Број 3449  сабота, 04 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Мислења

Мислења

Влатко, what’s wrong with you?

Филип Петровски

Дали, конечно, е покажана целта да не одиме во ЕУ? Го менуваме ли нашиот стратегиски концепт - граѓаните имаат право да знаат

Минатата недела беше полна со случувања од голем интензитет, кои ја тресеа политичката сцена. Не е можно се' да се покрие и искоментира и затоа бев принуден да се определам да пишувам само за два настана, кои сметам на сите ви оставиле впечаток и за нив сте промислувале и постфестум, во најмала мера, сте се чуделе.

Прво, нема човек што не знае за таканаречениот упад на полицијата во А1. Јас кога вклучив вести (минатиот четврток), се зашеметив. Гледам, полиција пред телевизијата. А во вестите (дез)информација дека телевизијата е блокирана и никој не може да влезе и излезе. Нормално дека се намрштив и се згрчив. Никогаш нема да се согласам со насилно и недемократско владеење. Не е тоа мој ментален склоп. Секогаш кога ќе видам неоправдана демонстрација на сила од власта, го кревам гласот. Кој и да е во прашање. Од минута во минута ситуацијата стануваше се' подраматична. По вестите, се продолжи со програма во живо. Набргу почнаа да пристигнуваат незадоволни граѓани, кои ја поддржуваат телевизијата од сите страни. Иако се протури информацијата дека приодот кон телевизијата е блокиран, сепак, се виде дека неколку стотици граѓани се присутни пред портите на А1. Верувам дека адреналинот нагло скокна на сите страни. Судејќи според однесувањето на новинарите во студиото, нивниот адреналин беше ептен висок. Зафати еуфорија. Тука нешто почна да ми станува чудно. Во прв ред се истопорија високи функционери на СДСМ. Дури видов и градоначалници од други градови. Си велам, овие биле ептен демократи штом ги виделе првите 15 секунди од информациите веднаш „спонтано“ седнале в кола и тргнале за Скопје.

Наскоро почна отворената програма во која се наредија првенците на СДСМ, но и на нивната коалиција. Со чудесна организираност тие си седнуваа, рецитираа за режимот на Чаушески, за Северна Кореја, за тоталираризмот и слично. Се' е тоа во ред. Има силни елементи што велат дека споредбите се на место. Впрочем, за тоа сум пишувал повеќе пати. Меѓутоа, наредените опозиционери, како по нота си рецитираа. И тоа во студио што беше блокирано и во кое немаше пристап. Некаде во тоа време, добив сугестија и јас да се јавам со поддршка. Дека сите опозиционери биле таму и требало да се фати возот. Но, јас се' повеќе се сомневав дека работата е таква каква што се прикажува. Мислам дека по снимката на новинарката, која им се џитка на полицајците в раце, ми стана дефинитивно јасно дека за вистината ќе треба да почекаме и да споредиме информации од повеќе извори. Да видиме дали полицијата туку така, напразно ја блокирала телевизијата или, пак, има уште нешто во целата ситуација за што не сме известени.

И така и бидна. Интензитетот на настанот ја принуди власта преку телевизиите што и' се блиски да одговори. Се разбира дека во прашање беше само еден интерес, да се спречи поголемо нанесување штета на рејтингот. Тие мораа да парираат. Да ја повлечат својата тешка артилерија. Па, затоа го викнаа Латас дури од вечера со Цеца, на што тој со резигнација реагираше. Ама мораше, пропаганда си е пропаганда. Ќе се види со Цеца кога сака. Имаат блискост. Плус таа до Нова година може да одржи уште некој концерт... Елем, иако и од таа страна беше пропагандистички одговорено, сепак ,успеавме да дојдеме до многу значајна информација дека не била полицијата сама во А1, туку дека многу порано дента, во тамошниот објект влегле инспекции. Тие имале намера да извршат проверки, контроли. По закон де, се' што им е на располагање. Намерата им била спречена на каубојски начин. Не им давале документи. Нешто слично како и во 2006 кога премиер беше Бучковски. Верувам, го видовте Велија како ја тегне инспекторката за чанта. Тоа на Запад нема да го преживее ниту Доналд Трамп. Тоа е како да сте ја повлекле за рамо цела држава. Тоа не си го дозволува ниту најбогатиот ниту најмоќниот поединец. Сепак, тука може така. Па, дури и да си купите четиригодишен мир. Одозгора на се', и да ви плаќа Владата и владејачката партија милиони наши евра само за да не се свртите против. Бог да чува!

��о околу три часа, ситуацијата стана комична. Најмногу кога се појавија Левите сили и оној пионерот што имаше в рака тенџере по кое чукаше во кутлача. Си ја превртев мислата. Си реков, ајде да си замислам дека од утре се на власт. Ете, успеваат со идејата да ја урнат оваа гарнитура и седнуваат во парламентот и во владата. Како бре тој со тенџерето ќе владее? Што ќе направи тој за ние да живееме подобро во државата? Не е ни битно во краен случај, затоа што веќе се' се претвори во циркус.

Деновиве еуфоријата спласна. Велија се повлекува. Парите што ги пронајдоа, за кои тврдеше дека му ги дале од ДПМНЕ на црно, не биле дадени на црно. Тоа го кажал во еуфорија. Призна. Исто така и новинарите, на кои беше горд оти „знаел дека ќе ја извршат задачата“ - исто така биле во еуфорија. Само едно прашање ќе поставам: ако погинеше некој граѓанин или полицаец таа вечер, ќе можеше ли да се извинува како ништо да не било? Што е ова - забавна емисија, сам свој мајстор, идол? Реално шоу без последици? Ах, кога ќе сфатите дека од оваа несериозност и произведување циркуси страда државата и целиот народ?

Второ, Влатко Ѓорчев и неговиот настап во Брисел. Го гледам човекот и не можам да верувам што зборува. Се разбира, владините телевизии не го пренесоа. Се обидоа да го покријат мега мега скандалот. Мислам А1 го пренесе. Нагласувам дека го слушав него што зборува, а не информација пренесена од новинарот. Го слушав неговиот лакејски англиски. Нападот што го прави врз Фуере дома, а сега и во седиштето на ЕУ не може да биде во никој случај добар за нас. Ниту продуктивен. Ниту ќе ни донесе поени. Да не зборувам да не доближи до нашата стратегиска цел да бидеме дел од тоа семејство. Тогаш, што му е намерата на човекот? Ако е ова само негова идеја, тогаш Груевски ќе се огради. Со тоа на некој начин ќе ја намали штетата за него самиот, а најмногу за Македонија. Тоа, гледам, не се случи. Значи, се чини на Влатко му е издиктирано да го предизвика инцидентот. Во име на партискиот интерес Фуере да се прикаже за пријател на СДСМ директно пред Брисел. Се смеам. Па, дали веруваат дека оттаму ќе добиеме одговор дека Фуере не е претставник на интересите на ЕУ. Дури и да не им се допаѓа неговата работа на неговите шефови, тие никогаш нема да се откажат од него. Побогу, има протоколи во дипломатијата и се знае што се зборува, а што не.

Дали, конечно, е покажана целта да не одиме во ЕУ? Го менуваме ли нашиот стратегиски концепт? Граѓаните имаат право да знаат, оти во наше име се прават сите овие испади. Ние ќе го јадеме стапот најмногу. И тоа со години во иднина, да не речам со децении. Ова го тврдам. Исечете го овој текст и ставете го во фиока. Па, прочитајте го пак во 2015. Или, пак, јас ќе ве потсетам повторно на него тогаш. Ќе видите дека ќе се ��ртиме в место. А вртењето в место е враќање назад. Нели ви е доста од тоа?

