01.10.2009, 14:23 Дневен хороскоп
Овен
Зборливи сте од кога и да е, па со тоа ќе привлечите повеќе пријатели околу себе. Сепак расположението ќе ви биди променливо. Избегнувајте мрачни и неосветлени места. Здравствената состојба ви е одлична.
Бик
Денот ви почнува со неочекувани вести. Успех на работното место и на финанссики план. Денес немојте да водите тешки и сериозни разговори бидејќи ќе бидете повредени. Бидете внимателни со партнерот. Склони сте кон авантури.
Близнаци
Семејно-емотивната ситуација ви е воглавно стабилна, а поволните деловни можности се пред вас. Ви се нуди и заминување на подобро работно место. Повеќе внимание посветете на здравјето и чувајте се од повреди.
Рак
Задоволни сте што работата ви оди добро. Денес сигурно ќе добите пари. Од друга страна негувајте ги своите емоции бидејќи сте склони кон кавги со најблиските. Емотивно сте неисполнети.
Лав
Пред вас се добри денови. На работа сте задоволни. Ви годи вниманието од саканата личност, а можно е и пријатно изненадување од него. Помали проблеми се можни во сообраќајот. Чувајте ги нервите.
Девица
Љубовниот живот ви е во бурна фаза. Постојаната склоност за промена на партнерот може да ве доведи во ситуација да на крај ни вие не знаете што сакате. Одморете се. Помали проблеми со рбетот.
Терезија
Денес сте задоволни од работата, но и од својот емотивен живот. Ќе остварувате контакти, пред се нови познанства. Лошо вести од соседството може да ве вознемират. Внимателно возете.
Скорпија
Полека го насочувате вниманието кон фамилијата и куќните обврски. Свесни сте дека во домот треба да разрешите некои проблеми. Имате добра комуникација со партнерот. Работните навики ви се добри.
Стрелец
Денот е добар за учење, комуникација и извршување на работните задачи. Вечерва партнерот ќе биде невротичен и уморен, па не влегувајте во расправии. Здравјето ви се подобрува. Повеќе шетајте.
Јарец
Вниманието го свртувате кон материјалните нешта. Во тоа денес делумно ќе успеете. До крајот на денот ќе имате финансиски загуби. Партнерот не се чувствува најдобро.
Водолија
Денес фантазирате повеќе од кога и да е. Инспирирани сте со нови идеи и тоа сакате да го поделите со другите. Планиарте патување, но ви се појавуваат препреки. Очекувајте пријатно изненадување.
Риби
Нервозни сте и напнати, но тоа не го искажувате јавно. Емотивно не с ечувствувате сјајно, па подобро е денес да не се впуштате во ситуации во кои се потребни емоции. Работата добро ви оди.
|