Број 2870  среда, 24 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Македонија

Се' уште без нови директори на клиниките

Именувањето на директорите на клиниките, што министерот за здравство, Бујар Османи, го најави за вчера, е одложено. Министерот го оправда пролонгирањето со тоа што Здравствениот совет немал кворум за работа, бидејќи одредени членови биле оправдано отсутни. Неофицијални извори велат дека двете партии на власт се' уште преговараат затоа како да ги поделат директорските места на клиниките и дека со пролонгирањето министерот сака да добие во време. Тој, пак, тврди дека ќе ги чека да завршат конкурсите на сите клиники кои различно траат од 8 до 15 дена.

За тоа дали се врши притисок за директор на Пулмологија да се постави актуелниот претседател на Управниот одбор на клиниката, д-р Марија Здравеска, која се зборува дека е блиска на разрешената директорка Димитриевска и била вмешана во скандалот со спонзорските пари, министерот Османи не знаеше дали конкурирала на конкурсот. (Ј.Ј.)


Статијата е прочитана 263 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
На Детската клиника бебиња се боцкаат со диво увезени вакцини
Кељот и луцерката ја чистат велешката почва од тешките метали
Годишнина на Гостивар
Откажан протестот на стоматолозите
Мариовска Штавица без елементарни услови за живеење