Тие што го запалија огнот не можат да бидат пожарникари
Прво е посеано семето на злото. Сега го жнееме горчливиот род. Речиси еден месец Македонија во грч чекаше да види дали политичките елити се дораснати и имаат капацитет да се справат со кризната ситуација која сами ја продуцираа многу порано. Спокојно дозволија односите меѓу Албанците и Македонците да се радикализираат до точка на усвитување. Омразата која беше ставена во мирување од 2001 година драматично брзо е активирана. Секогаш прво горат знамиња, а потоа и куќи. Потоа горат цркви и џамии. Па, градови... Македонија влезе во нова конфликтна политичка и меѓуетничка криза. Двете најголеми етнички заедници, Албанците и Македонците, повторно се накострешени едни кон други. За жал, чкорчето кибрит не го чкрапна само Пандели Мајко.
Радикализацијата на односите има подлабоки корени, но секогаш и непосреден повод. Овој пат тоа беше македонската енциклопедија. Енциклопедиската просветителска војна почна со неколку несреќни, но и злонамерни определници кои Албанците ги чувствуваат како навредливи и научно неиздржани. И како што бидува секогаш на Балканот, енциклопедистите од удобните фотелји на МАНУ и со дарежливите хонорари, глорифицирајќи ја сопствената нација, а навредувајќи ги другите, им го предадоа својот лесно запалив материјал на масите. Потоа спокојно си ги измија рацете како Понтие Пилат, со тоа што рекоа дека ова е научна работа пред која молчат и боговите. Да, боговите молчат, ама не молчи разгневената и фрустрирана глутница која станува башибозук без никаква контрола.
И како што постојано се случува во Македонија, повеќе дознаваме и разбираме кога ќе ја почувствуваме болката од последиците отколку кога треба да ги отстраниме причините. Кога конечно се виде што се' може да произлезе од ваков фаличен производ, дојде до „мобилизација“, односно преовладеа сознанието дека навистина се направени грешки. Академијата дури еден месец по усвитување на состојбите призна дека првата Македонска енциклопедија мора да се повлече и да се направат неопходните корекции. Засега само во определниците за Албанците, но, по се' изгледа, ќе мора да се оди многу подлабоко и за поголем број определници за Македонците, но и за повеќе определници за другите националности и народи, бидејќи во Македонија нема само Албанци и Македонци. Мора да се исправат стереотипите и за соседите. На пример, Турците секогаш се виновни за се'. Стереотип кој го напуштија и Бугарите. Запрепастувачки е колку на највисоката научна институција, која има и огромна општествена одговорност за својата работа, и' требаше време да сфати дека отстапува од својата сопствена стратегија за развојот и модернизација на Македонија.
Во таа национална стратегија која ја подготви МАНУ уште 1997 година, во најзначајната прва глава на академик д-р Евгениј Димитров во која се обработуваат стратегијата за модернизација на општеството и државата како фундамент на политичкиот систем, веднаш по основните уставни определби, се националната рамноправност и меѓунационалното сожителство. Во таа стратегија на МАНУ, можеби единствена на Балканот, д-р Евгениј Димитров пишува: „Сожителството бара енергични залагања на сите национални колективитети и на сите субјекти на заедницата да не дозволат да настанат кризни ситуации. Сожителството бара сестрани грижи и напори за нивно надминување на мирен и цивилизиран начин, согласно со нормите на демократијата и начелата прифатени во современа Европа и од пошироката меѓународна заедница“. Оваа своја навистина значајна стратегија МАНУ, односно редакцијата за подготовка на енциклопедијата, ја збриша и ја насочи во спротивна насока, покажувајќи колку се чувствителни и кревки меѓунационалните односи во Македонија кога една книга, се разбира, не обична, туку енциклопедија, непрочитана, може за еден ден да предизвика целосна радикализација на односите меѓу Македонците и Албанците. Дали сега е можно тие што го подметнаа пожарот да го гаснат. Не. Пироманите не можат да бидат пожарникари. И ако се. Лажни се.
Што направија македонските политички елити на власт најодговорни за вкупните состојби во земјата да спречат една ваква опасна меѓуетничка радикализација која секогаш претходи на пожесток судир. Откако преспаа цел месец, тие од потпалувачи на огнот станаа да го гаснат откако се разгоре. Со своето бледо дејствување во првите денови на жестоките полемики кои попримија јазик на омраза, наместо веднаш решително и политички одговорно да дејствуваат, само ги влошија односите. На претседателот на државата, Ѓорге Иванов, му требаа денови и денови да се огласи во јавноста, штуро насочувајќи дека проблемот треба да се реши во МАНУ.
Премиерот Никола Груевски, неколку дена пред него, исто така, млако предложи енциклопедистите да си ја средат енциклопедијата, напоменувајќи дека тоа е работа само на МАНУ. Потоа отиде во славно Крушево за да го изјави тоа што веќе сите го знаат дека Албанците го чувствуваат како навреда именувањето со Шиптари во Македонската енциклопедија. Дури откако сфати дека работите излегуваат од контрола, и дека ѓаволот дошол по свое, Груевски побара средба со Али Ахмети од којашто излезе првото разумно и смирувачко соопштение кое навести дека е можно да победи разумот и да се смири радикализацијата. Али Ахмети, како коалиционен партнер, во своите први реакции покажа повеќе лутина. Не се обрати до албанската и до македонската јавност со смирувачки пораки. Туку порача дека е прекинато примирјето од 2001 година и се закани со излегување од Владата. Парламентот, пак, со своите бедни и навредливи расправи уште повеќе ги радикализира односите со меѓусебни јавни навреди. И на опозициониот лидер Бранко Црвенковски му требаа долги деноноќија да го соопшти својот став.
Единствена светла точка во целата оваа какафонија, во која Никола Груевски откри мрак, сепак, беа десетина македонски и албански интелектуалци, новинари и неколку македонски медиуми. Тие станаа мрачни сили затоа што ја открија опасноста и укажуваа на последиците на една фалична енциклопедија произведена од највисоката научна институција. Така, нашите политички елити на власт еден месец играа руски рулет со сопствената држава.
На помалку умните секогаш им текнува отпосле. Еве, на пример, ни изгоре манастирот „Св. Јован Бигорски“. Еден од најубавите историски споменици и духовни центри што ги има Македонија. Првите наоди велат виновна е дотраената инсталација. Не се сомневам во тоа, иако во сегашен амбиент малкумина веруваат во тоа. Нема ден да не е ограбена некоја црква или манастир. Се носат со вреќи вредни икони и историски артефакти од македонските светилишта. Се краде повеќе одошто може да ископа земја и шут Паско Кузман со својот политички булдожер. Ако размислуваме прво за причините, а не за последиците откако ќе не' заболи, тогаш огромните пари за нови политички споменици на античките херои ќе ги насочевме да го зачуваме она што е вредно и на што ни се восхитува светот. Едн�� единствена икона од средниот век, еден иконостас, еден амам, или само едно минаре, една Саат-кула, еден единствен мост, само еден паун од мозаиците на Стоби и Хераклеја, една врата на „Јован Бигорски“ вредат сто пати повеќе од спомениците што се леат во Фиренца на сите антички јунаци, коњи и лавови. Тоа е политички кич за провинцијализација и потсмев на светската научна елита кон Македонија. За тоа се трошат баснословни пари на граѓаните.
Ајде, конечно, да го заштитиме она што ни го оставиле претходните генерации како непроценливо културно наследство и како аманет. Во нив е нашиот идентитет. Расте критичната маса на Македонија со тоа сознание. Време е да ги засрамиме и презираме тие што ни градат Потемкинови села и лажни висечки градини. Тие ни ја уриваат иднината.
Се е добро кажано, ама за кого?????????? За оние што и за пожарот во манастирот би рекле едноставно дека е крив Бранко Црвенковски?????????????????????
Од: Mitre
Датум: 02.10.2009 00:56:08
Abe Erol.Zosto velis deka B.C. i Blaze go gasele oginot. Tie samo go zapalija.kako dokazani piromani.A go gasea pozarnite edinici.
Од: mitko sekogas imase petka po istorija
Датум: 02.10.2009 01:11:01
Koga bev malo dete i koga ucev istorija za vreme na komunizmot cesto vo lekciite po istorija se naveduvase PRICINA i POVOD za nekoi istoriski slucuvanja. Kako pricina bea davani mnogute faktori za slucuvanjata a kako povod nekoj konkreten nastan koj go iniciral slucuvanjeto. Izgleda komplicirano ama ne e! Vo konretniot slucaj POVOD za ovoj izliv na nacionalizam e Enciklopedijata, a PRICINITE se brojnite nesoglasuvanja naplasteni so vekovi megu dvata etnikuma. Erole ti so drugarcinjata od SDSM veke so denovi ne otekovte so POVODOT (te Blaze e vakov i takov, te enciklopedijata e nestrucna i se vo toj pravec) za novonastanatiot sovinizam. Istite nikogas ne ste sobrale dovolno hrabrost da gi obajsnite nekoja od PRICINITE za ovaa omraza (na primer: site ALb, sakaat da si ziveat vo edna drzava, i se custvuvaat jaki zaradi podrskata od stranstvo). Se odnesuvate krajno politikantski, kako Blaze da e kriv za se. Ima tuka mnogu problemi od koi redovno begate da gi resavate.
Од: Ace od Avstralija
Датум: 02.10.2009 03:06:28
Sram da ti e Erole, pa ti gi zastituvas tie sto go zapalija manastirot. Site nasi komsii, stotici godini ni krojat istorii, encikopledii... Uste poloso e sto branis ludje koi se stremat i se vo nasoka kon Osama Bin Laden.
Од: Darhma
Датум: 02.10.2009 04:47:00
Da ne bea Albancite mislam deka nie Makedoncite ke bevme najzaostanatiot narod vo Evropa. Dve pleminja koi imaat poveke zaedncko otkolku sto se svesni, a uporno se dokzuvaat koj e pobeden duhom. A be da ja nasocevte taa negativna energija vo nesto pametno ke koloniziravme druga planeta do sega.
Од: nacional-patriot
Датум: 02.10.2009 05:17:36
Znaci spored Erol posle znaminjata gorat kuki i toa bilo sekogas taka.Dali ti Erole ocekuvas ili POSAKUVAS da pocnat da gorat necii kuki i stanovi.Periodot vo opozicija na tvoite idoli kako da pocnuva da vlijae negativno na tvojot um.
Од: pameten
Датум: 02.10.2009 05:44:57
Ајде, конечно, да го заштитиме она што ни го оставиле претходните генерации како непроценливо културно наследство и како аманет. Во нив е нашиот идентитет.
Tragedijata e shto ovo kulturno sasledstvo ne si go sakame! I ne mozheme da se vratine kon identitetot na tie shto od Sv Kliment preku Samoil, Krchovski, Miladinovci, Goce, T. Aleksandrov... se narekuvale Bugari. Po shto istorijata odi vo eden prevec, ne se vrakja nazad. Tie shto se formirale vo Jugoslovenskata subkultura i nie, decata na iselnicite sme nova nacija. kakva takva taa ima pravo da postoi.
Од: lenin
Датум: 02.10.2009 07:06:01
Ne bi rekol deka se piromani tuku klasicni lesperi posebno vlasta koja glumi patriotizam. Vprocem ako veke ne gi sakaat albancite neka im kazat maski vo oci a ne vaka lesperski prvo gi navreduvaat a posle kako najgolemi ligusi se povlekuvaat. No toa e stilot na vmrovstinata.No kako ke gi pokrijat glupostite sto gi pravat 3 godini ako ne so vakvi gluposti, Idioti kako niv ne sakaat da priznaat deka istite tie albanci im ja polnat deviznata rezerva od 1 milijarda evra godisno i ako ne se albancite makedoncite ke ispocrkaat za leb. Potpolno se vo pravo sto se nalutija no treba da znaat deka mnogu makedonci im se prijateli i deka samo zaedno trba da se borat protiv vakvi lesperi I vo minatoto bilo taka Boro I ramiz svatile deka ima lesperi pa se zdruzile protiv niv.
Од: zabegan.
Датум: 02.10.2009 07:31:38
до кога ќе изигруваме ДРЖАВНИЦИ а ја растураме ДРЖАВАТА.Море ГРУЈО памет во главата неје ова твоја лича имовина да ја лицитираш.Колку е твоја толку е на сите нас.
Од: Оли Јулчовски-Струмица
Датум: 02.10.2009 08:12:28
Се додека некој не собере храброст и јавно да каже кој е единствениот виновник за се што ни се случува во овој пероид откога Премиер е нарцисуидниот,себичен сезнајко,кој одлучува сам за се како вистински тиранин а многу итро кривицата ја префра на другите.Демек,сите се крива,за се, само Никола Груевски е ,,АНГЕЛЧЕ,,Македонија ќе биде во опасност.Мора јасно и гласно да се каже дека единствен виновник е самиот тој,Незнаел што се токми со издавањето на Енциклопедијата?СРАМОТА,Само не знам до кога ќе се крије зад лажниот популизам,До кога цела Македонија ќе бите на коцка заради неговиот рејтинг..
Од: Трпе
Датум: 02.10.2009 08:17:56
Да беа деца,овие кои си игра со кибритчиња,можеше некако да им се прогледа меѓу прсти.Но во нашиот случај тоа се академци и политичари кои се на власт.Овие од опозиција не се страшни,тие може да си лајат а караванот да си врви.Но опасно е кога овие кои се на власт си палат чкорчиња и не водат сметка на каде ги расфрлат.Лесно се предизвикува пожар но тешко се гаси.
Од: od Bobby
Датум: 02.10.2009 08:53:56
Nese krivi ni Grujo ni BC albancite se samo USA EU lakeer die gi vrsat valkanite raboti i vika nie sme vasite prijateli isto kako Erol so sorovcite.
Од: Donald Duck
Датум: 02.10.2009 09:02:27
Kako i sekogas odlicen tekst!
DPMNE i DUI, si igraat po vekje poznatoto scenario, koe e povekje pati gledano na ovie prostori (Bosna, Hrvatska, Srbija). Najdobro resenie za resavanje natrupanite problemi e razgoruvanje na megjuetnichkata omraza, za da se svrti vnimanieto od vistinskite problemi. Rezultatite se sekogas odlichni za politicharite, a katastrofalni za narodot. Ova treba da im e jasno i na Makedoncite i na Albancite....ne vodat nesposobni politicari na koi im e gajle za narodot. Ednistven prioritet im e vlasta i beneficiite koi taa gi nosi....a narodot neka se kole
Од: Итар Пејо
Датум: 02.10.2009 09:28:07
Македонската глупост е вечна. Да живее Македонија!
Од: Велимир Цвејиќ
Датум: 02.10.2009 09:30:29
Боже, а ја се залетав да ја браним македонската позиција, демек Албанците се неоправдано навредени. А оно Еницикопедијата била за никого. Сега веќе можам да се сетам кога еден од најумните Срби, дрматургот Александар Поповиќ беше запрашан, во емсијата „Кино око“, што мисли за Меморандумот на САНУ, а тој рече: „Знаете грешка је што очекуваме од луѓе којшто поради своји амбицији (амбиција со негативно значење) станале научници за некоја уска област, а није очекуваме дека се тие за се паметни. Не! Бидејќи живото не се сведува на некоја уска облст, зато што е широк до небо,а небото нема крај. Зато можам да кажам: Во секоја Академија има волови како што во секое село има Академици.“
Од: eve test za emotivna reakcija...
Датум: 02.10.2009 09:39:10
Ti be Ace od Avstralija,eve sto velis
Датум: 02.10.2009 03:06:28
Sram da ti e Erole, pa ti gi zastituvas tie sto go zapalija manastirot. Site nasi komsii, stotici godini ni krojat istorii, encikopledii... Uste poloso e sto branis ludje koi se stremat i se vo nasoka kon Osama Bin Laden.Znaci ti se znaes.Da ne znaes i vo turskoto koj go zapali.A da ne sakas da ja zapalis celata tvoja tatkovina i na gotovo da dojdes da go rasprostis kilimot..Da ne uzna deka naskoro ke ti go udrat stapot Aboridzinite,i baras zasolnste.Ako be duso,,dojdi,te sobira i tebe,ke ti naprajme i kuca i se.Nemoj da ni go trues narodot.Definitivno ti preku okeanot i podgotvuvas cunami na tvojata stradalna zemja.Izgleda najmnogu sytrada od takvi kako tebe..So tazacki od daleku ne se zali.Doji ovde ti e posigurno,ke te zastiti alkaida,koja ja baras nasekade,a ne ja gledas vo sebe.Kolkavi honorari zemas?Ama ne se zanesuvaj,odsem jas ti i nekoj drug,nemaat drugite da te citaat..Sedimi ,i pokraj se so zdravje.
Од: pero
Датум: 02.10.2009 09:40:37
Do Mitre .... Abre Mitre, po se izgleda si za lecenje, Grujo ja ima vlasta, Grujo ja pisuva Enciklopedijata a Branko ti e kriv??? Ako ne na lecenje ama da odis na KUSANJE izgleda imas uplav od Braneta...........
Од: Македонија
Датум: 02.10.2009 09:48:42
Г.Ерол како и секогаш во прво сте.Национализам шират луѓе кои немаат други квалитети,па со тоа се докажуваат дека нешто вредат.Добро викаат џамбазите крава да купиш,ама да е од сој,неможеш инаку да е помолзеш ке те клоцне,па нема ни млеко да имаш.Е,такви ни се нашиве политичари за жал кои не ’раководат’овие 20 години.Лажен сјај,лажно потекло,лажна историја,величаат луѓе ама баш кои ништо не вредат.Не вредат затоа што ако појдат некаде во странство нема никој да ги погледне,оти не вредат,немаат квалитети,затоа и се стационирале во Македонија,продавајки патриотизам,а во едно работејки како дилери на дрога,шверцери,убијци на својот народ.Албанците се прилагодливи луѓе,а тоа што тие станале како и нашиве,тоа нашиве ги приморале,или ги натерале тоа да бидат.Напишале планинци,па да им кажам јас бар во моето место сите што се дојдени таму во СК се планинци,лажните ВМРО-ци,лажните социјалисти демократи.А,тоа што ве критикуваат понекогаш немајте гајле,неможат ни под пенџере да ви поминат.
Од: martin maki
Датум: 02.10.2009 10:13:13
celosno ja podrzuvam tvojata kolumna,se sto se desava vo nasata zemja e plod na populizmot so koj vladee ovoj premier,koj kako sto trgnal so site glutosti ke ja izgubime i ovaa mala zemja.Koga ke se svesti narodot kade ne vodi ke bide kasno,pa posle ke go vrlat na buniste kako vojvodata Lubco ,no iskreno receno sepak e podpobar od nego.
Од: Паца
Датум: 02.10.2009 10:16:40
Целава работа со енциклопедијата ја гледам како најголемо понижување на Македонија во поновата историја. А се пониживме самите и се прикажавме како една тотално незрела и НЕПИСМЕНА нација, дозволувајќи највисоката научна институција да влезе во дил и безобразни политички манипулации од актуелната политичка елита. Образот од тотално понижување, малку од малку го спасија независните интелектуалци (Героски, Фрчкоски, Ризаов, Мухиќ, Мерсел Биљали, Тричковски ...) како и нашата маленкост -коментаторите. Предлог до МАНУ: ПОВЛЕЧЕТЕ ја енциклопедијата целосно и не работете во таа насока ништо во наредните 15 години.
Од: eleni
Датум: 02.10.2009 10:44:54
Vo 1000 stranici na analizaa na misijata na EU za utvrduvanje na faktita za nastanita vo Gruzija megju drugoto stoi deka poveke od 100 US voeni sovetnici bile vo gruziskata armija i isto taka mnogu vo ministerstvata na Gruzija.
Novinarot na Guardian se prasuva sto majka barale tamu i koi bile porakita prateni od US administracijata do nacionalistickiot predsedatel na Gruzija vo namerata da ja povrati izgubenata teritorija.
Bese li mudro da se odrrzuvaat manevri vo sredinata na juli so trupi od Ermenija,Azerbegjan Ukraina i US (nas ne ne spomnuvaat a bevme tamu) vo vreme na intenzivirana diplomatska aktivnost.
Ova nema vrska so enciklopedijata ama ima mnogu vrska so nas.
Од: јас
Датум: 02.10.2009 11:53:41
До потрокаловите коментаторчина: НЕ ГО УБИВАЈТЕ ГЛАСНИКОТ , зошто носи лоши вести...Подобро запрашајте се кој ги продуцира лошите вести??Да ви помогнам бидејќи сте заслепени од вашиот идол !?Вашиот пастир е тој кој ѓто го палиогнот , а после дува на погрешно место за да го изгасне ( „мрачните сили во Македонија“ )..
Од: dr Simo Georgiev
Датум: 02.10.2009 12:43:39
Ne se ~uvstvuvam povikan da dadam svoj nau~en pridones vo (pretpostavenata) "Enciklopedija na Republika Makedonija" za nejzinata istorija ili geologija, no se smetam za najpovikan za del od nejzinoto prirodno bogatstvo-ribite, kako avtor na klu~ za odreduvawe na ribite na Republika Makedonija. No barem dosega, MANU ne me udostoila da pobara izrabotka na odrednica za ribite {to `iveat vo nejzinite teritorijalni vodi. Bezbeli ne }e da e "pustina" vo koja nema nitu kapka voda, `ivotna sredina na ribite. Ili mo`ebi vo ne~ija glava postoi "pustina" pa saka i dr`avata da ja pretvori vo takva. E da znae toj nekoj, deka duri i vo Sahara `iveat ribi. Mreni. Sestri na na{ite mreni.
Vo Ohridskoto Ezero ne postoi vid riba "Salmo letnica Karaman 1924". Ne poradi toa {to samiot nau~nik komu se pripi{uva voveduvaweto na vakov vid riba dr Stanko Karaman vo svojot posleden trud pastrmkite na rekata Radika (kraj tuku{to zapaleniot manastir, povod za ovoj prilog) objaven na stranski jazik (srpski), ka