|
|
|
|
|
|
Мислења
Војна против опозицијата
Ивор Мицковски
Околу што треба да се обединиме - врз владиното уништување на демократијата, на правната држава, на слободата и напредокот
Еднаш напишав дека постои папочна врска помеѓу најавторитативниот десничар во ЕУ, унгарскиот премиер Виктор Орбан и најавторитативниот десничар надвор од ЕУ, премиерот Никола Груевски. Овие двајца едноставно се разбираат �� си споделуваат идеи.
Начинот на кој Орбан се соочи со медиумите и како ги припитоми, на пример, беше еден вид оправдување и мотив за Груевски да отиде чекор понатаму. Сега, изгледа, Груевски му дал идеја на Орбан како да се соочува со своите политички противници и претходници. Виктор Орбан е решен ретроактивно да ги тужи своите политички противници и претходници за зголемената задолженост на земјата во периодот помеѓу 2002 – 2010 година.
Оваа идеја мора да му е дојдена од Груевски и од неговиот политички реваншизам и ревизионизам. Сите добро знаеме колку нашиот премиер го изгради својот рејтинг врз основа на постојано обвинување на опозицијата за минатото, за транзицијата, за наводните загрозувања и предавства на македонските интереси. Нормално, Груевски не застана тука, тој се' уште не ги апси наводните виновници од минатото, затоа што сака прво да заврши со наводните виновници за сегашноста, за потоа да се врати два чекори назад.
Македонија доживеа неверојатно интензивен, би рекол пеколен месец. Старо-новата влада не остави никаква мистерија околу своето идно дејствување. Се' ќе биде како и во минатото, само овојпат пожестоко ќе се реализира смислената стратегија за уништување на противниците. Прославата на владината победа кулминираше со убиство на млад човек, нешто за што власта одби каква било одговорност. Еден ден по победата, спектакуларно беше уапсен лидер на опозициска партија, со што власта испрати јасна порака и демонстрација на моќ. Откако власта направи политички дилови околу знамињата и јазиците, откако помилува злосторства врз Македонците од кои им се превртуваат цревата и на тврдокорните вмровци, следуваше интензивирање на авторитаризмот. А1 се затвори по брза постапка, со крајно сомнителна процедура, преку одлука на партизираната Агенција за електронски комуникации. Советот за радиодифузија целосно беше ставен под капата на ВМРО-ДПМНЕ, со што дефинитивно се санкционираше упадот на власта во последното независно регулаторно тело. Следуваше и паралелен лов на вештерки, зачинет со невидена ароганција и истурање на гневот врз член на опозицијата, поранешен коалиционен партнер на власта.
Додека премиерот пали свеќи неговите инквизитори горат вештерки. Нападот врз Владимир Милчин и перверзното прогласување за кодош, е уште еден доказ дека нааканата власт е длабоко зацапана во реализацијата на својот план за финална пресметка со политичките противници и неистомисленици. И додека сме тука, еве еден мал и актуелен пример како тоа се прави и кон опозицијата. Има ли поголема иронија за правната држава од тоа владејачката партија да не може да најде покритие за сопствената дупка од 3.5 милиони евра во предизборната кампања, а во исто време, преку партиската антикорупциска комисија да лови вештерки кај опозицијата.
Конечно, по еден ваков динамичен месец, мислам дека е дојден моментот Груевски да се соочи со политички противници од опозицијата и да ги осуди за минатите гревови. Бидејќи синергијата помеѓу двајцата најавторитативни политичари, Виктор и Никола, е научно докажана, сега останува да видиме како Груевски ќе го изведе тоа. Нормално, тој не може да ги суди политичките противници за преголемо задолжување, затоа што во тој случај би требало самиот себеси да си пресуди по брза постапка, но сигурен сум дека некое историско и национално злодело ќе се пронајде. Всушност, колку само пати сме чуле за што се' од минатото е виновна опозицијата. Од името до знамето, преку приватизациите, неразјаснетите убиства и атентати, пропуштените можности за влез во ЕУ, црвените буржоазии, тепањето граѓани... Нашиот премиер има премногу опции за бирање.
Имајќи предвид како функционира судството во Македонија, колку лесно и во колку наврати се кршат правните постапки, во нашата земја не е никаков проблем некој бесправно да се обвини, а уште помалку и да се осуди. Единствен проблем во целиот процес би бил во фактот што самата опозиција му предложи на премиерот да се донесе амандман на Уставот и да се отвори ретроактивна постапка за приватизацијата, по што тој самиот ја свитка опашката. Но, тоа не значи дека Груевски можеби нема да се обиде ретроактивно да суди за некое друго ефемерно, идеолошко или наводно национално предавство од минатото кое по правило им го препишува на политичките противници.
По последната серија на обединувачки говори од страна на премиерот и на неговите марионети, мислам дека треба да ја разбереме потајната порака. Мене, искрено, лагата повеќе не ме загрижува, тоа ш��о ме плаши е како замислуваат да се стигне до таа нивна идеја за обединета и просперитетна Македонија. Кога некој оди толку многу против фактичката реалност, тој всушност не лаже, туку само ни порачува за што треба да се подготвиме. Македонија е поделена како никогаш порано, пола-пола, но очигледно едната половина мора да престане да постои во корист на другата и така да добиеме една нова целина.
Тоа значи дека Груевски ќе продолжи и ќе го забрза својот легалистички пуч. Кој друг е на метата, што друго остана да се расклопи во оваа држава освен опозицијата. Кога веќе претставничката демократија е доведена до карикатура, Груевски ќе продолжи со инсталирање на неговата директна демократија. Кога веќе непријателите не може да се елиминираат, ќе се продолжи со стратегијата на оцрнување и на замолчување, па дури и на апсење. Мислам дека само тоа му остана на Груевски.
Неговата идеја за обединување на Македонија за мене значи отсуство на опозиција или во најмала рака прогласување и третирање на опозицијата како терористичка организација. Бидејќи, јас не познавам една здрава индивидуа или здрава опозиција која би прифатила обединување врз основа на која било од политиките на власта! Прашањето е околу што да се обединиме, врз владиното систематско уништување на демократијата, на правната држава, на слободата и напредокот? Затоа отворено се наметнува прашањето, дали следната цел на власта е укинување на опозицијата? Како тоа ќе се одвива, никој не може да каже. Тоа што знаеме е дека ќе биде примитивно и ниско, ќе биде арогантно, срамно и тажно.
Во едно демократско и просперитетно општество, како што Груевски сака да ја опишува Македонија, не е работа на опозицијата да се спасува самата себеси. Во нашиот случај и во еден подолг период, опозицијата ја доби задачата или самата си ја зададе, да ја спасува македонската демократија. Сега, опозицијата ќе мора да се „спасува“, да се ослободи од една валкана војна во која противникот не бира средства. Актуелната состојба и тоа што полека но сигурно ни се навестува, говори за една нова регресија во македонската демократија и едно ново мачно поглавје во нашата историја.
Но, тоа мора да издржи. Огромна е иронијата која произлегува од идеите на нашиот авторитарен премиер. Тоа што Груевски не го разбира е дека поради се' претходно и поради ова ново поглавје поминати се сите прагови на толеранција и дека на тој начин тој си обезбедува сигурна кандидатура за еден мега правен процес во иднина. Груевски не го разбира тоа, не сфаќа дека само постојано си го зголемува и онака дебелото досие. Тој едноставно мисли дека е вечен. Каква заблуда!
(Авторот е аналитичар) |
#
|
Статијата е прочитана 2097 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: jovan |
Датум: 08.08.2011 00:16:34 |
|
"Виктор Орбан е решен ретроактивно да ги тужи своите политички противници и претходници за зголемената задолженост на земјата" A kogo ke tuzi ovoj nasiov? Samiot sebe si? Viktor Orban ne e omilen poradfi toa sto im "objavi vojna" na domasnite oligarsi koj se izvrsiteli na Evropskite i svetskite bankarski mafijasi od MMF, koj javno kaza deka toa se mafijaski organizacii koj go pljackaat svetot.Posle takvi izjavi, "normalno" e "demokratskiot zapad" da go proglasi za fasista,komunista,diktator.... bilo sto, samo da go ocrni. Negledam ovde deka nekoj "objavil vojna" na nasive oligarsi. Site tie se sega "VMROvci". Slicnosta pomegu Orban i Gruevski kako da e ista, ama ne e ista. |
|
|
|
|
|
|
Од: Alex |
Датум: 08.08.2011 06:21:54 |
|
Ivore ke bidam mnogu kratok i jasen.Tekstov ti e na mesto,megjutoa i da zaminat ovie segasnive od vlast-koj ke gi nasledi???Od drveno vo kameno doba! |
|
|
|
|
|
|
Од: Александар М. |
Датум: 08.08.2011 08:20:57 |
|
Еј татино колумнистче. Секој "умен" човек како тебе, треба да знае околу што треба да се обединиме. Околу твојот идол БЦ, околу баграта што ја водеше и уништи А1 телевизија, околу шпијуните и предавниците на Милчин. Да редам уште или нема потреба? |
|
|
|
|
|
|
Од: mima |
Датум: 08.08.2011 08:32:41 |
|
Do koga nie graganite ke gi trpime bolnite ambicii i kompleksi na nekoj sto doaga na vlast.Zar malku pretrpevme vo ovie dvaeset godini,so vojni so embarga so siromastija i presmetki pomegu partii i toa makedonski.Zosto ne se odi napred??? Najverojatno vladata i neznae kako da ja zajakne ekonomijata ,pa se zanimava so hajki po opozicija,po starite vmrov-ci(onie koj go vnesoa vo partijata i koja go napravija covek),i po site onie sto ke se drznat da kazat nesto protiv nego i bliskite.Samo ,zivotot e edno trkalo koe se vrti....... |
|
|
|
|
|
|
Од: ванчо |
Датум: 08.08.2011 08:37:30 |
|
Каков заклучок да донесе човек после прочитувањето на овој текст единствено само дека е блокирал паметот а се активирала злобата.
Кога човек ќе направи една глупост и не се засрами и почне да ја повторува тој самиот со глупоста си се гордее. |
|
|
|
|
|
|
Од: Mitre od dolnodupeni |
Датум: 08.08.2011 09:03:57 |
|
Дали е потребен коментар.? Текстот се кажува за тоталитаризмот ...море диктатурата во која сме навлезени...Режимот ќе го уништи и народот и државата...Полошо, здравје...апокалипса денес...тоа е Пајо Паторот со Фамилијата... |
|
|
|
|
|
|
Од: sds 315 ohrid |
Датум: 08.08.2011 09:05:19 |
|
Ubavo pisuvas, no ako biras(zmija ili Magare) kako bi odgovoril? Koj ke ne vodi? onie (krvocicachi) ? I ona malce sto ostana, da go do cicat?da se vratat na vlast? Ne niv dosta im beshe... |
|
|
|
|
|
|
Од: Do Aleksandar M. |
Датум: 08.08.2011 09:29:16 |
|
Vie gospodine M. si znaete okolu kogo da se obedinivte - okolu minerite od motelot Brioni. |
|
|
|
|
|
|
Од: Миле - Охрид |
Датум: 08.08.2011 09:31:50 |
|
