16.11.2012, 18:26 Реплики
Пресметка – за што?!
Соња Крамарска
Што го предизвика Црвенковски кој некогаш важеше за добар политички стратег на таква ризична игра во која самиот тој може многу да изгуби?
Платеник на ВМРО-ДПМНЕ, душман на СДСМ, криминалец, поддржувач на Груевски, срам за партијата – се само дел од епитетите со кои деновиве СДСМ го почести официјално и неофицијално својот некогашен лидер и премиер на земјата Владо Бучковски. За Бучковски можете да слушнете се' најлошо во највисоките структури на СДСМ. Тој е моментно црниот ѓавол со кој треба да се справи СДСМ пред да влезе во изборна пресметка со политичкиот ривал ВМРО-ДПМНЕ.
Како резултат на тоа СДСМ и натаму се дели наместо да ги собира своите редови пред локалните избори во март. Бучковски се' уште има приврзаници во СДСМ а и оние кои не му се приврзани, не се согласуваат со таквите методи на сатанизирање на довчерашниот политички ас на левицата. Особено не сега, откако Црвенковски на сензационален начин си подаде рака со Љупчо Георгиевски кој сепак му беше далеку поголем непријател нему и на СДСМ отколку што е тоа Бучковски.
Што го предизвика Црвенковски кој некогаш важеше за добар политички стратег на таква ризична игра во која самиот тој може многу да изгуби?
Мислам дека социјалдемократите големата офанзива против Бучковски ја темелат на неколку погрешни процени. Првата е дека Бучковски ќе се вклучи во локалните избори, што е сепак варијанта со многу мали изгледи да се случи. Втората е дека тој ќе направи политичка партија која може да ја загрози СДСМ, што е исто така речиси невозможно. Сите партии ��то произлегоа од двете најголеми партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ доживеаја порано или подоцна пораз. Бучковски тоа добро го знае. Третата погрешна процена е дека Бучковски со помош на ВМРО-ДПМНЕ ќе им обезбеди гласови на неколкуте незадоволници од СДСМ кои најавуваат независни кандидатски листи на претстојните локални избори.
Сите овие прогнози на СДСМ се помалку или повеќе далеку од реалноста што покажува дека најголемата опозициска партија и единствена алтернатива на сегашната Влада, има проблем со проценка на својата сопствена позиција на политичкиот пазар и антиципирањето на идните случувања на политичкиот терен. Тоа резултира со хистеричен и непримерен напад на Бучковски со што до јавноста се праќа порака дека партискиот врв нема капацитет да прима критики од своите редови па дури и тие да доаѓаат од Бучковски кој е формално одамна заминат од „Бихаќка“.
Голема вознемиреност деновиве е присутна во сдсмовските редови. Иако на Бучковски таму се гледа како на поранешна политичка фигура која повеќе не е со нив, не ги одобруваат методите со кои се служи актуелното раководство за негово оцрнување. Особено начинот на која се води медиумска кампања против него во медиуми што се блиски до партиското раководство. Хајката што се води против Бучковски се споредува со хајката што ВМРО-ДПМНЕ ја води против Црвенковски. Таквото изедначување на политичките методи не ја става СДСМ во поволна позиција во однос на политичкиот противник кон кого упатуваат обвинувања за брутална пресметка со неистомислениците.
На која друга анализа се потпираат социјалдемократите за вирусното дејство што врз нивниот организам може да го има Бучковски? Според прилично сигурни информации тој нема истомисленици во партискиот врв, а поради судирите што ги имаше со претходната гарда составена од Никола Поповски, Ѓорѓи Спасов, Илинка Митрева па и Радмила Шекеринска, тој повеќе не пие кафе ниту со нив. Вистината е дека Бучковски нема база во СДСМ од која би можело да се изроди некаков отпор против Црвенковски на мајскиот конгрес во 2013 по завршувањето на локалните избори. Дури и можното повлекување на Црвенковски на тој конгрес, не значи дека на кормилото ќе дојде Бучковски бидејќи процедурата на СДСМ за избор на лидер сепак преферира внатрепартиски номинирања во кои екс-лидерот тешко ќе може да се пробие.
