Брoj 2783  среда, 10 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

ССМ бара од власта мерки за заштита на стандардот

ССМ очекува приватниот сектор да ги искористи средствата што ќе ги добие од намалениот персонален данок

Сојузот на синдикатите на Македонија вчера побара од Владата да преземе итни и ефикасни мерки за запирање на трендот на зголемување на цените и заштитата на стандардот на граѓаните, од кои, како што истакнуваат, дури една третина од населението живее на работ на сиромаштија.

„Бараме враќање на цената на некои прехранбени производи, интервенции од стоковните резерви, интервентен увоз, даночни и царински олеснувања, како и зголемување на паричните износи за социјално загрозените семејства. Бараме и преиначување на одлуката на Владата за зголемување на платите во јавниот сектор, односно планираната корекција од 24 отсто за наредните две години да го добијат само вработените кои имаат плата под државниот просек“, истакна на вчерашната прес-конференција портпаролот на ССМ Пеце Грујовски.

ССМ очекува приватниот сектор да ги искористи средствата што ќе ги добие од намалениот персонален данок и придонесите за покачување на платите на вработените.

„Во Македонија од просечната плата која изнесува 15.759 денари, дури 80 проценти се издвојуваат за прехрана, а само 20 проценти или педесетина евра остануваат за останатите потреби, за кои може слободно да кажеме дека се потребни две просечни плати“, рече Грујовски.

Како приказ за лошите состојби во земјава, тој направи споредба и со останатите земји во Европа, каде што, како што рече, во просек само 13 проценти од просечните примања се користат за исхрана, а 30 за комуналии.

„Во Скопје за стан од 60 квадратни метри се плаќа 44 евра, во Загреб - 33 и тоа со користење и топла вода, а во Белград - 35 евра. Во Македонија овој износ се плаќа со просечна плата од 250 евра, во Хрватска со 694, а во Србија со просечна плата од 425 евра“, истакна Грујовски.

ССМ реагира и на висината на платите што ги добиваат оние кои работат, бидејќи како што рече, од вкупниот број вработени, кој изнесува 532.570, дури 422.532 земаат плата под државниот просек, како и на нередовноста на исплата на платите со што се соочуваат дури 10 проценти од вработените.

Грујовски информираше дека синдикатот деновиве упатил писмо до Владата со барање да бидат преземени итни интервентни мерки заштита на стандардот на граѓаните.

Изразувајќи несогласување со убедувањата на министерот за финансии дека инфлацијата е под контрола, Грујовски посочи дека најдобар барометар може да биде првата продавница, каде што може да се направи споредба колку продукти можеле да се купат за 1.000 денари лани, а колку оваа година.

(МИА/Макфакс)


Статијата е прочитана 160 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Колку ќе поскапи струјата ќе зависи и од ЕВН-ЕСМ
Просечна туристичка сезона во Охрид
„Триглав осигурување“ почна да котира на Љубљанска берза
Опозицијата бара субвенции за струја за сиромашните
Објавен тендер за физибилити студија за гасоводниот систем
Речиси 80 отсто од платата само за храна