Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
06.11.2012, 14:23

БиХ отвора нова истрага за авионската несреќа на Трајковски



Истрагата се отвора врз основа на нови докази кои фрлаат нова светлина за причините за падот на „Кингерот“

Во Босна и Херцеговина се отвора нова истрага за авионската несреќа во која загина претседателот Борис Трајковски, врз основа на нови докази кои фрлаат нова светлина за причините за падот на „Кингерот“.

Ваква одлука донеле босанските власти, а информација ја потврдил и Омер Кулиќ, шеф на комисијата за истражување на воздухопловни несреќи при Министерството за транспорт и врски на Босна и Херцеговина.

Во македонското Министерството за транспорт и врски, како надлежно за спроведување истраги за воздухопловни несреќи, и во МВР, велат дека се уште не добиле официјална информација од босанските власти за отворањето нова истрага.

Укажуваат дека ресорните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска во контактите со нивните босански колеги имаат побарано да се отворни нова истрага за падот на „Кингерот“ имајќи предвид нови сознанија за несреќата.

Според најавите од босанските власти, решението со кое се отвора нова истрага ќе биде испратено во Македонија за неколку дена.

Владиниот „Кингер“ со кој претседателот Трајковски патуваше на Меѓународна конференција за инвестирање во Босна и Херцеговина, се урна на 26 февруари 2004 година атарот на Матиќ Брдо кај селото Хусковиќи во близина на Мостар. Остатоците од авионот и настраданите беа пронајдени 24 часа по уривањето на „Кингерот“.

Во несреќата, покрај Трајковски животот го загубија Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Кришан Лозановска од Кабинетот на претседателот, Миле Крстевски од Министерство за надворешни работи, Борис Велинов и Аце Божиновски членови на обезбедувањето и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски


Статијата е прочитана 1135 пати.

Испрати коментар



Одговорот е повеќе куртоазен и празен
ДПА не ја прифаќа раката на Ахмети
Груевски е за плата по успешност
Атина ќе го анализира писмото на Попоски
Ќе се освојуваат гласачи со негативна кампања
Барометар за администрацијата
Интервју - Бугарија нема да ви стави вето
Груевски го промовира Трајановски



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
  


Site Meter


Време
Скопје, 8°C

Облачно

Среда
Обилни врнежи
Макс: 13°C, Мин: 4°C

Четврток
Локални грмотевици
Макс: 14°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова совладетелка (1)
Жените на Тито
Настани
(ВИДЕО) Две жртви во железничка несреќа во Црна Гора
Несреќата се случила вчера попладне, кога воз налетал на железничка градежна машина, која била поставена во тунел на пру...
Светски ден на борба против дијабетесот
Меѓународната федерација за дијабатес проценува дека 366 милиони луѓе во светот имаат дијабетес, а бројот на заболени&nb...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |