Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
16.11.2012, 11:51

Почина актерот Владимир Ангеловски Дади

Публиката го памети Дади по улогите во "Солунските патрдии", "Викенд на мртовци", "Собирен центар" и во уште стотина театарски, филмски и ТВ улоги

На 66 години, по кратко боледување, синоќа во Скопје почина актерот Владимир Ангеловски - Дади.

Комеморацијата по повод неговата смрт ќе се одржи утре во Драмскиот театар Скопје, со почеток во 10:30 часот. Телото ќе биде изложено во капелата на градските гробишта Бутел во 12:00 часот, а погребот ќе се изврши во 13:00 часот, соопшти Драмски театар Скопје.

Владимир Ангеловски - Дади, роден на 22 мај 1946 година во Скопје, е еден од поистакнатите македонски актери. На шест години учествува во формирањето на првата Детска радио драма во МРТВ. Во тој период освојува три први места на Југословенскиот фестивал за детска Радио драма. Во Драмски театар прв пат настапува во 1962 година во улогата на Оливер Твист. Официјално, како веќе афирмиран актер, станува дел од Драмскиот театар во 1966 година, каде веднаш му е доделена улогата на Принцот и Просјакот во истоимената претстава. Од 1967 година се врабутува во ДТС и учествува во сите проекти на театарот. Како поважни проекти од тој период се издвојуваат улогите во позната трилогија „Чук, чук Стојанче“, „Баш Челик“ и „Шекспир во приказни“, сите три во режија на Коле Ангеловски.

Во 1967 година игра во психолошкиот филм „Мементо” во режија на Османли Димитрие, а во 1988 игра е една од главните улоги во филмот „Викенд на мртовци”. Понатаму следуваат улогите во филмовите „Солунски патрдии” , во режија на Коле Ангеловски, „Калигула” во режија на Миле Гроздановски, „Рибарски караници”, серијата „Лото, лото”, во претставите „Мефисто”, и „Дунек”. Учествува и во сериите: „Агенција осамени срца”, „Училиште за кловнови”, „Трст виа Скопје”, “Битолски лакрдии” и многу други.

Дади учествуваше и во радио-телевизиската програма “Хихирику”. Има настапувано и во Австралија изведувајки познати македонски драми за тамошните Македонци. Значајни се улогите на Дади и во голем број од македонските народни приказни. Тој е единствениот актер кој 9 години по ред настапуваше на манифестацијата Глумците пеат.


Статијата е прочитана 3704 пати.

Испрати коментар



Филмови од култни режисери викендов на „Синедејс“
Книжевни признанија за авторите Христо Петрески и Васил Тоциновски
Триумф на Мартин Кочовски во Ужице
Култните „Лајбах“ вечерва повторно пред скопјани
(ФОТО) Отворен 11. Фестивал на европскиот филм „Синедејс“
Благој Нацоски во Рим ќе пее македонски дела
Бисерите на егејската музика со „Љубојна“



IKKKKIIIII, 16.11.2012 12:14:33
Нека му е лесна земјата :(((((( Беше и ќе остане легенда :(((((
Љупчо, 16.11.2012 12:32:35
Почивај во мир ГОЛЕМЕЦУ.
meto, 16.11.2012 13:06:55
Нека ти е вечна слава и благодарност,ненадминат актеру и уметник .Твоето уметничко битие нека биде пример на генерациите што настапуваат.Слава ти.
DrCoci/Detroit, 16.11.2012 14:22:12
Bog da go prosti ! Ke ni nedostasuva, no zasekogas ke bide so prisutno negovoto zivotno delo. Legendite nikogas ne umiraat...tie nikoj ne moze da gi izbrise...! Izrazuvam iskreno socuvstvo do semejstvoto Angelovski I do site prijateli I pocituvaci na Dadi Angelovski.
Од обожавател, 16.11.2012 18:16:58
Драг Дади, како твој обожавател ти посакувам мир. Нема да го заборавам твојот глас на Хихирику што ќе одекнува и понатаму во моите уши! Поздрав
Div zapad, 16.11.2012 20:06:46
Posleden pozdrav i pocit za Dadi, glumec kojsto mnogumina vo poslednive polovina vek vo Makedonija go cuvstvuvaa kako nekoj blizok...nas, sosed, pomal ili postar brat. Ti blagodarime za smeata i za solzite, sto sega kje gi odneses na drugata strana. Dobar pat, i ne se somnevam deka aplauzite kje te sledat i tamu!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Претежно облачно

Недела
Сончево
Макс: 14°C, Мин: 4°C

Понеделник
Претежно облачно
Макс: 14°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (4)
Хрушчов го викал Тито социјалистички цар. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Правењето перики - доходовен бизнис
За екстензиите сите мислат дека се хит. Така, Англија е на третото место според увозот на човечка коса. Како и зад секој...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |