Брoj 2730  понеделник, 07 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хороскоп

Дневен хороскоп



ОВЕН

Прекрасно е да имате некој кому му верувате, кому можете да му ги кажете своите тајни и некој за кого знаете дека секогаш ќе биде покрај вас. Но, и таа личност понекогаш има жолти минути, па обидете се да ја разберете како што таа ве разбира вас.



БИК

Ви се чини дека денешниов ден е идеален за патување, но грешите. Имате премногу работа и обврски и тоа би требало да биде ваш приоритет. Заборавете на забавата, завршете ја работата и чекајте некои подобри времиња. Направете си слика во главата.



БЛИЗНАЦИ

Уморни сте, без разлика дали сте работеле или не. Нивото на андреналин во последно време ви беше високо, па малку се испразнивте. Не планирајте ништо за вечерва. Минете тивка вечер со книга во рацете, а ако ви е досадно поканете некој пријател на гости.



РАК

Не фрлајте се во трошоци пред да направите финална пресметка. Доминира вашата желба за трошење, но оставете некој денар и за наредните денови. И тогаш би можеле да најдете нешто што ви се допаѓа. Ем ќе заштедите, ем ќе си имате по нешто ново речиси секој ден.



ЛАВ

Се уште сте во неповолен период, иако работите полека почнуваат да се средуваат на емотивен план. Иако околината и понатаму ви е непријателски настроена, нејзиното влијание врз вас ќе биде помало. Емоционалните проблеми ќе прераснат во деловни.



ДЕВИЦА

Во изминатиов период ја подобривте врската во која се наоѓате па сега имате мир. Полека ќе почнете да им се враќате на работите кои ги подзаборавивте, а ќе бидете во одлични односи со помлади луѓе. Ве очекува патување и комуникација со многу луѓе.



ТЕРЕЗИЈА

Немате причина за загриженост, но сепак, се чувствувате многу незадоволно, нервозно и несреќно, а за тоа е виновна Венера. Таа ви го одвлекува вниманието од работата, па љубовните маки стануваат се потешки. Обидете се да направите план и јасно да ги согледате вашите приоритети.



СКОРПИЈА

Секогаш е важно да играте според правилата, а тоа доаѓа посебно до израз денеска. Некој ќе ве потсети на тоа. Без разлика дали се работи за некој работен ангажман или обично преминување на улица, ќе сфатите дека правилата се многу важни.



СТРЕЛЕЦ

Мудроста на едно старо пријателство денеска многу ќе ви помогне. Заедно со пријателот ќе ги решите проблемите. Запомнете дека тимската работа е многу важна и е златно правило за вас. А што се однесува до љубовта, нема некои поголеми проблеми...



ЈАРЕЦ

Парите не ви се проблем, зарем не? Секогаш имате доволно, но денеска ќе почнете да размислувате како ги заработувате. Не грижете се колку ќе потрошите на саканата личност, зашто тоа е најмалку важно. Таа вреди многу повеќе и од најголемиот подарок на светот.



ВОДОЛИЈА

Денеска сте многу посилни и можете да постигнете се што ќе пос��кате. Животното искуство ви помага кога најмалку се надевате. Ќе имате многу можности зашто вие никако не успевате да излезете од магичниот круг на неволји.



РИБИ

Работите кои ги одложувате се повеќе се натрупуваат. Доколку побрзате можете да го фатите крајниот рок. Изгледа како да ви недостасува шарм и зрачење па мора да се потпрете на знаењето. Но, тоа не е тешка задача за вас. Чувајте го шармот за да освоите нечие срце.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