Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
13.11.2012, 18:38

Мислења

Американците го искористија најмоќниот инструмент

Пол Волерс

Умеењето да не се согласите, понекогаш гласно и жестоко, е ценето право и горд симбол на една динамична демократија

Минатиот вторник, на 6 ноември, Американците од нашата огромна земја го избраа следниот претседател на Соединетите Држави. И во најмалите гратчиња и во најголемите градови, луѓето со различно расно, етничко, верско, економско, културно и социјално потекло, го искористија едниот од најмоќните и најефикасните инструменти што им е на располагање денес – нивното право на глас.

Секои четири години, Американците не само што се сведоци на долгиот и сложен процес на претседателски избори, туку тие играат и решавачка улога во него. Со месеци, претседателот Барак Обама и гувернерот Мит Ромни зборуваа со американските граѓани, презентирајќи ги своите визии за иднината на Соединетите Држави. Тие дебатираа фер и отворено, имаа безброј говори, одржаа стотици митинзи и дадоа бројни интервјуа. Зборувајќи директно со гласачите на Америка, секој од нив ги аргументираше причините зошто токму тој би бил подобриот претседател.

Како што претседателот Обама истакна во својот победнички говор, што јас го гледав со многумина од вас минатата среда наутро овде во Скопје, демократијата може да биде бучна, замрсена и сложена. Мислењата на луѓето се разијдуваат. Тие не секогаш ги споделуваат истите гледишта или верувања, а особено не се сложуваат околу тоа кои би биле најдобрите можни одговори за решавање на некои од најголемите предизвици со кои нашата земја се соочува денес. Умеењето да не се согласите, понекогаш гласно и жестоко, е ценето право и горд симбол на една динамична демократија. И како што претседателот кажа: „Не можеме никако да заборавиме дека додека зборуваме сега, има луѓе во некои далечни држави кои ги ризикуваат своите животи само за да добијат шанса да расправаат за работи што се важни, шанса да го дадат својот глас, како што ние направивме денес“.

Секогаш кога граѓаните дискутираат и полемизираат за тоа како да ја придвижат земјата напред, тие граѓани победуваат. Секогаш кога луѓето го волонтираат своето време за да промовираат работи во кои веруваат, нивните заедници победуваат. А секогаш кога една земја има демократски и мирни избори, таа земја е победник.

Исто така, во средата наутро ги слушнавме и овие зборови: „Нацијата, како што знаете, е во критична состојба. Во вакви времиња, ние не можеме да ризикуваме со партиски препукувања и заземање ставови за дневно политички цели. Нашите лидери треба да ги надминат поделбите со другата страна и да се фатат за работа. А граѓаните, исто така треба достојно да одговорат на предизвикот... Ние бараме и од демократите, и од републиканците, на сите нивоа на власт, да ги стават граѓаните пред политиката“. Овие убави зборови ги кажа гувернерот Ромни, кој откако ги загуби изборите, му честиташе на претседателот и ги повика сите Американци да се обединат за доброто на земјата.

Конечно, ова е големиот подарок на демократијата – дека по сите полемики, несогласувања и бесконечно водење на кампањи, ништо не треба да им е поважно на кандидатите или на граѓаните од она што е во најдобриот интерес на државата како целина. Некои ми имаат кажано дека овој убав подарок – посветеноста и на кандидатите кои губат и на оние кои добиваат, кон остварувањето на најдобриот интерес за државата, над потесните интереси – не секогаш важи и за изборната историја на оваа земја. Ова е нешто што треба да го утврдат други, но без разлика на историјата, тоа може да се случува во иднина, доколку гласачите го бараат тоа. Демократијата и нејзините гласни и замрсени процеси не се својствени само за Соединетите Држави и ние не го поседуваме патентот за тоа. Тоа им е достапно на сите.

(Авторот е амбасадор на САД во Македонија)

Наш став



Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.


Статијата е прочитана 1240 пати.

Испрати коментар



Поразот на гладните
Моќта на кредитните рејтинзи
Оцрнувањето како стил на владеење
Лавовите и спомениците станаа главна вест
Пусто турско ропство



jovan, 14.11.2012 01:27:10
Izborite pominaa, izbraa kako izbraa, no problemite i predizvicite so koj se soocuva America ostanaa, i kako ke se rasavaat i sto ponataka ke se slucuva, doprva ke vidime. Nie Makedoncite ne mozeme da deluvame na toa kako ke se odvivaat rabotite vo samata America, no i vo svetot kade sto America e involvirana, pa ne ni ostanuva nisto drugo osven da se nadevame deka od nivnite problemi nema i nas da ne boli glava. America i ponatamu za Makedonija ke bide najgolemiot prijatel, i kako prijatel spremna e prijatelski da se odnesuva.
Buntovnik, 14.11.2012 08:49:42
Amerikancive se zaslepeni od nivnata psihpatska glad za da bides najgolem, najbrz, najjak, najdobar. Za da bidat toa, tie toa ne go baraat vo samite sebe tuku vo unistuvanje na seto ona sto e razlicno od niv, i koe ti go smetaat za zlo. Vo toj proces, koj e zacrtan pred stoina godini tie vesto gi propagiraa ovie demagogii kako ovoj ambasador na Amerika. Vodat vojni vo ogromni delovi vo svetot, ubivaat kako nezasitni azdaji, i ne ubeduvaat deka e toa za mir vo svetot. Deneska se tie edinite koj veruvaat vo toa i golemiot broj neuk i neinformiran narod. Bi go zamolil utrinski da prestane da se nudi kako platforma za vakvi blatanti lagi i izmislotici. Neka proba ovoj covek mislenjeto da go prodade vo Amerika, site ke go ismeat.
Џони Вокер, 14.11.2012 08:52:45
За жал Македонија не é демократска држава. Ние имаме политички затвореници кои се осудуваат со тајни, заштитени сведоци. Имаме опресивна политичка власт која ги има под контрола сите медиуми. Имаме власт која постојано ги заплашува и уценува гласачите. Имаме корумпирано судство кое е под потполна контрола на премиерот и дозволува да се кршат најелементарните човечки права. Имаме финансиска полиција која по налог на власта може да влезе насекаде и да уништи било која фирма што не е под политичка контрола на премиерот. Имаме премиер кој опкружен со група незрели политичари нема храброст да излезе и јавно да дебатира со опозицијата. Имаме премиер кој може да прави сé што сака и од Скопје направи циркус.
jovan, vlada @, 14.11.2012 09:58:10
ЕДЕН ПРЕДЛОГ KOJ БИ БИЛ ДОБАР ЗА РЕФЕРЕНДУМСККО ИЗЈАСНУВАЊЕ ОД СТРАНА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД: „ДА ЛИ СТЕ ЗА ТОА МАКЕОДОНИЈА ДА СТЕНЕ 52-та АМЕРИКАНСКА ДРЖАВА“! P.S Со ова ни се решаваат сите проблеми кој ги имаме со соседите, со името, со црквата, со НАТО, со ЕУ. Премногу добар предлог да се одбие нели?? Позрдрав
Гостиварчанец, 14.11.2012 11:15:30
Почитуван Г -дине Волерс, Во анализата за причините на победата на Обама, реномирани агенции го истакнаа фактот дека огромното мнозинство на црнци, хиспањолци и останати припадници на небелата раса гласаа за Обама. Расниот мотив беше најсилниот аргумент за резултатите од гласањето, ама тоа Вие сигурно добро го знаете но не Ви препорачувам тоа да го споменувате. После четири години наведениот мотив ќе биде уште посилен за новите „обоени“ гласови.
Makedonec vo EU, 14.11.2012 13:39:55
Iako i George W Bush ne bese najdobriot pretsedatel sto USA go imala, poslednite 2 kandidata of Republikanskata Partija so svojata militantnost i isklucivost ne uspeaa da ja pridobijat duri i sopstvenata javnost, a za megjunarodnoto mislenje voopsto da ne zboruvam. So srekja na Obama uste 4 godini. Amerika napravi vistinski izbor.
Mark, 14.11.2012 20:13:49
Gostivarcanec mnogu precizno(i nenavredlivo) go locira najgolemiot izboren ,,adut,, na BHO! Za zal vo navistina golemata nacija se javuva nova forma na demokratski rasizam! Ne deka ambasadorot Volers ne go znae toa no negovata pozicija mu nalaga toa da ni go ,,prodade,, kako vrv na demokratsko izrazuvanje..Amerika so ova navleguva vo delikaten eksperiment - a sekoj eksperiment moze da zavrsi na najnepredvidlivi nacini. Nikoj ne znae kolku dolgo belite Amerikanci ke go toleriraat rasnoto nametnuvanje na vlast, antipod na fundamentalnite demokratski premisi(dodeka tie glasaat za politiki Afro i drugite ne-beli glasaat za rasa) i koga toa ke izbega od kontrola!? .p.s. ke mu bideme ekstremno blagodarni na ambasadorot Volers ako na narednite izbori mnogu poiskreno i poodlucno se sprotistavi na mozna repriza na minatogodisnata brutalna izborna krazba! Taka se ona vo koe ne ubeduva vo napisov ke ima nesporedlivo pogolem kredibilitet.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Магла

Сабота
Ведро
Макс: 14°C, Мин: 1°C

Недела
Ведро
Макс: 15°C, Мин: 3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (4)
Хрушчов го викал Тито социјалистички цар. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Правењето перики - доходовен бизнис
За екстензиите сите мислат дека се хит. Така, Англија е на третото место според увозот на човечка коса. Како и зад секој...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |