Број 3449  сабота, 04 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Мислења

Мислења

Avanti Dilettanti!

Јошка Фишер

Европа нема недостиг од политичари. Сега се најпотребни вистински државници и државнички

Неодамна, враќајќи се во Европа по шестдневната посета на САД, првпат се зачудив додека ги читав весниците за најновата криза во Ирска дали еврото - и со тоа ЕУ - би можело да пропадне. Ова би можело да се случи, бидејќи на подолг рок ЕУ нема да биде во можност да ги издржи конфликтите на интереси и процесот на „ренационализација“. Од големината на ирската криза - главно криза на довербата во стабилноста на банките и силата и компетенцијата на политичкото раководство на Европа - европските лидери јавно се конфронтираа. Иако нивната изнесена цел беше да се спаси еврото, лидерите на инволвираните влади го направија токму спротивното, произведувајќи зголемена нервоза и нестабилност на финансиските пазари, што за возрват ги влоши проблемите на Ирска.

Германија даде свој придонес во влошувањето на кризата со покренување јавна дебата за инволвирање на банките во преземањето на загубите од 2013 па натаму. Зошто оваа дискусија мораше да се случи токму сега, среде ирската криза, останува тајна на канцеларката Ангела Меркел. Најверојатно е поттикната, главно, од домашните политички размислувања. Всушност, барањето за учество на банките е популарно во Германија - и оправдано - спротивно на ирскиот пакет за спасување. Меѓутоа, би било попродуктивно да се имплементира таква политика отколку да се најави две години однапред.

Каде и да погледнете, цената на Европа деновиве се пресметува во евра и центи, а не повеќе во политичка и историска валута. Особено Германија - најголемата земја во Европа и најсилната во економска смисла - изгледа стана жртва на историска амнезија. Идејата дека националниот интерес на Германија диктира избегнување на се' што ќе ја изолира земјата во Европа, и оттаму задачата е да се креира „европска Германија“ наместо „германска Европа“, изгледа е напуштена. Секако, лидерите на Германија се' уште се сметаат себеси за проевропски и ги отфрлаат таквите критики со индигнација. Меѓутоа, фундаментална промена на стратегијата во европската политика на Германија повеќе не може да биде превидена. Објективно, трендот е кон „германска Европа“, што никогаш нема да профункционира.

Пропаста на еврото - а со тоа на ЕУ и на нејзиниот заеднички пазар - ќе биде најголема паневропска катастрофа од 1945 година. Тоа дека овој исход е возможен - и покрај тврдењата за спротивното од сите инволвирани - покажува намерното незнаење и недостиг од имагинација кај европските шефови на држави и на влади. Во спротивно, тие би признале дека финансиската криза одамна стана политичка криза, која се заканува на самото егзистирање на ЕУ и, според тоа, дека траен механизам за надминување на кризата за членките погодени од долг, јасно, е потребен и бара перманентен механизам за решавање на политичката криза со цел да се успее.

Со статус квото би му било тешко на еврото да опстои. Овој перманентен механизам за политичка криза не е ништо друго туку добро функционална економска унија. Затоа алтернативите се - или продолжување напред со реална економска унија и натамошна ЕУ-интеграција - или назадување до зона на слободна трговија и ренационализација на Европа.

Верувањето дека стабилноста може да биде постигната со технократски правила, регулативи и механизми за санкционирање само во еврозоната чиишто економии се разликуваат, ќе се покаже дека е погрешно. Искрена стабилност на еврозоната подразбира макроекономско порамнување, што во замена, пак, бара политичка интеграција на доброфункционална економска унија. Колебливото порамнување на економските и социјалните политики (како што е законската возраст за пензионирање), новите избалансирани шеми (еврообврзници како трансфер инструменти) и ефективен механизам за стабилност се потребни за да се зачува заедничката валута.

Како ќе може овие далекусежни цели да бидат достигнати во еврозоната (заедно со земјите-членки на ЕУ кои не се во еврозоната, а кои сакаат да и' се приклучат)? Веројатно моментно треба да заборавиме на какви било промени на договорот. Меѓутоа, Шенгенскиот договор нуди алтернатива, имено, договори меѓу посебни држави. Укинувањето на граничната контрола воопшто не беше минорен детал, но, сепак, беше постигнато врз основа на меѓувладини договори. Зошто не и економска унија, исто така?

Она што сега и' е потребно на еврозоната не е повторување на Мастрихт, туку еден вид на Шмит/Жискар 2.0. Овој вид иницијатива ја бара поддршката од Германија и од Франција, бидејќи кризата не може да биде решена без нив. Со оглед на нивната економска и политичка сила, Германија и Франција се респективни лидери на северниот и јужниот дел на еврозоната. Значи, и двете би можеле да спонзорираат нужен компромис меѓу посилните и послабите земји во еврозоната. Улогата на Франција би била да осигура дека послабите земји нема да бидат жртви на долготрајна дефлација. Германија ќе треба да биде гарант на стабилноста. Но, двете земји мора заедно да инаугурираат чекор кон економска унија, што бара и двете влади да го сакаат тоа.

Меркел ќе треба да им ја објасни непријатната вистина на Германците дека цената за зачувување на еврото неизбежно е трансфер и економска унија, а францускиот претседател Никола Саркози мора да им ја објасни на Французите цената за реалната економска и унија на стабилност. Политичкиот ризик за двајцата нема да биде мал, но алтернативата - пропаста на еврото - е неприфатлива и за двете земји.

Секој политички лидер од еврозоната, чијашто примарна загриженост во моментов е реизборот, ќе се соочи со сигурен неуспех при соочувањето со овој историски предизвик. Но, европските приоритети треба да бидат примарен интерес во оваа криза - дури и по цена на губење на функцијата. Од друга страна, преземањето на оваа историска иницијатива во однос на малодушното тактичко маневрирање значително би ги зголемиле шансите на политичарите за реизбор подоцна. Но, Европа нема недостиг од политичари. Сега се најпотребни вистински државници и државнички.

(Авторот е поранешен германски министер за надворешни работи, вицеканцелар во периодот од 1998 до 2005 година и речиси 20 години беше лидер на Партијата на зелените, и пишува за „Проект синдикејт“. „Утрински весник“ е

дел до мрежата на „Проект синдикејт“)


#
Статијата е прочитана 1178 пати.

Испрати коментар

Од: UMD
Датум: 04.12.2010 17:44:30
Miloshoski e PREDAVNIK ! Namesto da raschistuva vo MSP za nelegalnata referenca BJRM, toj se moli na Grcite ! Sramota !!

Најди! во Утрински
Мислења
Влатко, what’s wrong with you?
 

Hungarian activists in line for a state shake up
EU reacts frostily to Serbia's Nobel boycott
Former Croatian Prime Minister flees from justice