(Авторот е доктор по политички науки)

http://www.filippetrovski.com


#
Статијата е прочитана 4103 пати.

Испрати коментар

Од: someone
Датум: 04.12.2010 12:14:44
People of FYROM, what's wrong with all of you? :)
Од: Evropeec
Датум: 04.12.2010 12:18:09
Da zivee Latas da zivee Singo, batali Evropa. Da se vovede zadolzitelno gledanje vesti na Sitel. Kratovo za glaven grad. Da se donese Zakon za zastita na deloto i likot na gospodinot-drugar Singo.Ceca da se proglasi za pocesen graganin, Milosevic da se rehabilitira.Site neistomislenici da se obelezat so zolta lenta. Ova se merki koj hitno treba da se vovedat, inaku ima opasnost da vlezeme vo Evropa.
Од: Odgovor!
Датум: 04.12.2010 12:27:13
Everything is a mess!!!!!!!!!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 04.12.2010 12:34:14
Тоа како сте го оцениле ,,упадот,, во независната опозициона тв куќа е ваше мислење со кое еве прв пат признавам се согласувам и да не елаборирам понатака.Можеби вашиот експартиски цимер од ��аторот нее соодветен за таков настап,но европеецот со своето еднонасочно однесување иритира многу.Молчи за рушење Охридски договор,молчи за повик на бојкот за идниот попис,молчи кога врв на верска заедница благословува кантонизација на нашата земја и др.
Од: забеган.
Датум: 04.12.2010 13:18:37
Европец уште нешто испушти.Дасе воведе нова валута ,,Зинго-бон,,За Гувернер Латас,за заменик Миленко-Неделканиот,а за Мирка ај нека и дадат пензија греота е ја малтретират со нарачки.А на Јанко брашно тип 500 посладок да муе бурекот и на гостите кои ги гости.
Од: Goran
Датум: 04.12.2010 13:25:28
ke bide i drugo vreme....................
Од: JAS
Датум: 04.12.2010 14:02:34
Znaete koga nekoj vo kontinuitet ve pravi budala (ovde mislam na g-dinot Fuere) i najmirnata dusa stanuva prkosna.Ako EU e tolku doblesna i dobronamerna nemase da dozvoli ovoj nafatiran birokrat da ne ponizuva na sekoj cekor.Ako nekoj ovoj narod im go pretstavil kako naiven i lesno podvodliv tuka gadno se zeznale.Procenkata im e totalna utka a za toa ne sme im krivi nie.I za kraj bidejki cesto gi sledam hrvatskite mediumi se prasuvam kade e nivniot Fuere,pa neli i tie se pred vratite na EU.Znam deka nekoj ke rece deka tamu nema potreba od korektor bidejki se tie poodgovoren narod,a jas so toa nema da se slozam bidejki ne se.Na pr. vo Istra odnosite megu Hrvatite i Italijanite se na granica na incidenti, arno ama za Evropa,Hrvatska e drzava a Makedonija e za zal samo teritorija koja doprva treba da se definira sto ke bide ponatamu
Од: kiril
Датум: 04.12.2010 14:03:38
Ispadot na nesozreaniot Gorcev e samo dokaz deka nedokvakanoto opstestvo nema lesno da se protne vo skutot na Zapadna Evropa. Objasnuvanja ke ima od sekakvi mudreci, no nastraniot i samobendisan partiski vojnik napravi salmo steta. Abe kako ne mu e sram da se pravi pameten mangup na neadekvatno mesto?. Ne bi bilo loso da mu se najde mesto nekade zad vrata ili vo nekoja selskae mesna zaednica da gi uci selanite sto e PRAVO. . Beda nasekade
Од: Silvester, Sidnej
Датум: 04.12.2010 14:19:38
Ovde Felix potpolno e vo pravo.
Од: Felicita
Датум: 04.12.2010 14:26:23
Srele,i drug molci za istite raboti.Aj.pogodi od tripati koj!
Од: gimi
Датум: 04.12.2010 14:28:27
Komentarot na Fuere za slucuvanjata na *Pero Nakov* bb voopsto ne se razlikuvase od komentarot na Velija Ramkoski. Po nekolku dena Velija se izvini i kaza deka pevobitnata izjava ja dal vo afekt. E sega da vidime dali i Fuere ke se izvini za * Upadot na policijata vo A1* kako sto gi informirase negovite kolegi vo Brisel.
Од: cobe
Датум: 04.12.2010 15:33:09
Wrong is his conception..... nothing else......
Од: neutral
Датум: 04.12.2010 15:35:51
sega da te vikne Vlatce za konzul ke trcas gologlav i ura ke vikas. Ama ne te recka nikoj znacaen.
Од: Itar Pejo
Датум: 04.12.2010 15:42:24
Прво, во врска со „упадот„ во А1. Вие се фокусирате на тоа што се случило после доаѓањето на полицијата. Во една уште нездрава демократија како во Македонија, на луѓето уште не им е јасно дека медиумите, религијата и образовните институции во вистинкси демократски држави поседуваат привилегии што ги нема во други институции. Дали тоа така треба да биде или не е друго прашање. Али факт е дека така се прифатени работите во демократијата. Исто е факт дека една демократија не можи да обстане без овие привилегии на овие институции. За демократијата да обстане, потребно е интелектуалците во образовни институции да се изразат онака како што мислат без да бидат санкционарини од тие што ја поседуваат силата (полиција, итн.) да ги санкционираат. Исто и за новинарите. Значи, навистина треба да се размислкува долго и разумно пред да се постави некој униформиран полицаец во близина на вакви институции, камо ли да влезе внатре. Тука е огромната грешка на владата, а не се свесни дека направиле грешка
Од: Жарко,Ресен
Датум: 04.12.2010 15:52:45
Прво излезе Трајковски и кажа дека инспекторите биле држени во заточеништво.После ретериаа од тој став,па кажаа дека попречувањето на инспекторите не мора да биде само физичко,туку може да биде и во вид на пасивен отпор како на пр.управителката ја чекале 5 часа да дојде од фризер.Па затоа изгледа морале да ја донесат со цел одред полицајци!!!Не слушнавме дека имало некаков обид за попречување кој ќе го оправда толкавиот број на полицајци.И најважното и неодговорено прашање до сега е зошто новинарите на А1 не се пуштаа да си одат дома по завршување на работното време?Тука настана целата ситуација.Се друго е причинско-последичен однос.
Од: Afrika Afrika!
Датум: 04.12.2010 16:29:31
Vlatko ! Pa zarem se prasuvas , dali go menuvame kursot. Da , sekako> Posle znacajnata istoriska sredba za Makedonija so so poznatiot " demokratski" lider Robert Mugabe i razgovorite vo cetiri oci medju nego i Grujo, za Makedonija zapocna :" dijamantaskata" era vo nejziniot razvoj i istorija. Znaci nasiot kurs e prema Subafriuckite predeli kade vlade vistinski procut i vistinska demokratija. Afrika, Afrika! toa e novata parola
Од: karokan "gambit"
Датум: 04.12.2010 17:30:55
Edno sosema obicno ( i lesno istovremeno) prasanje i za Felix i za gimi i za onoj od Sidnej: Koe go smetate za vazecko i so toa ispravno: 1.Nastapot na Gjorcev; ili 2.Nastapot na Spasenovski?????????????? Nivnite viduvanja za odnesuvanjeto i rabotenjeto nma g.dionot Fuere,se sosema razlicni,odnosno dijametralno sprotivni???????????????????? Daj opredelete se!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: sime
Датум: 04.12.2010 17:32:39
Jas veruvam vo evolucija,taka gi tolkuvam site gafovi na politicari i vidni licnosti,a gubitnici sme site(narodot).Se slozuvam so konstataciite na Filip.
Од: Baci
Датум: 04.12.2010 19:57:02
Abe, buga ti, ja sum so osmo odelenie, ke mi objasni li nekoj koga ke staneme clen na evropska unija ke ima rabota za site vo makedonija, najniska plata ce bide 1000 evra i op natalitetot konecno ce ni porasne? Samo, buga ti, nemoj da me lazes, ne sum tolku mnogu glup
Од: verag
Датум: 04.12.2010 20:24:15
Не јаразбирам дилемата- дали полицијата напразно ја блокирала телевизијата- па нели според званичната верзија намало никаква блокада на ТВ �� 1 Сите од ДПМНЕ размислуваат по иста матрица. Не можат поинаку и тоа е.

Најди! во Утрински
Мислења
Avanti Dilettanti!
 


Macedonians do not trust EU policy towards their country
Hungarian journalists awarded for courageous reporting
Macedonia's secret surveillance society