06.11.2012, 17:56 Одговорот е повеќе куртоазен и празен
Министрите Попоски и Аврамопулос си разменија меморандум и одговор, но двете земји останаа и натаму со истиот проблем и во иста ситуација
Слободанка Јовановска
Куртоазен и празен. Убаво им одговорија, ама вратата за преговори ја затворија. Ова не е тоа што го бараше еврокомесарот Штефан Филе - се генерално коментарите на македонскиот одговор на грчкиот меморандум кој, ако биде фактор, не дава надеж дека може да го отвори патот за датум за преговори со ЕУ на самитот во декември.
И покрај резервираноста да не се отежнува позицијата на Македонија, на нашиот одговор не се гледа како на оптимистичка ситуација, па и се оценува дека тоа што го испративме во Атина е токму тоа што и' требаше на грчката влада, т.е. алиби да ја запре одлуката за преговори со Македонија, па нашата дипломатија паднала во грчката замка.
„Ова не е тоа што го бараше еврокомесарот Филе. Мој впечаток е дека тој не очекуваше толку ригиден став од грчката страна, ниту дека Македонија ќе понуди само Привремена спогодба и хашка пресуда. Грчкиот меморандум прилично го затвори просторот за игра, а нашиот го затвори сосема“, смета професорот Стево Пендаровски. „Грчкиот меморандум и нашиот одговор се сведуваат на еден пасус - кај нив тоа е додавката на името и принципот ерга омнес. Кај нас суштината се хашката пресуда и Привремената спогодба, односно да се вратиме на рамката на ОН за спорот и член 11 што го прекрши Грција. Двете позиции не само што се различни туку и дијаметрално спротивни, па ако се усвои едната, комплетно се поништува другата, што не остана ни најмал маневарски простор за медијаторот Метју Нимиц“, смета Пендаровски.
Доброупатен извор што сакаше да биде анонимен го опиша одговорот како рамка за одбивање, со забелешка дека во него не е запазена ни формата. Според овој извор, има многу начини да се одбие нешто, односно тоа што е неприфатливо да биде надградено, а тоа што е прифатливо да биде афирмирано. Вака, тие што ни помагаат ќе се разочараат, смета тој, додавајќи дека меморандумот го сфатил како обид на Атина да најде алиби да ја запре препораката, а ова е тоа.
Само за поранешниот министер Антонио Милошоски одговорот беше тактички, при што ги пополнува случајните или намерни пропусти на официјална Атина во меморандумот. Според него, тој заслужува внимание поради три пораки - дека Македонија е подготвена да работи на изнаоѓање достоинствено решение, дека има архивска меморија и знае кои се нашите и кои се грчките преземени обврски со Привремената спогодба и дека не може рамката на преговори да ги отсликува само позициите на Атина, ако веќе се повикува на релевантните документи. Пратеникот Марјанчо Николов, пак, не сакаше вчера во име на СДСМ да го коментира македонскиот одговор на грчкиот меморандум, за да не биде загрозена преговарачката позиција на Владата.
За лидерот на НСДП, Тито Петковски, одговорот не ја прецизира нашата позиција, која, според него, е с? уште недефинирана, а има функција само да ги одржува во континуитет можностите за директни контакти со Грција, па по Самитот на ЕУ нешто поконкретно да се договори. Јана Лозановска, политички аналитичар, за Радио Слободна Европа оцени дека одговорот на министерот Попоски е со дипломатски речник, многу куртоазен, многу генерален, широк и не содржи некои прашања што се во однос на македонската позиција и интереси околу прашањето за името. Таа не е оптимист дека билатералните преписки ќе ги интензивираат разговорите меѓу македонската и грчката страна, туку напротив - не очекува Грција да ја продолжи ваквата комуникација. „Овој меморандум можеби и затоа е толку широк за да ја прекине на некој начин таа комуникација на ова ниво и да се насочи на преговорите, но не сум оптимистка околу целата таа ситуација“, оцени таа.
За ексминистерот за надворешни работи Денко Малески одговорот реално го отсликува она што го зборува и што го прави нашата дипломатија последниот период, која потроши четири-пет години за да ја добие хашката пресуда и постојано инсистира на Привремената спогодба, но тоа не е најава за почеток на сериозни преговори. „Остануваме и натаму со истиот проблем и во иста ситуација“, вели тој, оценувајќи дека дипломатиите на двете страни се заробеници на своите политики од претходниот период и не оставаат надеж за некое нагло свртување.
|
|
Статијата е прочитана 2111 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Зоран, 07.11.2012 00:33:27 | Преговорите мора да прекинат. Тоа што од нас го бара Грција не е за давање. Ако тоа значи да сме надвор од ЕУ и НАТО, нека биде така. |
| Professor from USA, 07.11.2012 00:35:14 | Napisov e cisto komunisticki i nema nisto sodrzajno sto moze da se babelezi!
Jas ne znam kako treba da mu se odgovori na tie od jug, koga tie go napravija problemot! Sto mislea tie deka Makedonija pie mastilo i eve demek nie ke ja slistame od kartatat na svetot. Ne! Toa sto posea toa, toa i ke zneat! Seto sto i go pravat na Makedonija ke im izleze niz nos, i tokmu tie ke gi snosat posledicite od nivniot bezobraziluk!
Vistinski odgovor dobija!
Bravo!
Nikako ne smeete da podlegnite na nivnite uceni, Grcija ke se raspadne mnogu brzo od samata sebe, i tie ke ve molat ane vie da gi molite! |
| sydney, 07.11.2012 05:16:34 | neznam zosto go spomnuvate uste denko malevski si go valkate vesnikot pa toj e stara procitana kniga ako imase moznost dosega ke go smenese imeto sto pati |
| пријател, 07.11.2012 06:26:49 | Што и да изјавиле двете страни останува обврската според Резолуцијата 817 на Советот за безбедност на ОН да се најде решение за разликите околу името.Решавањето на спорот не е оставено на добрата воља на двете држави дали тие сакаат или не сакаат да го решат спорот,туку тоа се бара од нив за да се зачуваат мирот и добрососедските односи во регионов.А ако се работи за одржување на мир што се бара со Резолуција,тогаш Советот за безбедност не моли да се изврши барањето од Резолуцијата,туку го наредува тоа.Кога -тогаш,спорот ќе мора да се реши.Најлошо од се` е што дотогаш Македонија ќе остане надвор од НАТО и ЕУ и со име ФИРОМ во ОН и во сите светски организации и институции,каде што и оние кои не`признаа под уставно име,ни`се обраќаат со ФИРОМ. |
| реален, 07.11.2012 06:40:12 | Одговорот на нашата влада не е куртоазен и празен,туку бесмислен и кукавички.Нашата влада бега од обврските од Резолуцијата 817 со кои се плаши да се соочи,а од кои не може да избега! |
| do Professor from USA, 07.11.2012 06:58:56 | Spored tvojot recnik, poznavanjeto na obvrskite na nasata zemja i Grcija koi poroizleguvaat od Rezolucijata 817 i tvojot rezon za sporot, VERUVAME deka si Professor from USA. |
| Itar Pejo, 07.11.2012 08:13:15 | Ubavo objasnuva Denko: nasava vlada uspea za pet godini da stoi vo mesto. A bidejci znaeme deka vremeto raboti za nas a nie imame najdobra ekonomija vo Evropa, mozeme slobodno da maftame so haskata presuda i da cekame Evropa i Zapadot da propadnat. |
| do zoran i usa, 07.11.2012 08:16:20 | Јас само не ги разбирам моиве сограѓани и овие кои тоа не се туку сеирџии од далеку, кога велат дека не ни треба Европа. А кој ни треба? Сами себеси доволни, Албанија на Енвер? Сојуз со Турција, Русија, Кина? А сите наши соседи се доволно глупи да сакаат во европското друштво, само сме ние нешто као многу паметни? И како тоа замислувате дека некој ќе не слисти ако не прими во семејството а ако не не прими, ќе опстоиме? |
| Miki, 07.11.2012 08:32:19 | Auu, zapaleni profesori duri od USA?! Ami Ilija od *centaro* odma treba da gi zeme *za honorarno*! E pa USA si go odbra pak Obama a toj ke ja raspadne Grcija *vednaga*! Sto li mislat Amerikancite za nasive *naucni kadri* ako se kako prethodniov mozam da zamislam..Tuku seriozno, i Amerite i Evropa sto pati ni povtorija deka brzo treba da se rascisti kasava zasto pri konecnoto redefiniranje na Balkanot ic nema da pomineme ubavo. Toa sto vnatre ni se slucuva, zgolemuvanje na siromastijata, iseluvanjeto, se poglasnite najavi na Albancite za nov dogovor - samo na dusman ili na mnogu glup moze da ne mu zvuci kako silen alarm deka ne ni ostanuva mnogu vreme za femkanje!! |
| Rezzilof, 07.11.2012 08:48:47 | За кого ’навива’ Утрински?Зарем требаше предлогот да се прифати?Зарем не гледате дека со него се сакаше да се елиминира привремената спогодба и хашката пресуда?И најдовте кого да цитирате;оние кои предлагаат промена на нашето име,а со тоа и нашиот идентитет!А за изборот на насловот - алал ви вера! |
| Аниматор, 07.11.2012 09:00:06 | Па добро, со кој авторитет и кредибилитет Пендаровски извлекува еквивалент помеѓу грчката позиција - додавката на името и принципот ерга омнес и нашата позиција - инсистирање на хашката пресуда и Привремената спогодба?
Кога еднаш ќе и се признае на јавноста ва Македонија дека една мала држава е исправена пред голем неприципиелен притисок и дека принципиелно си ја води својата битка - врз основа на природни права, како и на стекнати општествени права (хашката пресуда).
Се запрашал ли некогаш „аналитичарот“ Пендаровски кој е залогот на Грција во овој спор а кој е нашиот? Што можеа тие да изгубат, а што можеме ние во оваа битка? |
| Pirin, 07.11.2012 09:29:10 | Poglup komentar skoro nemam chitano. Nekoi lugje vo Makedonija sakaat da ima problemi povekje odkoklu grcite. |
| македон, 07.11.2012 09:52:39 | е ова не сдсм да оди со одговор штетен за државата. Ова е паметен одговор |
| Jas, 07.11.2012 10:11:24 | Куртоазен и празен. Убаво им одговорија, ама вратата за преговори ја затворија. Ова не е тоа што го бараше еврокомесарот Штефан Филе - се генерално коментарите на македонскиот одговор на грчкиот меморандум кој, ако биде фактор, не дава надеж дека може да го отвори патот за датум за преговори со ЕУ на самитот во декември.
Ајде драга госпоѓо ПОСОЧЕТЕ КОЈ ОДГОВОРИЛ ВАКА...И доста со тоа ДОБРОУПАТЕН ИЗВОР...дрн дрн јариња.... |
| jovan, vlada @, 07.11.2012 10:38:49 | А што очекувавте да прифатиме ЕРГА ОМНЕС за севкупна употреба ли??Аман бе доста со овие глупости наместо да се подржи владата да истрае во овој сложен процес,овде се даваат разно разни непотребни коментари и писанија на оваа тема кој во никој случај не придонесуваат за решавање на ова горливо прашање на кое нема едноставно ниту пак лесно решение. |
| do iselenite, 07.11.2012 10:49:09 | Kako gord Makedonec nikigas nema da se iselam od tuka i ve molam da ne ni prodavate pamet od daleku i sami znaete deka vasite deca nema da se izjasnuvaat kakao Makedonci.Zato ostavete sami nie ke si gi resime problemite. vas vi e lesno so po 3000-4000 dolari plata. |
| pile, 07.11.2012 11:07:44 | do prijatel:Кога -тогаш,спорот ќе мора да се реши.Најлошо од се` е што дотогаш Македонија ќе остане надвор од НАТ�� и ЕУ и со име ФИРОМ во ОН и ...Vaseto gledanje na razvojot na odnosite pomegju R.Makedonija i R.Grcija e od vremenska pozicija kako vo 1995 godina koga se potpisuvase VS i kako da ste aktiven ucesnik vo izgotvuvanje na istata.Zatoa ne treba da izumite deka pod izrazot ,,koga togas vizionerite potpisnici za osnovno i sustinski go imale uslovot za pocituvanje na site odredbi vo VS od dvete strani a posebno bezuslovnata podrska na R.Makedonija od strana na prvata strana za clenstvo vo Organizaciite kako NATO i EU vo koi prvata strana clenuva, so ovozmozjuvanje politicko i ekonomsko etabliranje na R.Makedonija kako na regionalen taka i na megjunaroden plan.A dali pod nadminuvanje na razlikite za imeto podrazbirate zamena na privremenoto ime por.jug. Republeka Makedonija so sosema novo ime kako Republika Makedonija (Skopje)ili Severna, toa e Vase tolkuvanje no neosnovano.Drzj |
| od ostrijot, 07.11.2012 11:25:36 | najdobro e daostane kako i dosega barem vladat keima so kogo da pere obraz. |
| KIre, 07.11.2012 12:34:38 | Zasto ima potreba od vakvi tesktovi vo nasite vesnici zarem sami ke se samounistuvame, imate li poim deka dnevniot pecat go citaat site stranski dimplomati vo Makedonijai vrz osnova na toa go gradat mislenjeto i gi pisuvaat izvestaite. Barem pisite od kogo e napisano da znaeme koj ne samounistuva. |
| Ајван Доктор®, 07.11.2012 14:06:00 | Македонскиот одговор и однесувањето на власта во надворешната политика најмногу ме потсетува на оној легендарниот виц: Си биле Македонец,Грк и Американец и ги заробил еден човекојадец... ...Епа,чорба Македонче! :0))) Проблемот е само во тоа што во чорбата ќе се крчкаме сите заедно,а куварите — штом ќе почне да врие храбро ќе си заминат далеку! |
| do komentatorite, 07.11.2012 18:51:03 | Ne moze nas SAD i bilo koj drug da ni nametnat smeneto ime.Da mozea toa stopati ke go napravea.Nema ni teoretska ni prakticna moznost za nametnuvanje ime protiv nasa volja.Samo so nasa dozvola moze da se smeni imeto,no bidejki nie nema da dozvolime menuvanje na imeto,imeto nema da se smeni.Toa go znaat i SAD i Evropa.Zatoa Hilari Klinton ne dojde vo Makedonija.Svesni se deka nivnite pritisoci ne deluvaat i svesni se deka ne mozat da nametnat protiv nasa volja smeneto ime.Ne e tocno deka onie drzavi sto ja priznaa Makedonija so ustavnoto ime i se obrakjaat vo organizaciite so BJRM.I se obrakjaat samo so ustavnoto ime,a duri i onie drzavi sto ne priznaa so BJRM ni se obrakjaat cesto pati so pravoto i ustavno ime.Nie ke si gi branime principite i ke gi odbranime,a zakani od nekoe malcinstvo za nov dogovor se prazni zakani koi ne ne plasat i nema da ne nateraat da popustime.Ni na malcinstvoto,ni na juzniot sosed. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 8°C
Облачно
|
Среда
Обилни врнежи
Макс: 13°C, Мин: 4°C
|
Четврток
Локални грмотевици
Макс: 14°C, Мин: 2°C
|
|
|
|
|
|