Навистина ни е потребно обединување околу вредности на 21-от век. Личните и коликтивни човекови права и слободи, преточени во меѓународното право, треба да ни бидат темелните вредности кои ќе ги следиме на патот кон освојување на демократијата. Достигнување на принципите и стандардите кои владеат во функционалните демократии треба да ни бидат цел. Критериуми за оцена на придонесот на секој поединец на овој пат ќе биде нивниот однос кон овие елементи тие ќе ни бидат споредбени мерила. На тој пат мораме да ги разобличиме деструктивните елементи и да ги поразиме (низ демократскиот систем, на избори, како што тоа го чини македонскиот народ во континуитет во последниов период). Треба да ги отфрлиме сите оние кои ги подржуваат шовинистичките уцени на странските пропаганди во Македонија и се обидуваат (или веќе успеале во тоа) во демократскиот систем на државава да вметнат фалични елементи кои не постојат во ниту една функционална демократија и ја дестабилизираат државата до уништување. |
|
|
|
|
|
|
Од: mile |
Датум: 08.08.2011 09:36:37 |
|
vlasta se presmetuva so opozicijata nasekade,eve vo kratovo vo poslednite nekolku nedeli se pretepani nekolku lugje od opozicijata i toa od strana na serifite na dpmne,i policijata nisto ne prezemuva duri i gi stiti tepacite na dpmne so lazni izjavi i lazni svedostva gi menuva policijata zapisnicite(barem taka se zboruva),neznam kako ke se stavi i resi ova anarhija i diktatura vo makedonija? |
|
|
|
|
|
|
Од: Graganin |
Датум: 08.08.2011 09:40:45 |
|
Kolumnisce malecko, tolku ti e goelma omrazata kon vmro-dpmne sto te jade sekojdnevno prosto nemozes da smislis kako ovie vrmovista dojdoa na vlast aj sto dojdoa pa i narodot gi glasa 6 pati po red, a da se zamislis mozebi nesto ne e vo red so tebe i tvoite sfakanja, Makedonija odi napred narodot go toa spoznava i zatoa go glasa Nikola Gruevski , za tvoja zal ke si cmaes vo taa zabokrecina vo koja zivees smrdliva bara, narodot poveke ne ve prifaka vas. Zbogum kolumnisce |
|
|
|
|
|
|
Од: Mark |
Датум: 08.08.2011 10:46:56 |
|
Do site dobronamerni patrioti sto si ja sakaat Makedonija-NE NI TREBA OPOZICIJA, NIKOLA NAS ANTICKI SI GO SAKAME, STO GODINI DA NE VODI!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Gargamel |
Датум: 08.08.2011 11:25:16 |
|
Pa ima temi eden kup no bolni od site strani za makedonskiot narod i negovata idnina.Ama takov nared,takva država,takvi birači,takva sudbina.Ne sme ni London,ni Atina.Makedonče sme,čija navednata glava sabja ne ja seče.I šo beše ova so kodošite?Vo stranstvo,eve na primer Engleska go ima 007,da ne pravam muabet za drugite.Nie gi "ofirame",špijunite gi vikame kodoši,mesto da gi puštime da si ja vršat rabotata,ja Vlade može da bide 005,onoj ustavniot 0013,Ugrin odgovara za 0010.Konspiracija,dozvola za ubivanje,nekoja "lepa" kodoška i ja ti megjunarodna ekipa,ali treba tajna,ne vaka gi ofiraat.I ke videvte dali Grcija ke "zucneše".I Ahil ke go dadea.A so Fijat,greška.Obrati se do Berluskoni,se ke dade za Fijat,pa i fabriče.Vo sklop so Kosmos i Vasionata.Ama vlada i "bratučedi" so invencija treba,ne maalska banda i "tetki-metki"Neli?Vlade,martini so maslinka,nagant u pojas,dve plavi,tri crni,ako može i Šeherzad,u pozadina "Fijat"taze poliran,a?Belosvetski. |
|
|
|
|
|
|
Од: Rezzilov |
Датум: 08.08.2011 12:00:21 |
|
Како ли живее овој човек со толку омраза во себе?И кој му дал право да суди дека тој разбира се’,а некој не разбира дека некои му прават досие? |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 08.08.2011 12:36:15 |
|
Пастирот не мора да биде многу умен за исполнување на своите замислени цели.Доволно е помошниците да му бидат послушни и со стадото да може да раководи како што сака тој.Тој одлучува како ке го подели стадото.Кои овци ке му останат а кои ке ги спрема за кланица.Ако начиот Пастир кој поради големиот рејтинг уште ја има и титулата мистер мр Рејтинг ако каже дека земјата е рамна плоча,неговите помошници овчари тоа ке го потврдат.Нешто ми е чудно што веке помина повеќе од 1 месец после изборите и 2 недели од изборот на главниот пастир а од ниедна агенција нема нарачано за да се провери Рејтингот на пастирот.Тој е уплашен ,како ке му верува народот по толку лажни повици дека стадото му го нападнале волци. |
|
|
|
|
|
|
Од: od komicno se prefrlivme na tragicno |
Датум: 08.08.2011 12:48:09 |
|
sekoja cest za tekstov a vmrOVCITE sto komentiraat kako i sekogas taka i denes gledam tolku im se mali mozocinjata sto osven nekolku navredi za avtorot ne znaat nisto drugo nikade od nikoj ne mozes da vidis nekoe konstruktivno mislenje sto moze da go pobie ona sto go pisal avtorot tuku onaka so plukanje dodusa toa od grujo go naucija sepak imaa dobar ucitel |
|
|
|
|
|
|
Од: aleksandar |
Датум: 08.08.2011 12:49:21 |
|
gi citam komentarive i mi se gadi.Nemalo i ke nema kriticka javnost vo ovaa prokleto parce zemja.se se sveduva na edna amorfna i nestabilna masa koja luta vo prostorot nosena od vetristata na tn demokratija |
|
|
|
|
|
|
Од: verag |
Датум: 08.08.2011 12:53:45 |
|
Граѓанину, народот 6 пати гласаше за ДПМНЕ и го донњсе на лааст, бидејѓи сељаничишта гласаат за него, а тие се најмногубројни. Ним им одговара авторитарна власт- не знам дали читателите се сеќаваат за Љупчо од Битола, типичен ДПМНЕ-овец, кој почна да го фали Хитлер/ |
|
|
|
|
|
|
Од: seirdzija |
Датум: 08.08.2011 13:00:04 |
|
Ivore,treba da znaes deka zivees u drzava sto ima cesni segasni i idni magacionercinja koi placaat danok,zatoa i ke citas vakvi komentari.E sega tvoj problem e sto ne si sednal u JSP Skopje avtobus za Pelince,em besplaten,plus sendvic i sokce,a i podobro ke si go razbral govorot za obedinuvanje na glumecot(statista).Mora da priznaes deka u celata svoja glupa pojava toj sepak izgleda naivno kako i u klipceto koga mlati vozduh so zamislen protivnik...i taka se nego go klevetat...a kolku se samo naivni sledbenicite....heheheh odejki po ovnot i cekajki nesto da padne.....hihihihihi |
|
|
|
|
|
|
Од: kiril |
Датум: 08.08.2011 13:19:03 |
|
dobro napisano brat,ostaj gi ovie sto tresat ... toa im e rabota. |
|
|
|
|
|
|
Од: Alek® |
Датум: 08.08.2011 14:11:24 |
|
Големо браво за текстов и видувањата оти се токму такви, не се нималку претерани. Решение мора да се бара за да не го бараат некои по нас откако Груевски (и батко му Мијалков) и физички ќе успеат да го замолкнат секој и најмал глас на разумот. |
|
|
|
|
|
|
Од: Biljana |
Датум: 08.08.2011 14:26:57 |
|
JOVAN, taka e. Vo pravo si. |
|
|
|
|
|
|
Од: читател |
Датум: 08.08.2011 16:16:01 |
|
Од штетата што ја прави Груевски ќе и треба многу долго време на Македонија за да се опорави. |
|
|
|
|
|
|
|
|