Кои се индициите од кои се раководи најголемата опозициска партија при утврдувањето на Бучковски како пречка за нивниот политички развој и победа над ВМРО-ДПМНЕ? Toa се неколку колумни во дневниот печат во кои Бучковски критички се осврнува на состојбите во СДСМ и повикува на подобрување на позицијата на партијата во општеството. Тоа од партискиот врв се толкува како „платен“ став од страна на нивниот противник на ВМРО-ДПМНЕ како што се толкува и секоја друга критичка нота од која тие се чувствуваат погодени. Но дали социјалдемократите на тој начин не се портретираат и себеси како што го портретираат својот политички противник – чувствителни на критика и одмаздољубиви кон секој што ќе се осмели да ја критикува нивната политика?
Сето тоа значи дека „Бихаќка“ попусто го извади својот најтежок „воен“ арсенал за да го нападне Бучковски во медиумите и на социјалните мрежи. Тој не е цел или мета за која треба да се употребат елитните партиски единици бидејќи тој во моментов а и во иднина не претставува никаква опасност за СДСМ. Секое поинакво толкување е погрешен пристап кој ги ослабува натамошните позиции на водството на левицата во изборната битка што им претстои со Владата.
Како оваа епизода ќе се одрази врз натамошната кондиција на социјалдемократите кои застанаа на чело на една поширока разнородна коалиција во обид да направат противтежа на коалицијата што ја предводи Груевски? Па, подобар политички спот против СДСМ не можеа да снимат ниту во штабот на противничката ВМРО-ДПМНЕ. Два аса на политичката левица водат војна до меѓусебно истребување. И тоа во услови кога најголемата опозициска партија реди порази на политичката сцена. Случувањата во опозициската левица нивните противници слободно може да ги пуштаат на своите медиуми како платена политичка програма за намалување на шансите на нивниот политички противник на претстојните локални избори.
Во една посмирена ситуација Црвенковски можеби ќе го викнеше на муабет Бучковски во својот кабинет на „Бихаќка“ и ќе направеа џентлментски договор за меѓусебно ненапаѓање. И двајцата имаат причини за тоа. Бучковски знае дека поголемиот дел од СДСМ се чувствителни на неговите напади врз Црвенковски бидејќи тој се' уште ја има аурата на неприкосновен лидер. Црвенковски, пак, е невозможно да не знае дека насочувајќи го мечот кон својот претходен пријател и соработник прави опасен преседан за секое идно водство на СДСМ кое ќе има несогласувања на врвот. |
|
Статијата е прочитана 1966 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 17.11.2012 00:35:11 | Izgleda ni Crvenkovski a ni Buckovski se svesni deke nekoj tret gi mesti. Zatoa celo SDSM e zbuneto i nema odgovor, sto tocno se slucuva. Site lutaat i samo davaat predpostavki koj i za samite niv se nelogicni. Kako i da e ke ja smirat topkata i ke uvidat deka nasednuvaat na igri sto nekoj drug im gi mesti. Samo da ne bide prekasno. Definitivno eden del od strukturite vo VMRO(setacite i soncogledite) znaat deka VMRO nema da vladee uste dolgo, pa potrebna im e druga partija vo koja ke se presaltaat. Kako sto vo VMRO go donesoa Gruevski pa preku nego vo VMRO se instaliraa Zingovci....i ostali.., taka sega im e potreben nekoj*nov Gruevski* preku koj ke go zemat SDSM, pa taka noviot *demokratiziran* SDSM ke im bide novoto skrivaliste i pat do Vlasta.Makedonija e zaloznik na edni isti ojlevci dojlevci koj si igraat majtap so 2miliona naivci. |
| Itar Pejo, 17.11.2012 02:07:11 | A fintata e mozda vo toa sto sakaat da go nateraat Bucko da kaze koj gi zede parite od telekomot! Ako pocne klopceto da se odvrtuva ... |
| Prijatel, 17.11.2012 04:25:05 | E, da go viknel da pijat kafe? Fantazirash! Buchkovski e chvoek na Grujo kako shto e i Bocevski ushte nekolku drugi koi ke se proiznesat vo soodvetno vreme. Site tie se uceneti so najgnasni udbashko-policiski metodi, shto se razbira isto taka ke izleze na videlina vo soodvetno vreme. |
| враќање во иднината, 17.11.2012 05:00:22 | Досега “единството“ што го градеше Бранко беше всушност апсолутизам. Сега со наближување на изборите, почнаа несогласувањата. Отсега натаму, колку посилен Бранко - толку ќе биде послаб СДСМ. Ќе имаме жешка зима во СДСМ. |
| ФЕЛИКС, 17.11.2012 08:21:10 | Ништо чудно во однесувањето на оние кој се перманентно во паника.Па така почнаа да им се привиѓаат непријатели на секој чекор.Плус кога дебело е разнишан партискиот трон и богами се накосил кон паѓање,тогаш најпродуктивно е настапот,,држете го овој,држте го оној,,Одамна знаеме да партиските нивни математики не излегуваат на политичкиот пазар,па единствено им останува да го најдат,,внатрешниот непријател,, и судбински да биде Педро за нивните пропусти. Незнам кој им верува кога зборуваат за тоа да власта е деспотски режим,а во исто време во нивната партија се спроведува каудиљо режим.Повторно подценувачки се игра на картата викана партиска амнезија,кога истите ги тренираа Евдините подржувачи да прават ,,лежеќи жив ѕид,, пред судовите,а сега истите ги инструираат да тој што го бранеле сега хорски да се оцрнува.Ги жалам многу,оти им ги испомешаа брзините па незнаат во кој правец да тргнат. |
| Mark, 17.11.2012 10:40:34 | Analizava bi imala nekakva smisla koga ne bi go izostavila najvajzniot moment - pa Buckovcki za da sa zastiti sebe si (dobro se znae od sto) GO NAPAGJA CEL SDSM! Ne? |
| Robbi-MKD, 17.11.2012 11:22:13 | SDSM na celo so nivniot vecen vladatel BC, uste ednash pokazuva so ovoj poteg kolku se ocajni i bezidejni lugeto na vrvot vo taa partija, koga do vcera go branea Buckovski vo parlamentot, napravija duri i Upad vo nezavisnoto sudstvo, sto se smeta vo sekoja drzava vo EU za drzaven upad, a sega so dijametralno razlicni stavovi go ocrnuvaat covekot! So vakva nekonsistentna politika koja ja imaat za SITE politicki prashanja od 2006 do sega, t.n. politika na kameleoni bez jasen konsistenten STAV, ce doziveat uste eden totalen poraz na izborite! Ne sum privrzanik na SDSM ali se nadevam deka ce izgubat na izborite 2013 za konecno da se reformirat, modernizirat kako sto napravi VMRO i da imame konecno edna normalna Opozicija koja i treba na sekoja drzava! Ali so ovie momentalni celnici i totalitarci koi se momentalno va celo, NE! |
| Pametnjakovic, 17.11.2012 13:12:50 | Najpametno ke beshe Bule da cuti do Mart - shto e, toa e! Izborite se blisku i ne e vreme sega da se postavuvaat takvi temi na dneven red. No zoshto go toa Bule uporno pravi? Odgovorot e povece od jasen. Epa i na Branko mu prek....! Povece ne moze da go trpi. I toa e normalna chovechka reakcija. No normalno e i da si Brane podnese ostavka, po mene, na denot na izborite vo Mart (vo 19.00 chasot) pred i da se doznaat rezultatite. Bi bilo umno da go toa sega najavi i da si ostane na zborot. Da im go izbie adutot na onie shto velat da bi glasale za SDSM, no poradi Branko toa ne go chinat. I shto e mnogu bitno, bi otishol dostoinstveno, bez ogled na rezultatot. Vo sprotivno, losho, mnogu losho! |
| milan, 17.11.2012 14:07:25 | Vie od SDSM so ziv shtit go spasivte Bucko od zatvor,a on toa go zaboravil.Covekot mora taka da kritikuva-pa i vo denesnoto intervju- toa mu e partiska zadaca od DPMNE vo sprotivno ke se otvoreshe negovoto dosije.Ne se soglasuvam so avtorkata sto Bucko go stava na isto ramniste so Branko.Takvi sporedbi mozat da se najdat vo komentarite na Feliks, nikako vo edna seriozna kolumna.No ne tazitetolku po profesorot toj ako politickata kariera mu se lizne, ima kade ke zamine za Halkidiki pa covekot od profesorskata plata si stvoril imot. |
| EU, 17.11.2012 21:17:52 | Bi rekle deka stanuva zbor za nemanje demokratski kapacitet, a verojatno nitu vospituvanje za vodenje civiliziran dijalog. Ili pak se raboti za panika vo redovite na SDSM, po pogresnite politicki kombinatoriki. |
| pretpriemach, 17.11.2012 21:53:36 | Se si mislam deka SDSM svojata municija ke ja ispuka predvreme vo prazno, a deka vo mart ke nema so sto da puka.... |
| Ајван Доктор®, 18.11.2012 09:20:57 | Она што партиите во Македонија го забораваат е фактот дека само спротиставени (искрени) мислења,произлезени од знаење,можат да го задвижат светот!Сомнежот во постојните утврдени ставови и сознанија,а не,согласувањето,го задвижуваат светот!Лигавењето пред одредени „месии“,особено пред недоделкани и немушти „пастиwи“е срамно за луѓе кои претендираат себеси да се претстават како интелектуалци!Срамно,но очигледно е и многу исплатливо!Останува горкиот факт дека СДСМ повика на расчистување криминал (за што то0олку многу се залагаат и „чесните“владетели) сторен од „непознат сторител“,а ВМО-ΔΡΠΑΜΕ веднаш го именуваа сторителот!Нема да ме зачуди дека вакво нешто може да се случи и со ТАТ,со Електростопанство и со криминалната приватизација!Замислете само кого сè ВМНЛО ќе го посочи и испорача како виновен,ако СДСМ и за тоа поднесе кривична пријава против „непознат сторител“! :0))) |
| Marcus Marius, 18.11.2012 16:28:03 | Dodeka vo Makedonija ne dojdi treta zdrava opcija, chista, chesna, napredna, pametna, iskrena i nesamobendisana, chista negacija na ovie sega na vlast a i na onie koi porano ja drzea, negacija na sé shto pravat ovie i na sé shto pravea onie pred niv, nema idnina za Makedonija. Ke ima idnina i toa podobra samo za 1000 od niv od ednata strana ili za 1000 od niv od drugata strana. Za ostanatite dva milioni ke ima sé pomalku i pomalku i od toa shto ima do sega. Mozi li Makedonija da donese na vlast takva treta opcija? Toa e prashanjeto koe sekoj eden treba da si go postavi, a ne prazni razgovori i nadmudruvanja te Crv.. te Buch.. te Gru... te Gje... so koi sé se vrtime vo krug chija spirala odi kon centarot. A shto poblisku do centarot toa podaleku od narodot. Prosto, Makedonija cela stana zarobenichka na nekolku lichnosti. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 11°C
Претежно облачно
|
Понеделник
Обилни врнежи
Макс: 12°C, Мин: 6°C
|
Вторник
Обилни врнежи
Макс: 12°C, Мин: 7°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз – Титова Совладетелка (5)Владетелот и совладетелката често не беа на „иста бранова должина“.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
|