Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Коментари
16.11.2012, 18:27

Едиторијал

Топот повиновен од Готовина

Слободанка Јовановска

Хашкиот суд покажа вчера како се брише и пишува историја.Новата земја членка на Европската унија, Хрватска, по се' изгледа мораше да влезе со досие чисто од воените злосторства. Поинаку не може да се протолкува скандалозниот заклучок на жалбениот суд во Хаг дека се' што хашките судии пресудиле претходно, немало врска со реалноста. Дека се виновни топовите што не гаѓале прецизно, бидејќи генералот Анте Готовина не ја почнал операцијата „Бура“ со намера да предизвика иселување на Србите и етничко чистење. Дека гранатирањето на градовите со цивилно население било законско и дека Србите не биле депортирани, туку сами си заминале. Или, дека се' она што го знаевме над една деценија за војната во Хрватска било неточно, односно дека имало стотици убиени цивили ама за тоа никој не е одговорен. Дека сите можат да спроведат етничко чистење ако знаат тоа добро воено да го менаџираат, бидејќи не е важно кој беше епилогот, туку како топот ги погодувал целите -легитимно или не.

Или пренесено на наш терен, не биле вистинити заканите дека некој од Македонија ќе заврши во Хаг ако продолжеше бомбардирањето на Арачиново, бидејќи секое бомбардирање на населено место не е злосторнички чин.

Со вчерашната пресуда, колку и да ја слават и ја сметаат за праведна во Хрватска, Хашкиот суд дефинитивно си стави прашалник на својот кредибилитет како институција. Тоа што ниту еден Хрват не беше „достоен“ да биде осуден за војната што Фрањо Туѓман и Слободан Милошевиќ заеднички ја договараа на парче салфетка, само ќе ги отвори повторно незалечените рани во целиот регион на бивша Југославија. Не дека некој сака од овие простори да има што повеќе осудени воени злосторници, но тие што сакаа да разместуваат населенија и да прекројуваат карти не смеат да останат неказнети, за да не биде пораката дека таквите политички авантури за некого всушност се дозволени.

Колку и да се вадат на правни финеси и на технички детали хашките судии што ја донесоа вчера одлуката, тие не можат да не признаат дека таа е политичка порака. По неа и Македонија може повторно да се запраша - зошто Јохан Тарчуловски воопшто е затворен во Хаг и зошто Македонија е жигосана во светската историја како држава на воен криминал иако беше нападната, а Хрватска излезе дека само се бранела? Која е воопшто разликата меѓу протерувањето на Косоварите од страна на Србите и протерувањето на Србите од страна на Хрватите, за во првиот случај тоа да биде повод за воена акција на меѓународната заедница, а во вториот случај за херојски ореол на генералот Готовина со меѓународна легитимација.

Она што ја прави најскандалозна пресудата на Хашкиот суд е што, по нејзиното преиспитување , излегува дека угледните меѓународни судии таму не знаеле што прават, па ако се верува сега на оценките, лесно можеле да осудат и невини. Тие изрекоа пресуда од дури 24 години затвор за најтешки дела против човештвото, а излезе дека сите тие тешки докази не вределе ни еден ден казна за генералот. Според вчерашната пресуда, Готовина не бил виновен за злосторничко здружување со цел етнички да ја исчисти Краина, не бил виновен за незаконското гранатирање на неколку града во к��е загинаа 324 цивили, а со тоа не бил ни виновен што не спровел истрага - бидејќи убивањето цивили било легално, односно го правеле недисциплинирани поединци. А, Хаг имаше на располагање 200.000 сведоци, но нивните зборови не вредеа колку проценката дали топот има право на грешка подалеку од 200 метри од целта, поради дување на ветер или други временски околности. Иако Хаг не се прослави ни со пресудата околу геноцидот во Сребреница, кога пресуди дека немало докази за српска одговорност, оваа пресуда е тежок удар за сите оние што бараат соочување со сопствените злосторства, бидејќи Хаг им ги зеде аргументите. Откако Хаг не најде интерес да ги истражи сознанијата околу фамозната жолта куќа во Косово, останува сега за десетина дена да го ослободи и Рамуш Харадинај, па да го заокружи комплетно досието на контроверзни пресуди со кое наскоро ќе влезе и самиот како дамка во историјата.


Статијата е прочитана 1673 пати.

Испрати коментар



Пресметка – за што?!
Дипломатија без дипломати?



jovan, 17.11.2012 00:42:49
Posle ova definitivno se znae deka toj Sud e politicka tvorevina so cel da sproveduva politicki interesi. Od pravda definitivno nema nisto. Poukata od ova e , deka treba da si gledas za sebe i svojte interesi ,a ne da slusas sto ti kazuvaat od nadvor.
Goran, 17.11.2012 01:42:19
Sekoja cest na kolumnava.Sekoe dobro
P.Petar, 17.11.2012 01:52:04
Dojde vreme da se oformi nov svetski sud koj bi trebal da gi SUDI postapkite i odlukite na sudot vo HAG bidejki ovie preteraa i se pretvorija vo cist politicki izvrsen organ.Bruka!!
prijatel, 17.11.2012 04:35:18
E, toa e problemot koga zhiveesh vo mala i obskurna zemja postojano manipulirana od golemo-srpska propaganda, zabeguvash. Slobodanka, Hrvatskite Generali zaedno so vojnicite i narodot se borea protiv agresor koj imashe osvoeno 2/3 od Hrvastkata teritorija. So Burata go izbrkaa agresorot. Toa shto imashe civilni zhrtvi imashe, no tie bea poradi voenite dejstvija. A toa shto pred ofanzivata samite Srbi si zaminaa, toa beshe nivna kolektivna odluka, ne sakaa da zhiveat vo Hrvatska. Toa e vistinata. Hrvatska beshe pobednik vo vojnata vo koja taa beshe zhrtvata! I toa Hag go potvrdi!
Bruka vo Hag, 17.11.2012 10:26:35
Na site im e jasno deka Haskiot tribunal e politicki instruiran sud, koj nosi odluki vo zavisnost od politickata volja na golemite zemji. Ovde , da bide sramot pogolem , sami sebe se ponizija. Zamislete , sudskiot sovet na Haskiot tribunal , sostaveno od emeinentni sudii, im dodeli kazna od 24 godini na Gotovina i 18 god. na Cermak, a Zalbeniot sovet im udri samar na svoite kolegi , deka se neznalici i donese potpolno osloboditelna presuda ?!Sega se ocekuva i na Haradinaj koj kolese i Srbi i Albanci da bide osloboden. J... medgunarodna sudska pravda
Uko, 17.11.2012 11:39:16
Grujo e pameten. Prv svati- skolite se raspustaat.. Neka ni e gospod na pomosh.
E prijatele, prijatele, 17.11.2012 12:05:17
prijatele, se sto kaza - utna. Kakov agresor osvoil 2/3 od Hrvatska? Toa bese narod sto zivee tamu i sto (ne)opravdano se isplasi od rezimot na Tudjman. Ako srbite pred ofanzivata si zaminale, protiv koj agresor se borele hrvatskite generali? Protiv kogo bea sprovedeni voenite destvija? Dali Hrvatska e pobednik ili ne, nema vrska so toa dali nekoj napravil voeno zlostorstvo ili ne, ne gi mesaj rabotite. Vprocem, sudenjeto ne e vo Hrvatska, tuku e organizirano od megjunarodna zaednica i pretendira da bide pravedno. Sakas da kazes i deka ishodot na sudenjeto za konfliktot vo Makedonija 2001 e praveden i deka Hag go potvrdi pobednikot i zhrtvata?
Do Prilatel, 17.11.2012 13:10:41
Prilatele! Razbudi se. mrdni so glavata levo desno .otrezni se pa posle pisuvaj gluposti!!
Slavisa, 17.11.2012 15:11:46
Ova ke bide upateno do prijatelot: Dragi prijatele, ti ja komentiras presudata kako sto tebe ti odgovara. Jas ke ja iskomentiram po moe: Oluja i Blesok bea operacii na cistenje na teritoriite koi bea vekovni srpski, etnicki ognista. A takvi bea zatoa sto ungarskata i hrvatskata feudalna vlast (blagorodnistvo), gi naselilo ovie kraevi so Srbi, za da gi branat nivnite togasni granici od Otomanskata imperija. Mnogu ubavo im se zablagodarija. Sram da ti e. A haskiot tribunal e amerikanska institucija, formirana za da se optuzi samo eden narod na Balkanot, po merka na golemite sili. Toa e onoj istiot sto niv im bese glaven sojuznik, vo prvata i vtorata svetska vojna.
pobeda, 17.11.2012 15:30:12
Bravo prijatel! Edinstven normalen komentar. Kolumnata na gospodjata Jovanovska e kako da go prepisala od nekoj srpski vesnik. Citiram дека се она што го знаевме над една деценија за војната во Хрватск. Koj znae??? Vie gospodjo Jovanovska??? Dali Vie mozebi bevte vo Knin 1995 pa taka ste sigurni sto se slucuvalo tamu ili ste samo kako i mnogu drugi vo Makedonija pod vlijane na srpskata propaganda. Sramota za Utrinski sto im dozvoluva na ovakvi luge da pisuvaat komentari. Pa do koga ke bidete srpski poslusnici??? Do koga??? Oni na makedonska teritorija ja slavat okupacijata nad Makedonija i toa e normalno, a koga nevini luge se oslobudavaat na megunaroden sud vo Hag toa najgolem zlocin. Zosto??? Zatoa sto sega izleguva deka srbite se edinstveni vinovnici za vojnata na ovie prostori. Pa i se!!! Ovaa presuda najdobro toa go dokazuva i Hrvatska ima pravo da slavi!!!
девичанецот, 17.11.2012 16:23:42
Хашкиот трибунал не е политички суд. Тој само носи пресуди во корист на убијците и разбојниците. Тоа се вика Неправеден суд! И најголема е грешка што Хари ( Костов) ми ги предаде на судот Јохан и брат Љубе.
verag, 17.11.2012 17:56:42
Tи пријателе мора да си Хрват. На сите сега им е јасно дека ова е политички суд, во којшто главни се Амариканците, најголемите воени злосторници - само во Хирошима и Нагасаки убија стотици илјади цивили.СсПОРЕД ГЛАВНИТЕ ШЕФОВИ ВО СУДОТ ЕДИНСТВЕНИ ВОЕНИ ЗЛОСТОРНИЦИ СЕ СРБИТЕ (КАКО шТОМЕДЛИН ОЛБРАЈТ ГИ НАРЕЧЕ ОДВРАТНИ СРБИ) и МАКЕДОНЦИТЕ. А Албанците и Хрватите биле невини и кротки, како бебиња.
ФЕЛИКС, 17.11.2012 18:41:10
Пресудата за пуштањето на Готовина и Чермак за многумина представува изненадување,но за богами огромен дел на Хрватите беше очекувана.2-3 дена пред пресудата по хрватските портали провејуваше убеденост д��ка генералите ќе ги ослободат.Информација вероватно доставена од Хаг до врвот на државата,за потоа како охрабрувачко коментирање се пушти по порталите.Инаку ако се повлече паралела помеѓу нештата се гледаат повеќе работи.Скоро и нема Хрват од Хрватска осуден за воен злостор,има само Хрвати од БиХ,потоа со оваа пресуда останаа не санкционирани злосторници кој во Книн и околината убија околу 2.000 цивили.И трето најважно што се осудени главно Срби и за ,,зачин,, во Хашката правна чорба еден Македонец.Апсурд невиден барем кога се однесува за нас. 6 жртви = 12год. 2.000 жртви = 0.Е тоа се вика применување меѓународна правда по повеќе аршински терк. Истите не учат како треба да се почитува и применува правото.
Србија си го бараше и си гo доби, 17.11.2012 20:17:42
Краина овде краина онде. Ако тие краини успееја во Македонија исто српски ке правеа. Тоа што го доживеа Србија треба тродупло да си го добијат Грција и Бугарија. Оти и тие чергите на туѓо ѓи имаат послано. Не го користитете херојот Тарчуловски во србомански цели. Знаеме за неправдите кон Македонија. Но тогаш врие од коментари како ние сме биле виновни. Честитки до најдобриот пријател на Македонија на Балканот Хрватска.
пријател и prijatel, 17.11.2012 21:12:55
Нема ништо да коментирам на напишаното од prijatel, затоа што би ги повторил зборовите од „ E prijatele,prijatele“, „ Do Prijatel“ и „ Slavisa“ со кои во потполност се сложувам, но сакам само да кажам дека „ prijatel “, не е истиот коментатор кој се потпишува како „ пријател “ .
EU, 17.11.2012 21:29:04
Mozebi generalite se odnesuvale soglasno megunarodnite voeni konvencii, no Franjo Tugman sigurno se prevrtuva vo grobot zaradi zaklucokot deka nemalo zdruzeni kriminalni dejstvija so cel na trajno iseluvanje na srpskoto naselenie.
pretpriemach, 17.11.2012 22:03:06
Nema da komentiram za Hrvatka no bi go prasala PRIJATEL: Zosto Johan e osuden i e vo zatvor, koga se znae i Makedonija bese napadnata od agresor i namesto agresorot osuden e branitelot??? Pa PRIJATEL kade e tvojot komentar za ova????? Ili ispod cest ti e da ja spomnuvas nasata makedonska realnost !!!!!!!!!!!
Realen, 17.11.2012 23:14:59
Ne navleguvajki vo pricinite zasto dojde do toa, Srpskoto naselenie vo Hrvatska posle voenite operacii Oluja i Blesok, ja imase istata sudbina kako i makedonskoto naselenie vo Grcija vo 1949 godina, posle trigodisnata graganska vojna. Razlikata e samo vo vremetraenjeto na vojnite dejstvija, od pricina sto hrvatskata daleku pomnogubrojna i do zabi naoruzana vojska, posle dve godini intenzivni podgotovki, gi napadna daleku poslabo naoruzanite i malobrojni srpski voeni formacii i golorukoto naselenie.
Dusko Jankov, 18.11.2012 02:47:21
Pobednicite ja pishuvaat istorijata. Dali USA generali se sudeni za zlostorstvata vo Tokyo i vo Hiroshima i Nagahsaki. So atomskata bomba znaeja deka ubivaat (so cel) civili i toa ne ednash tuku dva pati. Vo Drezden go zapalile neboto 50 000 ziteli zaginale A vo Vietnam gi palele polinjata zaedno zo zivotnite so napalm bombi. Za Grcija vo gragjanskata vojna prv pat koristele napalm bombi protiv voglavnom makedoncite. A za Irak Po nivno kazuvanje zaginati se 150 000 lugje. A za Srbija sto pravele vo Makedonija vo balkanskite vojni i prvata svetska vojna a nie kako poltroni gi slavime. Hrvatska Neli Knin beshe vo Hrvatska a tamo ziveeja i Hrvati (Isterani bea od cela Krajina) Hrvatkska se oslobodi Ja oslobodi teritorijata svoja. Tie pravele zlodela toa e fakt megjutoa oslobuduvanjeto na svojata teritorija ne e genocid pogotovo sto skoro site Srbi zaminaa od tamo so agenda A sega imaat dpravo da se vrata sekako.Samo nie Makedoncite izgleda mu se voshituvame na okupatorot i go velicime
Dr. Voislav Ognjanov, Arizona, SAD, 18.11.2012 06:15:45
Se slozuvam so statijata. Ova e teska sramota za sudot vo Hag. Toj e ocevidno a kangaroo court, koj e cisto politicki i nema nikakva vrska so pravdata. Ameri ja organizirava Oluja i sega mora da se dokaze deka zrtvite se krivi a ne dgelatite. Taka isto i kaj nas. Nikoj ne odgovara za zlocinite nad srbite vo Hrvatska nitu za zlocinite nad nasite ludje vo 2001 godina.
Дими, 18.11.2012 06:31:06
Апсолутно исправна одлука на Судот, во секој поглед. И навремена порака до Србија дека нејзините испади по туѓи територии нема да се толерираат, па колку и да се изведени преку манипулација на домашните срби, кои наивно влетаа во игрите на милошевиќ. Кога плачеа хрватските мајки од Вуковар, Книн, Осијек, србите се смееја и пианчеа, но тоа Слободанка изгледа не го памети.
Ајван Доктор®, 18.11.2012 08:19:46
Се остварува „Хитлеровата“идеја за создавање што поситни држави на Истокот!Таа е дел од геостратешкиот план на Големиот брат за владеење со овие делови на светот!Не случајно неговата пропагандна машинерија ги истакнува како најголемо зло југословенството и панславизмот!Затоа Србите на своите вековни огништа се оцрнети како окупатори,а хрватското крваво етничко чистење е одобрено како нужно зло!На тој пат вешто се искористуваат конфесионалните и националните спротиставености!Токму затоа дежурен виновник се Србите (затоа не се изоставени ни Македонците)!Со двојните аршини порачуваат дека само тие одредуваат што е злосторство,а што не,и кој е злосторник,а кој не е!Сè во интерес на глобалниот профит!Илирида е предвидена за наредната етапа на пироманството,за нова бура!Глигоров јасно сведочи дека само Туѓман е тој кој ги исцртувал мапите,а Андов шпекулира со српско-грчки завери!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 5°C

Магла

Понеделник
Облачно
Макс: 13°C, Мин: 6°C

Вторник
Обилни врнежи
Макс: 12°C, Мин: 3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (4)
Хрушчов го викал Тито социјалистички цар. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Правењето перики - доходовен бизнис
За екстензиите сите мислат дека се хит. Така, Англија е на третото место според увозот на човечка коса. Како и зад секој...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |