Динамични сте и снаодливи, така што добивате комплименти од различни страни. Важно е правилно да одговорите на работниот предизвик и да оставите добар впечаток пред соработниците. Заборавете на предрасудите, не можете се' да држите под контрола. Планирајте љубовен состанок или забава во друштво на саканото лице.
Бик
Чувствувате потреба да воведете ред во својата околина, но тоа го правите на лош начин или во погрешен момент. Исправете ги своите пропусти пред да ја изгубите довербата од соработниците. Доколку ви пречи пасивната улога или чувството на монотонија во љубовниот однос, потрудете се да го изненадите саканото лице на необичен начин.
Близнаци
Премногу сте ангажирани на работното поле и одговарате на бројните повици. Нема потреба да се чувствувате несигурно или да ја прикривате вистината на средбата со саканото лице. Потрудете се правилно да ги објасните своите намери.
Рак
Нетактични сте на средбата со соработниците и упорно се обидувате да ги наметнете своите ставови. Немојте да дозволите некој да ви поставува отежнувачки услови или да ве казнува неправедно за заедничкиот неуспех. Залудно размислувате за некои возбудливи средби или за лице кое моментално не е во вашиот емотивен живот.
Лав
Немојте да дозволите некој да ги буди вашите ниски страсти или желба за натпреварување. Зачувајте го присебниот дух. Без разлика на сите тактики во однесувањето пред саканото лице, не умеете да го прикриете своето нерасположение. Го потиснувате своето незадоволство.
Девица
Во вас владее оптимистички дух, па затоа на различните прашања што ги поставуваат вашите соработници одговарате самоуверено. Поласкани сте од нечии комплименти и сознанието дека се наоѓате на листата на одбраните. Дозволете си некоја романтична забава за двајца. Партнерот очекува повеќе внимание и топлина од ваша страна.
Вага
Доколку се наоѓате во непријатна ситуација, не дозволувајте да ја повторувате истата приказна и да давате празни ветувања. Важно е да ги проверувате информациите на работа. Понекогаш е тешко да ги прифатите различните ограничувања. Избегнувајте ги непотребните возбудувања или кокетирањата со непознато лице.
Скорпија
Се наоѓате во некоја дилема, можеби некој си поигрува со вашата доверба. Сепак, соработниците нема да дозволат да чувствувате неправда. Ситуацијата која според вас изгледа интересна, саканото лице ја гледа со одредена доза неверување или одбивање.
Стрелец
На средбата со соработниците имате различни забелешки за нечие однесување. Без разлика на нечие ветување, забележувате дека работите одат во погрешен правец. Избегнувајте ги заострените дуели или јавните расправи. Љубовната тема има позитивно влијание на вашето расположение, бидејќи некој умее да ги исполни вашите очекувања.
Јарец
Загрижени сте поради нечии зборови, но имате причина за тоа. За да бидете успешни на работа, мора да функционирате малку лукаво или според одредени правила. Важно ви е да ги доведете работите под контрола. Повеќе ви пречи еуфоријата во однесувањето на партнерот отколку личната несигурност.
Водолија
Претерувате со своите амбициозни планови и со различните потреби, па затоа ве очекуваат негативни коментари. Во дискусијата за работните приоритети немате причина за нова нервоза со една влијателна личност. Различните недоразбирања во дијалогот со саканото лице не се безначајни, но не се ни тема што треба постојано да ја повторувате.
Риби
Важно ви е да оставите позитивно влијание во околината и поради тоа ги одолжувате своите потреби. Без разлика на инсценираното однесување, добивате професионална поддршка и некој со доза симпатичност ја оценува вашата појава или настап. Некој ви поттикнува добро расположение и потреба за емотивно зближување.