit i nas ne ceka takvo nesto.
Од: Makedonec na Juzna Strana
Датум: 08.08.2011 09:24:41
@ Makedonec vo SAD.Izgleda samo vie tvrdite sprotivno.Ako cel Svet ja zboruva vistinata, ako site berzi se vo panika, od kade vi doagja optimizmot?Kapitalizmot so amerikanski boi e prilicno surov, so mnogu turbulentni dvizenja, potpomognat od dvopartiskiot sistem, jas bi rekol monopartiski sistem, so silna voena komponenta, ne e cudno sto se nasol vo ovaa situacija.Ogromnite trosoci za drzavnite sluzbi, vojskata i vojnite sirum svetot go napravija svoeto.Pokraj toa postoi rascekor pomegju produktivnosta i standardot.Cenata sekako ce ja plati obicniot amerikanskji gragjanin, a dobar del od svetot, kako imatel na amerikanskite bondovi i US dolarite bez pokritie.Posledicite ce biudat dolgotrajni, ne e ista situacija kako po 1933 koga dojde II Sv. Vojna od koja SAD izlegoa najgolem profiter.Denes Svetot e mnogu poinakov gospodine Makedonec vo SAD.
Од: nasinec od usa
Датум: 08.08.2011 09:44:43
Zosto rabotite odat nadolu vo USA?? Za ilustracija ce vi dadam eden podatok.Egzekutivnite sefovi i menaderi takanarecenite CEO imaat prosecna mesecna plata od 3do 5 milioni mesecno ili 30do 50 milioni dolari godisno , Sto da rece rabotnikot i pripadnikot na "srednata" klasa so 30 do 80 iljadi dolari godisno??Slikata e sledna: Ednomesecnata zarabotuvacka na povisokite menaderi e ednakva na 20 godisnata zarabotuvacka na rabotnikiot/!! I sto ocekuvate ?? Normalno e da trgnat rabotite nadolu bidejki se raboti za hiperkriza na drustvenite
Од: Коста Стоименовски
Датум: 08.08.2011 10:33:20
По одлуката на САД (Никсон) за укинување на заменливоста на доларите за злато од 1971 год. Американците можат да печатат долари без покритие и да трошат повеќе од она што го произведуваат. На таа основа се создадоа тн. економски тигри во ЈИ Азија. Во 80-тите години од минатиот век, Јапонија беше прв ваков „тигар“, кој почна да ја загрозува позицијата на САД. Американците бараа од Јапонија да го ревалвира јенот и да ја зголеми домашната потрошувачка и на тој начин „тигрот“ беше скротен. Подоцна се појавија нови тигри во регионот на ЈИА: Ј. Кореја, Малезија, Сингапур... а во последно време и Кина. Проблемот со американскиот долг спрема Кина може да се реши со намалување на извозот на кинеска стока во САД или со намалување на увозот на кинеска стока од страна на САД, меѓутоа, ниедна од двете страни не се заинтереси��ани за вакви решенија! Американците се мошне вешти во монетарната политика, така што, барем за догледно време, ќе успеат да го одржат доларот како главна ветска резервна валу
Од: EndGame
Датум: 08.08.2011 14:18:32
Vaka bilo tak bilo, se ova e rezultat na PEAK OIL ottuka doagja peak credit pa zatoa se nema pari ednostavno Rastezhot e povekje nevozmozhen za svetot vo globala .

Најди! во Утрински
Свет
Ден Д за економијата на САД
Кина му одржа лекција на Вашингтон
Северна Кореја - земја што живее во минатото
Лондон во пламен
Војници на сомалиската влада

"""