Брoj 2783  среда, 10 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Просечна туристичка сезона во Охрид

Сопствениците на големите хотели незадоволни - помалите капацитети тријат раце

Симе Илиевски


ОХРИД - Годинашната главна туристичка сезона во Охрид беше на нивото на минатогодишната. Според слободни процени на туристичките работници, охридската ривиера досега ја посетиле околу 250.000 посетители кои оствариле над 1.200.000 ноќевања. Точната бројка на посетеноста прецизно не може да се утврди зашто најголемиот дел од приватното сместување, кое располага со 30.000 легла, не е регистрирано. Во локалната самоуправа прават напори за средување во овој сектор. Но, и покрај високите казни предвидени со Законот за угостителско-туристичка дејност, постапката оди бавно, бидејќи собите се издаваат само за 20 дена во шпицот на главната туристичка сезона.

„Не сме задоволни од туристичката жетва особено во делот на посетеноста на странските туристи и пополнетоста на поголемите хотелски капацитети. Една од основните причини за таквата состојба е скапиот авионски превоз што влијае на конкурентноста на аранжманите на домашните хотелиери и агенции“, смета градоначалникот Александар Петрески. Иако услугите за полетување и слетување на аеродромот „Св. апостол Павле“ се бесплатни, се' уште нема интерес за воведување поголем број чартер-летови. Тешко оди и со установувањето редовни летни авиолинии со европските градови.

Летово почетокот на шпицот на главната туристичка сезона доцнеше речиси три недели. Стартот беше на 20 јули но, за среќа, пропуштеното во јули делумно се надополни во август. За време на илинденскиот викенд се бараше кревет повеќе и се постигна максимална посетеност од над 35.000 гости дневно. По првиот голем туристички бран бројот на туристите се стабилизира на околу 20.000 дневно и така беше речиси до крајот на минатиот месец. Со зголемување на посетеноста во приватното сместување и во автокамповите, во текот на август значително се зголеми и искористеноста на големите хотелски капацитети.

„Цените на хотелските услуги, пијалаците и храната беа на ланското ниво. Но, поради откажувањето на договорените аранжмани од познатите причини, како што се влошувањето на односите со Грција во јули, не бевме целосно искористени“, заклучува Перо Кутановски, директор на хотелот „Гранит“. За него не се точни шпекулациите дека охридските хотели се поскапи во споредба со оние во соседните земји. Имено, во Охрид, нагласува тој, хотели со повисоки категории речиси двојно се поевтини споредено со други туристички дестинации.

За разлика од големите капацитети, новите и помали хотели тријат раце од оваа туристичка сезона. „Ние не чекаме да сме полни само во јули и август, туку работиме преку целата година. Процентот на искористеност на мојот хотел е околу 80 отсто во годината, што е невозможно за големите порано градени хотели“, вели сопственик на објект во центарот на Охрид. Тој нагласува дека цената е 60 евра за двокреветна соба со појадок. Тоа е значително поскапо од цените на големите хотели. Сепак, гостите доаѓаат тука оти им било поинтимно, собите биле поголеми и опремени по мерка на потребите на современиот човек.

Слична беше состојбата и со апартманското сместување. Тренд е во Охрид цели куќи во централното градско подрачје и крајбрежјето да се реновираат и да нудат апартмани. Летово цените за двокреветен апартман се движеа од 25 до 50 евра за ден и речиси сите понудени капацитети беа целосно искористени. Пополнети беа и оние со цена од 70 до 80 евра, зашто на гостите им нудеа посебни погодности што ги нема во хотелите и помалите апартмани. За разлика од минатото, ова лето сопствениците на апартмани наместо преку туристичките агенции ги нудеа преку добро средени и активни Интернет веб-страници.

Најевтино и најпосетено, сепак, беше приватното сместување со капацитет од околу 30.000 легла. Цените се движеа од 350 до 400 денари и , според слободни процени, капацитетите беа искористени речиси 20 дена.

„Летово издавав четири кревети во мојата семејна куќа. Ја скусивме нашата секојдневна комотност, но спечаливме пари за дрва и за зимница“, објаснува охриѓанец кого маката го натерала дел од домот да го претвори во хотел. Како и поголемиот дел станодавци признава дека работи на диво. „За малку пари ги трпам младите кои се прибираат в зори, пуштаат гласна музика и ми ја растураат куќата, а ние мораме да им се насмевнуваме и да глумиме добри домаќини“.

Централно место во охридската летна шема имаа младите од Македонија кои се забавуваа на уредените плажи што беа вистински летен хит. Таму две пијачки и лежалка чинеа околу 300 денари или колку едно ноќевање, но беа преполни. Младите велеа дека е супер зашто на одмор дошле да се забавуваат, да бидат видени и да видат познати лица.

Долгото топло лето во Охрид помина помалку хаотично и без стратегија кому и за колку му се продава туристичкиот производ. Беше тоа микс од доброплатежни гости од соседните земји, пред се' од Србија, кои не можеа да најдат слободно столче на кафе-терасите и од домашни гости кои со еден пијалак со часови кибицираа кој поминува низ чаршијата. Сликите беа доволна провокација локалната власт и хотелско-угостителскиот еснаф заедно да седнат и конечно да направат стратегија како понатаму ќе се развива Охрид, најголемиот туристички центар во Македонија

 


Статијата е прочитана 1173 пати.

Испрати коментар

Од: Mile
Датум: 10.09.2008 01:27:07
Nemalo Turisti. Turisti imase ama ohrid nemase kapacitet da gi smesti, i ugostitelite ne znaea kako da gi motiviraat gostite ( so usluzlivost )da potrossat povekje. Se dodeka gostinot treba pet pati da pobara voda i na kraj da ne ja dobie a sedi na plazata i plakja 1 nesscafe 90 denari, za koe go cekal kelnerot 20 minuti da se nakani da dojde i toa vo 10 sabajle koga na plazata se polni samo 5 masi. Zatoa nema pari, edinstven isklucok koj sto e za pofalba godinava bese plazata kuba libre, kade sto koa ke sednes kelner doagja za maksimum 5 minuti, i narackata ja dobivas vo narednite 5 od koa ke dojde kelnerot vo zavisnost od toa sto si naracal, na niv ne im se slucuvase da nemaat ladno pivo ili ladna koka kola, edinstvena negativnost bese mestopolozbata bidejki ezeroto vo toj del ne e ubavo za banjanje. E zatoa kaj niv morase da zakazes za lezalka iako kaj bese duplo poskapa od drugo mesto, da zakazes za masa iako site pijacki bea poskapi. Taka treba da izgleda edna plaza i pari ke ima
Од: Martin Svajcarija
Датум: 10.09.2008 02:15:43
Ne sakam da navreduvam i da generaliziram ama Ohrigjani ni za glumenje dobri domakjini nemaat volja a komoli da stanat toa!! Zalno, no uste dolgi godini ke ostane taa ubavina nevidena od stranskiot turist poradi toj odnos. Drskost, arogancija i nevkusen recnik odamna vekje ne se preduslovi za ostvaruvanje profit
Од: Strumica
Датум: 10.09.2008 11:24:10
Kako sakaat da imaat turisti koga ne se dobri domakini ,mislam deka pomrzeliv narod od ohrigani nema.Tolku e skapo so kaj makedonskiot narod stvara revolt i ne letuvaat vo Ohrid.Vikendov bev vo Ohrid posle desetina i kusur godini i pak se pokajav sto otidov.Zalno ,no treba da se preispitaat ohrigani do kaj ke stasaat so vakva organizacija na turizmot.Sepak Ohridskoto ezero ne e samo na Ohrigani toa e biser so koj se gordee cela Makedonija.
Од: ma-ri
Датум: 10.09.2008 11:32:25
Ohrid nesomneno e biserot na Makedonija! a Ohrigani ja imaat taa privilegija da ziveat vo nego no i dobro da zarabotuvaat.No nivniot odboen odnos kon turistite pokazuva deka toa ne go sakaat, pa zatoa im se slicuvaat prosecni turisticki sezoni!!!No da ne zaboravat Ezeroto nee samo za ohrigani toa e na cele Makedonija!!!!
Од: Stole
Датум: 10.09.2008 11:37:45
Ohridjani prvo treba da naucat kako da se odnesuvaat so gosti. Vtoro, cenite na uslugite vo Ohrid mozat da se merat so tie ponudeni vo Akapulko. Ne znam sto tolku moze da ponudi Ohrid. Treto, dosta lugje imaat primeteno deka ugostitelite imaat razlicni ceni za razlicni gosti, ako si od Ohrid edna cena, ako si od Skopje druga, ako si pak stranec ke te sogolat. Mislea deka mozat da ja zloupotrebat situacijata so bojkotot na Grcija (navoden) ama izgleda ne im uspea. Ohrigjani treba da naucat sto znaci ponuda i pobaruvacka t.e. pazarot sam si diktira.
Од: Penelope
Датум: 10.09.2008 11:42:03
Прво и основно да го исчистат ѓубрето да не им се гади на туристите и да не им се повраќа, да го расчистат брегот од ѓубре. На Трпејца имаше нога со копито фрлена на плажата и милијарда пластични шишиња, ќеси од смоки и чоколади. Сум видела и уште погадни работи. На жалост дури и во објектите не е чисто. Валкано е секаде, грозно е. Тоалетите не ги чистат. Ние сме валкан народ. Тоа е. Џабе концесии, џабе се, таквите работи дома се учат.
Од: Toni
Датум: 10.09.2008 13:10:14
Зошто големите хотели се празни? Бевне сместени во БЕЛВИ. за апартман со поручек и вечера плаќавне 149 € по ден. На плажа ни бараат за лежалка 100 ден. а за педалинка 200 ден. од сат и никој не го интересира дали си гостин во хотелот или од страна (плаќаат сите). а на рецепција велат така наредиле шефовите. Е господо поради тоа немате гости. ова ке биде и за мене последен пат да резервирам во Метропол или Белви.
Од: atina.ca
Датум: 10.09.2008 13:46:03
ohrid ova godina bese poln so gosti neznam sto sakate vie za tolku malku mesto da ima mnogu turisti.ovaleto bev prisutna i imase turisti i bese super da nenepoubvo slucajno vo grcijakaj sto ve vregaa i ve ppnizuvaa cenitego toa sto go imate ne frlajt akamenja po ohrid toa e sveto mesto a za odnesuvanje nalugeto sekoj covek ima usta a i za svoj zep moze da kaze i da se pozali ako saka
Од: branislav zagreb
Датум: 10.09.2008 14:27:52
red,rad ,disciplina ,čiste ulice bez smeča brza usluga čisti wc, onda možeš da tražiš koliko hočeš eura i doči će stranci sa svih strana zemlje nema vremena za jadikovke pokrenite se pozdrav od zagreb

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Колку ќе поскапи струјата ќе зависи и од ЕВН-ЕСМ
ССМ бара од власта мерки за заштита на стандардот
„Триглав осигурување“ почна да котира на Љубљанска берза
Опозицијата бара субвенции за струја за сиромашните
Објавен тендер за физибилити студија за гасоводниот систем
Речиси 80 отсто од платата само за храна