Број 3326  среда, 07 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хороскоп

Хороскоп

ОВЕН

Задоволни сте со постигнатото, но исклучиво на деловен план. Кога се во прашање контактите со околината, проектирате сопствени незадоволства, се карате и донесувате непромислени одлуки. Некои Tерезии се во фаза на вљубеност. Терезиите моментално најмногу ви одговараат. Ниту Девица не е лошо решение.



БИК

Тимската работа носи голем успех. Можни се несогласувања со саканата личност, кои ве предизвикуваат да размислувате и за тоа да дигнете раце од се'. Бидете трпеливи зашто времето ќе покаже дали и во која мера сте еден за друг. Пожелно е деновиве да се свртите кон работата. Љубовта може да почека поповолен момент.



БЛИЗНАЦИ

Самоуверени сте во извесна ситуација, но се поставува прашањето дали и во колкава мера таа е безбедна. Ѕвездите ви се наклонети, а незадоволството минливо. Стрпете се некој ден зашто ќе бидете пред разновидни искушенија. Ништо страшно, под услов навреме да се осигурiте. Памет во глава!



РАК

Сакате да се откажете од работата во која долго сте вложувале и во која сте се надевале. Во фаза сте на прекинување на преговорите, разделби и повлекување. Ако се здружите со личност родена во знакот на Рак, ќе бидете во ситуација да си плачете на рамо еден на друг. Кога подобро ќе размислите, патувањето е единственото решение.



ЛАВ

Ситуацијата бара брзи одлуки и брзи рефлекси. Тоа може да ве доведе до губење на самоконтролата и разни возбудувања. Размислете дали ви работат сите домашни апарати за да ја спречите штетата во вид на поплава и пожар. Кон крајот на денот ќе бидете задоволни зашто успехот е неминовен и покрај изненадувањата.



ДЕВИЦА

Работата со која се занимавате и грижата за еден од родителите можат да ве оптоварат во толкава мера, да станете нервозни и кавгаџии. Бидејќи не можете да влијаете на околностите, направете краток одмор и свртете се кон оние на кои вашата помош им е неопходна за да им ги олесните маките.



ТЕРЕЗИЈА

Работата бара промена на начинот на работа или користење нови технолошки достигнувања. Бидејќи сакате пионерски потфати, овој факт го прифаќате со леснотија. Проблемот се создава кога треба да се соочите со сфаќања различни од вашите. Се карате и се нервирате. Бидете внимателни поради можност од повреди.



СКОРПИЈА

Благодарение на инвентивноста, ги решавате деловните проблеми. На деловен план функционирате релативно добро, што не може да се каже за односите со спротивниот пол. Тука тврдоглаво докажувате дека сте во право, зашто не умеете да бидете итри и тактични. Кога подобро ќе размислите, вие останувате со кратки ракави.



СТРЕЛЕЦ

Се наоѓате во преодна фаза. Свесни сте за фактот дека она што вам ви се случува не може долго да трае. Размислувајќи само за тоа, себеси си го расипувате задоволството. Пожелно е да се опуштите и да уживате не само во пријатните љубовни случувања, туку и во реализацијата на извесни уметнички идеи.



ЈАРЕЦ

Не чувствувате се најдобро, иако без видливи причини. Свртете се исклучиво кон себеси и кон сопственото здравје. Обидете се со мерки за превенција да го санирате проблемот. Пијте витамини и шетајте. Евидентно е дека се наоѓате пред важни животни промени што бараат приспособување.



ВОДОЛИЈА

Се наоѓате пред нови почетоци. За некои Водолии тие почетоци се добри, за некои не - во зависност од заслугите. Бидејќи своите идеи безобѕирно и' ги наметнувате на околината, дали сте се прашале колку ја нервира тоа? Можеби би требало да смените нешто кај себе? Најтешко е да се ослободиме од старите лоши навики.



РИБИ

Иако анализирате до детали се' околу себе, свесни сте дека ви е убаво, но живеете во страв, не знаејќи колку ќе трае тоа. Искористете го тоа што сите работи ги извршувате со леснотија, но не запоставувајте ги ниту емотивните потреби. Партнерот ќе биде изненаден од непристојниот предлог од ваша страна. Не се надевал на тоа.






#
Најди! во Утрински