Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
06.11.2012, 17:31

Груевски го промовира Трајановски

Премиерот Никола Груевски, коментирајќи ја одлуката на здружената опозиција Јани Макрадули да биде нејзин кандидат за градоначалник на Скопје, практично го промовираше градскиот татко Коце Трајановски за кандидат за нов четиригодишен мандат во главниот град, користејќи притоа хипотетичка формулација.

„Ако Коце Трајановски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, тогаш треба да се споредат неговите дела од целокупното негово дејствување во изминатите четири години и делата на Јани Макрадули и да се заклучи каков кандидат е тој и што направил во минатото за да се верува на неговите ветувања“, изјави вчера Груевски.

Според него, излишно е да се дебатира дали Јани Макрадули од СДСМ е добар кандидат за градоначалник на Скопје, бидејќи, како што вели, за тоа треба да одлучи народот. Премиерот, сепак, додаде дека „колку е некој добар кандидат треба да се суди според неговите дела од минатото“.

„Макрадули е можеби 15 години и повеќе во политиката и треба да се видат неговите дела, што тој направил за граѓаните и да се споредат со противкандидатот или противкандидатите. Граѓаните ќе донесат правилна одлука која е најдобра за нив, а не за која било партија“, потенцира Груевски. (П.Р.)


Статијата е прочитана 453 пати.

Испрати коментар



Одговорот е повеќе куртоазен и празен
ДПА не ја прифаќа раката на Ахмети
Груевски е за плата по успешност
Атина ќе го анализира писмото на Попоски
Ќе се освојуваат гласачи со негативна кампања
Барометар за администрацијата
Интервју - Бугарија нема да ви стави вето
БиХ отвора нова истрага за авионската несреќа на Трајковски



генерал миди, 07.11.2012 09:35:38
Браво бе Грујо! Споредбиве ти се леле мори мајко. Замислете граѓаните требало да споредат што направил едниот, а што другиот. Едниот бил градоначалник во два мандата (во Ченто освен што го поливаше зеленилото ништо друго не направи), а другиот пратеник. Ама нема врска што бил пратеник требало да асфалтира некоја улица за да може да се мери со Коце. Бог да чува и да брани...
Трпе, 07.11.2012 13:13:37
Ама логика на нашиот мистер мр Рејтинг.Па што имаше направено Коцкица како пратеник а што направи како градоначалник.Треба да биде благодарен на ненаменското градење и крадење на власта.Се е видено од резултатите ��а скопскиот крадоначални.Не е се во спомениците,лаѓите.плажите и панорамските тркала.Во ништо не се измени квалитетот на граганите во Скопје.Ако се рачуна успех назадување и стоење во место.
Ајван Доктор®, 07.11.2012 13:31:08
Доволно е да погледнеме во извештајот на лондонското Кралско друштво (за унапредување на природните науки),објавен во неговата публикација под наслов „Намалување на зелените површини во европските градови“(http://rsbl.royalsocietypublishing.org/content/5/3/352.full/),па да осознаеме дека со помош на Катаклизмата Коце сме станале рекордери во намалување на зеленилото!Во нивните проценки не помогнале ниту лагите за десетици милиони новозасадени дрвца во пропагандната акција „Засади дрво“!Последиците од ваквиот криминален акт најмногу ќе го почувствуваат наредните наши генерации кои ќе се гушат во загаденост во градот кој тој успешно го уништи!Ако при тоа ги додаме уништените делови на Старата железничка станица,наопаку реставрираниот стар скопски Народен театар,псеудобарокниот урнебес и грозомоните кичфигурини,катастрофата што нè задеси со неговиот избор за градоначалник е далеку поголема и од земјотресот во 1963!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
  


Site Meter


Време
Скопје, 8°C

Облачно

Среда
Обилни врнежи
Макс: 13°C, Мин: 4°C

Четврток
Локални грмотевици
Макс: 14°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова совладетелка (1)
Жените на Тито
Настани
(ВИДЕО) Две жртви во железничка несреќа во Црна Гора
Несреќата се случила вчера попладне, кога воз налетал на железничка градежна машина, која била поставена во тунел на пру...
Светски ден на борба против дијабетесот
Меѓународната федерација за дијабатес проценува дека 366 милиони луѓе во светот имаат дијабетес, а бројот на заболени&nb...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |