16.11.2012, 12:33 Реакции во Србија: Скандал полош од неправда
Ослободителната пресуда на хрватските генерали Анте Готовина и Младен Маркач е донесена под политички притисок, неверојатна е и срамна, оцени претседателот на Република Српска Милорад Додик, јави Танјуг.
- Неверојатно е по првостепената пресуда на на хрватските генерали сега да биде донесена ослободителна пресуда. Можеше да се очекува, можеби, намалување на казната, но не и ова, истакна Додик.
Претседателот на Република Српска смета дека „политиката имала одлучувачко влијание“ и дека Хрватска, која треба да стане членка на ЕУ, со пресудата за здружениот злосторнички потфат „сигурни не би имала добри препораки“.
- Ова е понижувачка одлука за сите жртви, за сите Срби... Сите кои веруваа дека постои меѓународна правда сега можар да бидат сигурни дека таа е селективна, и политичка и дека само на тој начин и се применува, вели Додик.
Шефот на Националниот совет за соработка со Хаг и српски вицепремиер Расим Љајиќ смета дека Хашкиот трибунал со денешната пресуда го изгубил секој кредибилитет.
На новинарско прашање дали по одлуката на Трибуналот да ги ослободи хрватските генерали размислува за формален прекин на соработката со судот во Хаг, тој одговори дека не треба за тоа да се размислува.
Тој истакна дека Трибуналот е формиран со цел да придонесе за утврдување на вистината, за помирување на просторот на некогашна Југославија и семејствата на жртвите да добијат морална сатисфакција, додавајќи оти ништо од тоа не е направено.
Љајиќ рече дека нелогично е тоа што никој не оспорува дека се случиле злосторства во акцијата „Олуја“, но дека уште ниту еден поединец за тоа не одговарал.
Обвинителот за воени злосторства Владимир Вукчевиќ рече дека ослободителната пресуда за Готовина и Маркач покажува дека сериозно е загрозен принципот на казнивост на воените злосторства и додаде дека таквата одлука на Хашкиот трибунал е скандалозна.
- Се работи за еден од најголемите воени злосторства во поранешна Југославија, за убиства, протерувања и загрозеност на повеќе стотици илјади луѓе, а за тоа никој досега не одговарал, рече Вукчевиќ.
Според него, правно е неиздржливо што првостепениот судски совет на обвинетите им изрекол високи казни, а дека второстепениот совет донел дијаметрално спротивна одлука.
|
|
Статијата е прочитана 2144 пати.
|
Испрати коментар
|
|
riki, 16.11.2012 16:24:41 | poveke e od ocigledno deka haskiot tribunal ima razlicni arsini prema razlicni zemji.poveke e od ocigledno deka hag e politicka marioneta vo racete na amerika i eu.ne mi e jasno kako e vozmozno da se kaznuvaat luge samo od odredeni zemji a ne se zema vo obzir sevkupnata krivicna odgovornost,odnosno,voenite zlostorstva ama od site zemji koji na bilo koj nacin ja prekrsile zenevskata konvencija.znaci moze tojgotovinaimarkacda dobijat osloboditelna presuda a se znae kolku stotici iljadi luge se proterani od rodnoto zemjiste i kolku od niv selikvidirani,pretezno civilni lica a dodeka nasiot tarculovski johan,mora pola vek dagniezbognekoj si voen zlostorsto mu se prepisuva i sto samiot toj ne e svesen i ne go razbira seto toa,so drugi zborovi,nema ama bas nikakov delikt napraveno vo smisla navoen zlostor.za sporedba so tiedvajcata.gotovina i markac,johan bi dobil ne dozivotna nego bi dobil i smrtna kazna.sramota |
| Fani od Germanija, 16.11.2012 20:27:02 | Sramno i ponizuvacko za celiot srpski narod.Covek ne e moken pred ovaa nepravda...I edno da ne zaboravime: Hrvatite nikogas ne popustija pred Haskiot tribunal,tie sekogas nastapuvaa samouvereno i agresivno,protestiraa vo Hag,advokatite imaa makotrpna rabota i na krajot uspeaa.A sto da kazime nie Makedoncite,zar trebase da se dozvoli Tarculovski tolku mnogu godini da se osudi i nikoj da ne reagira????Kade ni e sovesta,odgovornosta???Jas iskreno da vi kazam i neznam tocno zosto toj tolku mnogu e osuden.Hrvatite vo ovoj slucaj nastapija edinstveno i agresivno,toa na Haskiot sud mu odgovara a i sramno bi bilo za EU da primat zemja vo svoeto semejstvo so osudeni vo Hag,Vo sekoj slucaj,sramota i ovoj sud treba sto poskoro da se zatvori... |
| Pero, 16.11.2012 23:15:49 | Bravo, e ova mi ti se vika drzava, svaka vi cast, Samo napred Hrvatska... |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 5°C
Магла
|
Понеделник
Облачно
Макс: 13°C, Мин: 6°C
|
Вторник
Обилни врнежи
Макс: 12°C, Мин: 3°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (4)Хрушчов го викал Тито социјалистички цар. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
|