Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
06.11.2012, 17:41

Атина ќе го анализира писмото на Попоски

Генералната оцена за одговорот од македонската Влада е дека не е доволно конкретен, дека звучи како декларирање ставови

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ

Атина - Се пишува само заради формата, без суштински да се преговара за името. Вака некако во аналитичарски и новинарски кругови се оценува целата дискусија за меморандумот за соработка, по одговорот од македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски.

Одговорот стигна во грчкото Министерство за надворешни работи во понеделникот попладне, во почетокот на една од најкритичните недели во Грција, кога државата е преплавена од работнички штрајкови, трипартиската коалиција на Адонис Самарас стои на стаклени нозе, а Собранието гласа за новиот пакет мерки со кои треба да се осигура финансиската иднина на Грција. Од грчкото министерство испратија кусо соопштение дека одговорот е примен, во наредниот период детално ќе биде проучен и потоа ќе има соодветни соопштенија и одговори.

Весникот „Прото тема“ цитира дипломатски извори кои оценуваат дека македонскиот одговор се разликува од грчките предлози. Ова според нив е само дел од тактиката на македонската Влада да не одговара директно и суштински, со цел да добие време и да отвори долготрајна дискусија која нема да доведе до никакви конкретни резултати. Аналитичарите кои го следат спорот за името сметаат дека Попоски го одбива предлогот името да биде за севкупна употреба ерга омнес и да има јасна географска одредница. Тие од самиот почеток коментираа дека ова ќе биде спорен дел за Македонија. Исто така, тие посочуваат дека македонската Влада прави контраудар барајќи од Грција да има поголема почит кон меѓународното право и меѓународните договори, откако Атина побара да се избегнува иредентистичко однесување и да се покаже почит кон нејзиното културно и историско наследство. Споменувањето на пресудата за Грците не е изненадување, туку напротив, очекувале да ја видат во нашиот одговор.

Генералната оцена за одговорот од македонската Влада е дека не е доволно конкретен, дека звучи како декларирање ставови без некакви поконкретни предлози, какви пак се претпоставувало дека ќе стигнат. Единствено нешто што се посочува како конкретно е поканата на Попоски за Аврамопулос да дојде во посета на Македонија и повторувањето на поканата на Груевски за средба со Самарас во секое време.

Оцените во Грција по испраќањето на меморандумот беа дека со овој документ и претходните грчко-македонски преписки се прави обид да се покаже некакво придвижување во преговорите за спорот за името, поради притисок од САД и ЕУ за конечно решавање на спорот.

Со одговорот, сметаат грчките аналитичари, македонската Влада всушност се обидува да ја „добие славата“ за ова раздвижување во односите. Како доказ ги посочуваат првите реченици на Попоски, кој наведува дека меморандум е всушност грчки одговор на иницијативите од македонска страна, односно на писмото на премиерот Никола Груевски до Адонис Самарас, со што тој индиректно посочувал дека Македонија е таа која го направила чекорот за одмрзнување на замрзнатите преговори, а не Грција.

„Во суштина, се зборува за да се зборува“, потенцираат некои од аналитичарите кои сакаа да останат анонимни. Според нив, неопходно е суштинско придвижување и конечно да се види решение, при што не се клучни декларативните изјави дека се има волја за тоа, туку практично да се направат отстапки и од грчка и од македонска страна. „Без поместување од црвените линии главниот проблем повторно ќе остане нерешен“, коментираат тие.


Статијата е прочитана 1154 пати.

Испрати коментар



Одговорот е повеќе куртоазен и празен
ДПА не ја прифаќа раката на Ахмети
Груевски е за плата по успешност
Ќе се освојуваат гласачи со негативна кампања
Барометар за администрацијата
Интервју - Бугарија нема да ви стави вето
Груевски го промовира Трајановски
БиХ отвора нова истрага за авионската несреќа на Трајковски



dedo dimo, 07.11.2012 03:21:19
Koga se pravat dogovori i pregovori se dojduva do pola od problemot od dvete strani i taka na krajot se prifaka neshto i od ednata strana a i od drugata ,Ovde ne e mozen dogovor koga ima crveni liinii ,zoshto toa e naredba a toa nikoj ne mozi da go prifati.Ako se zboruva za neshto okolu biznis sekako a koga se zboruva za imeto na drzavata toa e NE VOZMOZNO. Samo e gubenje na vreme. Imeto ke ostani REPUBLIKA MAKEDONIJA a ako ima drugi problemi mora da se reshaavaat poleka .
pile, 07.11.2012 11:29:20
Od predavnickiot odgovor na memorandumot-revizija na VS od 1995 godina, dostaven od Ministerot Poposki do Grckoto MNR, sekoj prosecno upaten gragjanin a posebno novinar nema potreba tolku mnogu da navleguva, so prvo citanje se zaklucuva deka site baranja na sosedna Grcija vo predlozjenata revizija se zadovoleni,skoro isto kako da mu odgovoril Gruevski na Karamanlis so soglasnost za ime Republika Makedonija(Skopje) za clenstvo vo NATO po primerot na Samitot vo Bukurest 2008 godina.So razlika sto sega se raboti za dobivanje na datum za pregovori so EU.Se e vo kontekst na ukazjuvanjata na VP Teuta Arifi, R.Makedonija da vnimava do samitot na S na EU vo dekemvri da ne pogresi nesto na R.Grcija, zatoa nema negiranje na ime so geogravska odrednica tuku vo stav 7 od predavstvoto se povikuva vo celost na Izvestajot na Ek bez da se negira resavanjeto na apsurdniot spor vo ,,rana faza sto e sustinski uslov na Cjehot.Stetata koja ja ima predizvikano odgovorot za zastojot na patot na EU i razvoj
citatel, 07.11.2012 12:28:29
ajde poleka poleka toni zalna makedonija i site ke se potopime a potoa ke se prerodime ama ne kako makedonci nego kako severni makedoncinja pozdrav do patriotite a kletva za predavnicite

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
  


Site Meter


Време
Скопје, 8°C

Облачно

Среда
Обилни врнежи
Макс: 13°C, Мин: 4°C

Четврток
Локални грмотевици
Макс: 14°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова совладетелка (1)
Жените на Тито
Настани
(ВИДЕО) Две жртви во железничка несреќа во Црна Гора
Несреќата се случила вчера попладне, кога воз налетал на железничка градежна машина, која била поставена во тунел на пру...
Светски ден на борба против дијабетесот
Меѓународната федерација за дијабатес проценува дека 366 милиони луѓе во светот имаат дијабетес, а бројот на заболени&nb...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |