16.11.2012, 17:10 Интервју - СДСМ си дава автоголови
„Нервозата која се создаде кај социјалдемократите е поради математиките дека ’Сојузот за иднината‘ ќе им донесе дополнителни 70.000 гласа, но јас проценувам дека реалната вредност на ВМРО-НП и на ЛДП не е поголема од 20.000 гласа“, смета поранешниот претседател на СДСМ, Владо Бучковски
Татјана Поповска
Деновиве сте на удар на СДСМ, како ги доживувате нападите од Вашите поранешни блиски соработници?
Морам да признаам дека не бев изненаден, затоа што ако се следат настапите на СДСМ последнава недела и подготовките преку новинари блиски до нив, се гледа дека го подготвуваа теренот. Демек се' е по тамам во опозицијата и во СДСМ само да не работат кујните, кои имаат лукративни мотиви за да му нанесат штета на СДСМ за да не стигне партијата до очекуваната победа. Се гледа дека ова е оркестриран, подготвуван напад. Не можам да проценам зошто СДСМ влегува во негативна кампања, кога условно речено, сите очекуваа по формирањето на „Сојузот за иднината“, да влезе во позитивна кампања и да им се приближи на неопределените. На овој начин сметам дека СДСМ си дава автогол. Последните два дена имам илјадници јавувања од познати, но и од непознати луѓе, кои се вџашени од начинот на кој опозицијата, на нецели три и пол месеци пред почнување на официјалната кампања за локалните избори, се занимаваат со мене и со уште неколкумина поранешни истакнати членови на СДСМ.
За тоа немам логично објаснување. Мислам дека имаат погрешна претстава за моите активности. Според настапите, кај секретарот на партијата Андреј Петров гледам лик кој изгледа уплашено. Дали тоа е од стравот што некој го создал дека независните кандидатури се под моја диригентска палка. Ако така мисли, јас не знам како поинаку да го уверам освен уште еднаш да демантирам дека тоа не е мојот стил на политичка битка. Ако правам нешто, правам транспарентно. Мојот став е јасен, јас не настапувам со независна кандидатура, ниту пак со независни листи.
Сепак, има малку поголема коинциденција на она што сега се случува со Вашите најави од пред околу една година, дека е можно во политиката да се вратите со независни изборни листи.
Јас уште пред две недели јавно соопштив дека не планирам да доставувам независни листи, бидејќи во моментов немам потреба на кој било начин да бидам алиби за евентуалниот пораз на СДСМ. Нервозата која се создаде кај нив веројатно е поради математиките кои не им излегуваат. Ако очекувањата беа дека со „Сојузот за иднината“ ќе дојдат дополнителни 70.000 гласови, сега и на најголемите оптимисти им е јасно дека не е така. Силата на овие политички партии, особено мислам на ВМРО-НП и на ЛДП сега и пред година и пол не е истата. Проценувам дека нивната реална максимална вредност не е повеќе од 20.000 гласови. Од друга страна, најавите на овие независните кандидатури и можноста да има такви уште повеќе, ќе го соочат СДСМ со реалните бројки дека оние кои имаат независни листи, а биле истакнати членови на СДСМ можат евентуално да одлеат повеќе гласови од овие 20.000 што ќе им ги донесе Сојузот. Затоа се обидуваат да ги дискредитираат независните кандидати.
Зошто мислите дека Михаел Младеновски од Центар и Виктор Цветковски од Куманово ќе земат повеќе гласови од ВМРО-НП и ЛДП?
Јас говорам генерално, а не само за нив. Според најавите, Димитар Бузлевски може да освои повеќе гласови и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ. Или Панчо Минов, кој стандардно освојува две и пол до три илјади гласови во Кавадарци. Виктор Цветковски во Куманово не можам да проценам каков резултат може да направи. Но, не исклучувам дека може да постигне одреден резултат имајќи предвид дека беше форсиран во изминатите четири години. Беше член на Извршниот одбор во „ресетираниот“ СДСМ и беше фаворит на Црвенковски. Мојот фаворит бил и останал актуелниот градоначалник на Куманово, Зоран Дамјановски.
Велите дека СДСМ преку ваквите напади подготвува терен за конгресот по локалните избори. Какви ќе бидат Вашите позиции на тој конгрес?
Сценариото за конгресот е едноставно. Ако СДСМ победи, нормално и очекувано ќе биде Црвенковски да бара шанса на предвремени парламентарни избори да го победи ВМРО-ДПМНЕ и Груевски и да си замине како победник. Тој сам дефинираше дека еден глас повеќе на листите за советници е победа, иако јас мислам дека не треба да ситничариме, бидејќи СДСМ ќе биде близу до победата и ако има некоја илјада глас помалку од ВМРО-ДПМНЕ. Но, ако СДСМ биде поразен недвосмислено, за очекување е СДСМ да избира нов претседател. Тогаш ќе дојдат до израз моите заложби, кои наидуваат на поддршка во членството идниот на претседател да го избираме на непосредни избори. Најдобро е при евентуален пораз, Црвенковски сам да се повлече. Тогаш ќе имаме чиста ситуација и ќе можат да се направат подготовки за СДСМ повторно да застане на здрави нозе. Факт е дека ќе има потрес. Искуството со Борис Тадиќ и неговата Демократска партија треба да ни биде пример. Никој не веруваше дека неговите најблиски соработници први ќе побараат оставка од него. Во СДСМ ова молчење, овој конформизам нема да трае вечно.
Кога СДСМ соопшти дека поднеле кривична пријава за случајот „Телеком“ Вас не Ве спомнаа. Вашето име и името на Димитар Бузлевски ги спомна ВМРО-ДПМНЕ?
Ова што сега го прави Андреј Петров, СДСМ јавно го правеше цел месец кога медиумите ја следеа разрешницата во САД за вонсудската спогодба што ја постигнаа „Т-мобиле“ и американската Комисија за хартии од вредност. Најмалку десетина брифинзи имаше во СДСМ, каде што и тогаш посочуваа еве ги Бучковски, Бузлевски, па и други имиња беа споменувани. Сега, очигледно, се испровоцирани од атмосферата која се создава. Оваа тензија и нервоза е резултат на високиот лимит за победа, што Црвенковски сам го спомена. Инаку, во Македонија нормално е да има независни листи.
Вие прв го повикавте Црвенковски да ја организира опозицијата по принципот на српски ДОС за да може да ја победи оваа владејачка гарнитура. Тој го спроведува тој проект, со исклучок на албанските партии, зошто сега го критикувате и тврдите дека не е добар?
Мислам дека не е доволно. Силата на овие четири партии што сега се приклучија, е различна во јуни 2011 година и во ноември 2012 година. Дополнително, тоа требаше да се направи уште пред изборите. Сега беше нужно. И тоа е прагматичен пристап на СДСМ, кој се обидува да го зголеми својот фонд на гласови. Прагматичен е пристапот и на вонпарламентарните опозициски партии, за кои е јасно дека ако не бидат дел од локалната власт, ќе се најдат пред политичка маргинализација. Тука мислам на ВМРО-НП и на ЛДП. Потоа Црвенковски никако не смееше да ја растури коалицијата со ДПА. Исто така сметам дека поради сопствената суета Црвенковски не успеа да го обедини СДСМ. Еве одбрал јас да му бидам опозиција во партијата, со кого ќе се пресметува и не сака да соработува. Зошто не ја формираше владата во сенка, што е проблемот? Очигледно проблем му е тоа што не сака да признае дека дел од раководството што сам го избираше нема поддршка во јавноста. Тоа е еден од сериозните проблеми што ги има СДСМ. За мене е несфатлива нивната стратегија. Во ситуација кога толку ретко имаме штрајк на лекарите, Андреј Петров како лекар по професија, место да се занимава со мене и да биде квазиобвинител, тој треба јасно и недвосмислено да ги поддржи лекарите. Тој води негативна кампања, а со неа може да направи само штета.
Потпретседателката на СДСМ и Ваша колешка од Правниот факултет, Ана Павловска-Данева, во последната колумна ве обвинува дека иако сте свесен за режимот што го спроведува ВМРО-ДПМНЕ, не ги критикувате нив, туку само СДСМ.
Тоа е поразително за неа. СДСМ беше најмоќна кога имаше раководство со кое не се случуваше да има координација или средба, а сите да кимаат со глава на тоа што ќе го каже Црвенковски. Тоа беа златните времиња. Доаѓањето на Гордан Георгиев, Ана Павловска-Данева, Зоран Јовановски требаше да донесе нов квалитет, но тоа не се случи. На Ана, очигледно, побитна и' е функцијата, а не гледа што се случува.
Можете ли да направите паралела на степенот на демократија во СДСМ и во ВМРО-ДПМНЕ?
СДСМ мора да се разликува од ВМРО-ДПМНЕ. Партијата на Груевски функционира и ќе функционира додека е на власт и затоа додека победуваш никој не прашува за начините како доаѓаш до победата. ВМРО-ДПМНЕ функционира според класичен демократски централизам. СДСМ на голема врата го враќа тој централизам. Нема ни „Д“ од демократија која би стимулирала различно мислење. Нивната логика е ако не мислиш исто со нив, тогаш мора да си платен, уценет или врбуван од ВМРО-ДПМНЕ. Тука СДСМ ја пропушти можноста да покаже дека е различен од ВМРО-ДПМНЕ. За прашањето за името, мултиетничкиот карактер СДСМ оди во чекор со нив, се труди да биде копија на ВМРО-ДПМНЕ. Неопределените не го наоѓаат тоа кај опозицијата, што треба да биде алтернатива на власта.
Што мислите за кандидатите за градоначалници на СДСМ?
За мнозинството, односно за оние што ги познавам, имам позитивно мислење.
Вие сте во општина Карпош. За кого ќе гласате на локалните избори?
Ќе гласам за Стевче Јакимовски. Секогаш гласам за кандидатите од мојата матична партија.
А ако има независен кандидат и во таа Општина?
Ќе гласам за Јакимовски.
Кога сме кај „Телеком“, се чувствувате ли како тогашен премиер одговорен за овој случај?
Додека не заврши судскиот процес кој се води против поранешниот директор на Агенција за електронски комуникации Трпковски, не можам многу да зборувам. Во тој процес јас сум сведок. За да не го загрозам сведочењето само ќе посочам неколку работи. Прво треба да се следи однесувањето на владите на СДСМ кон „Маџар телеком“ и зошто во 2002, 2003, 2004 година не беше исплатена дивиденда. Бидејќи законот за електронски комуникации кој беше неопходен да се либерализира пазарот, е донесен на втората владина седница кога јас станав премиер. Реализација на тој клучен елемент за либерализација на пазарот се случува во парламентот. Треба да се видат однесувањата на владејачкото мнозинство, но и на ВМРО-ДПМНЕ тогаш кога пратеник беше Никола Груевски, за да се дојде до вистинската претстава за тоа дали воопшто е можно да биде извршена таква, условно речено, голема операција каде што би биле инволвирани стотина луѓе и досега никој ништо да не зуцне.
Но, „Дојче телеком“ исплати отштета, значи некаков заговор е очигледно дека има?
Таму е сосема друга приказната зошто „Дојче телеком“ исплати, а зошто „Т-мобиле“ дојде во судир со американската држава. Тоа е бизнис во телекомуникациите. Прозаична е приказната дека проблемот на релациите на „Т-мобиле“ со американската држава биле поради случувањата во Македонија или Црна Гора. Тој судир е многу поширок, а во конкретен случај дали чувствувам дека работите можеле да бидат поинакви во 2005 година, мислам дека одлично го менаџиравме процесот кој беше наследен, односно привилегиите што „Маџар телеком“ ги добил со договорот од 2001 година беа наследени.
|
|
Статијата е прочитана 5704 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Mark, 17.11.2012 00:16:51 | Dobro e, na Buckovski mu prorabotuva racioto pa ova intervju donekade se razlikuva od pisanijata vo Dnevnik koi kako Ilija da mu gi bese sufliral..Covekot sega ja spasuva kozata i nolens-volens mora da lavira na site strani..Sepak sto se odnesuva do nego zakonot ke si kaze sto ima i od toa nema beganje! A avtogol si dade vlasta - namesto so vulgarnata kampanja da go natera Crvenkovski da demisionira taa samo mu gi zacvrsti poziciite i pokaza kolku vsusnost se plasi od nego(a i treba Bogami)! A si zabi i uste eden - gi istera lisicite od duvlata i sega e dosta pojasno koj e za kade(a koj za nikade).. |
| FIlip, 17.11.2012 01:26:05 | Kako ne mu e sram da se pojavi voopsto pred makedonskata javnost neli mu teknuva kako od sobrani go spasija narodot koga sakase da go utepa i sega najde da se umilkuva na VMRO i on vo zatvor da ne zavrsi.Sekoja cest za cinicnosta! |
| analiticar, 17.11.2012 05:34:16 | daj ne popuvaj,kazi deka se zavisi od liderite i kolku pari ukrade,vo site aferi figurira tvoeto ime.Ti odsekogas si bil masa na b.c,a sega sakas na grujo . |
| neutral, 17.11.2012 08:41:09 | Steta sto nema da izleze na izbori. A ke bese interesno da go vidime vo kampanja so negovata legendarna izjava koga vo 2006 vo Rostuse na sred selo izjavi VASITE 1500 GLASA NE MI TREBAAT POBEDUVAN I BEZ NIV. i zagubi so najslabiot rezultat na levicata vo Makedonija odnosno dobi samo 210 iljadi glasovi. P.S Koj saka siguren poraz i rasturanje na partija neka go pribere vo svoite redovi. Takva arogancija od covek retko majka radja. |
| Krste, 17.11.2012 08:43:23 | Ne se zanesvaj i zamolci veke ednas.Pravis samo steta a velis deka si opozicioner.Ja izgubi i taa malku doverba koja ja imase kaj lugeto.Imase se vo tvoite race i nisto ne napravi.Vo momentot si samo od korist na vlasta i na nikoj drug.Zatoa te molam, PRESTANI. |
| kole, 17.11.2012 09:53:25 | Bu-cko go izgubi tloto pod nozete. Kase sto ima cad ima i ogan. |
| Sto e mnogu ,mnogu e, 17.11.2012 10:15:09 | Ajde da ti veruvame na ovie izreceni zborovi, ama mnogu bre aferi Bule se vleckaat za tvoeto ime , sto kako minister , stoi kako premier: Tenkovski delovi, , aferata so srpskata firma Milic, domot na ARM vo Veles sto mu go otstapi na tvojot prijatel Meckarov, a posle sudot donese odluka deka se raboti za nezakonska rabota, eve sega i Telekom, prodazba na ESM.Sto e mnogu, mnogu eZnam deka si od VMRO ucenet i pritisnat vo cose, bidejci imas debelo dosie kaj niv, pa zatoa mora da pisuvas onakvi pisanija vo Dnevnik. |
| Do koga ke popuvame?, 17.11.2012 11:04:03 | Bule, ova e se vred, ama ... ! Koj ja opljachka drzavata i ni ja nametna ovaa beda? Jas veruvam deka pljachkashite se Branko, Ljubcho, Buchko i Grujo. Normalno, so svoi timovi/vladi i tajfi. A ako je kojim sluchajem nekoj drug, shto e prosto neverovatno, odgovornosta mora da ja snosite tokmu vie, ne nie! Ne bev jas premier pa da go sprecham tolku ochigledniot grabez. Ili toa ne beshe vasha rabota? Da, moja ke da e, bidejci jas ja imav taa moc. Abre Bule, najdobro e site da si odite, ne samo Branko. I po moznost vo Shutka, a ne na Halkidiki. Sramota! |
| Ајван Доктор®, 17.11.2012 11:26:14 | После оние силни колумни во „Дневник“во кои Бучковски не успеа да упати ниту еден критички збор до актуелната власт веќе е појасно дека се работи за улогата „Тројански коњ“и за тоа на кого мислел владетелот кога посакува промени во СДСМ!Колумните,со кои им се приклучи на „античките мислители“во кои секој роден во минатото (и во сегашноста)на територијата на Македонија се прогласува за Македонец,јасно го детерминираат!Слично како и неговиот „мирољубив“и „доблесен“повик за заедничко празнување на историјата со „спомагателот“од 2001 кој ни прати воена помош во (хаварисани)тенкови,спремни за старо железо!Љубов е тоа,не е шега!Факт е дека во Македонија не постои партија во која се разговара слободно,или некоја во која се цени мислењето кое е различно од она на претседателот на партијата!Пробајте го тоа во ВМРО-ΔΡΠΑΜΕ и опстанете!Ми раскажуваше еден шофер во Собранието на РМ за тоа како си го вивнал својот син во политичките висови,но јас не му верував!Можеби требаше? |
| Dimitar, 17.11.2012 12:14:50 | Ako izborniot rezultat od lokalnite izbori ke bide klucen za Kongresot vo Maj, togas:
Glasovite na vmrovcite od VMRO-NP ke odlucuvaat dali vo SDSM ke ostane pretsedatel Crvenkovski, a glasovite na sdsmovcite ke odlucuvaat dali Ljubco Gerogievski ke ostane na politickata scena.
Situacija za triler film. Eden glas za dve politicki karieri na Branko i Ljubco.
Se nadevam deka vakvi koalicii nema poveke da gledame, nesto vo stilot na Nepristoen predlog.
Za Kongres na ovie partii ke treba da si gi izvadat na megdan svoite cisti glasovi, pa da iskocat pred delegatite. A da si najavea postizborna koalicija.
Na proslite izbori se sobraa mnogu glasovi za opozicijata so pomos na A1 TV, a toa nikoj i nikade ne go spomnuva.
Dali bez A1 TV, ke gi imaat istite glasovi?
Neznam, no vo sekoj slucaj i posakuvam uspeh na opozicijata, no ne ni davaat cista situacija za da glasame.
Jas ednostavno neli nemozam da glasam za Ljubco, ne lizam tamu kaj sto sum plukal.
|
| Bukefal, 17.11.2012 12:45:43 | Хаха, абе Буле, прошетај се низ народот и види кој е задоволен од скапотијата, невработеноста, рецесијата, арамлукот и после прави си проценки и притоа фокусирај се на ДРПМНЕ и кажи ни зошто баш народот нив ќе ги гласа, поради кое задоволстово? |
| Istocna Makedonija, 17.11.2012 13:54:43 | Ocigledno,Buckovski ima potreba na izleze od licniot
Galimatijas,oti ,,Od site strani Gorgi sardisanveli narodnata!Pa,neka lavira,neka se snaoga i izbavuva
iskusen politicar e! |
| Pece, 17.11.2012 14:00:11 | Dobro sto ke se ocistime od vakvite da ne recam predavnici pod cija direktiva rabotite koj ve finansira cii interesi stitite pa za na kraj i nasiot Crvenkoski ne vi cini koj ve donese od bezdna pa taka mu vrajkate sega samo zalam sto ke izgubime ne po vina na SDSM tuku od takvite kako vas i onoj bugaras sto go zedovne a ako ne vi se dopajgame napravetesi partija pa togas da se vidime koj kajsne. |
| MinusInfo, 17.11.2012 15:17:47 | Да не ја креираа НСДП Тито Петковски и Бранко, Бучко ќе победеше во 2006 |
| Maja _Strumica, 17.11.2012 16:07:53 | Ne mozam da veruvam gospodine Buckovski kako mozes postojano da ja kritikuvas sop[stvenata partija koja te napravi premier i lider a nitu zbor ne kazuvas protiv denesnata diktatura na Gruevski .Neli tie sram cela partija zastana vo tvoja odbrana koga saakaa da te uapsat za malverzaciite.
DALI SO TOA SI JA KUPUVAS SLOBODATA I SORABOTUVAS SO GRUEVSKI NE MOZEME TOA DA TI GO OPROSTIME. |
| Trpe 2, 17.11.2012 17:21:10 | Bucko sto pravi denovive Andrej ?Na preseot ne go spomna tvoeto ime.Te spomnaa tvoite prijateli !!!Sto si se okomil na Andrej? Zaboravi li koga si dade ostavka,samo toj izleze od salata i te isprakase do avtomobilot.I najposle Bucko ti kako sam da se prepoznavas vo taa afera? |
| nacional-patriot, 18.11.2012 05:09:07 | Znaci spored Buckovski SDSM ima sansa da osvoi golem del od neopredelenite glasaci dokolku se razlikuva od VMRO-DPMNE taka sto SDSM ke se zalaga za promena na imeto na drzavata,a i taka sto ke gi podrzuva stavovite na politicarite od gegiska etnicka pripadnost.Epa drugar Buckovski,vo zabluda si.Ne se samo clenovite i simpatizerite na VMRO-DPMNE protiv menuvanje na imeto na drzavata.Tokmu i najgolem del od neopredelenite se protiv dodavki i pridavki na imeto na drzavata kako sto se i protiv oficijalna dvojazicnost vo Makedonija i protiv za izednacuvanjata na branitelite so teroristite od ONA.Izborite SDSM megju drugoto gi gubese i poradi nivnite stavovi koi bea vo sprotivnost so drzavnite interesi.Sega SDSM se obiduva da go poravi imidzot, iskreno ili ne.Ne vo Makedonija,tuku vo drzavata so glaven grad Atina vo minatoto i sega sekoj koj se ragja se proglasuva za *Grk*be Ajvance.So vakvo podnesuvanje prijava kon nepoznat storitel,na SDSM ne mu e vazno rascistuvanje na aferata vo Telekom. |
| Звонко Каров,Кавадарци, 18.11.2012 09:08:18 | Бучковски е МАЛ за да ги ,мери,Љубчо,Сојузот за иднината и нивните кандидати.
Подобро е да ,сонува, за март,отколку за МАЈ |
| citatelka, 18.11.2012 11:38:26 | More Bucko,ti gi donese Grujo i kompanija na vlast.Ti gi izgubi izborite so tvoeto arogantno odnesuvanje.Ti dadoa vlast ama te udri vo glava.Te pametam kakov odnos imase so nas clenovite na sostanocite.Ne te interesiraa nasite problemi,arogantni odgovori ni davase,odnosno indirektno ne navreduvase.poradi tebe od aktiven clen stanav pasivna,a mnogu drugi i se otkazaa.Ti ja rasturi partijata i drzavata.Poradi tebe ja imame ovaa portokalova prerodba sto ne prerodi vo siromasni gragani.Na beganje gi prodade site zlatni kokoski ESM,Telekom,vo Armijata napravi rsum.Da ne zboruvam kolku steta napravi i na SDSM malku ti bea tie pari pa i partiskite pari gi sobra.Ako ne te osudi VMRO bidi siguren deka opoziciskata vlada ke te osudi za site malverzacii.Dosta bese nekoj da se ladi i uziva na Halkidiki a nekoj da nema za leb.Zaedno so Vmrovskive apasi ke si pravite drustvo vo apsana.Predavnik i manipulant. |
| seirdzija, 18.11.2012 12:05:36 | Nemoze da se tvrdi deka rabotata e cista,a da se ima tolku REA okolu celata rabota.Jasno e kako den deka gospodinot Buckovski ja koristi svojata intelegencija za manipulacii i licna korist.Se gleda deka ima pritisok od vlasta da ja minira opozicijata i ako prestane da go pravi toa,najverojatno povtorno na sekoi 10 dena ke go vikaat za slucajot za tenkovski delovi.Makedonija ima realen problem so intelegentni ludje koi otkako ke dojdat na vlast voopsto ne rabotat za ona sto se izbrani i plateni,tuku edinstveno za licna korist,kako da e mala rabota da se ima moc i privilegija sto ja nosi samata vlast!!! |
| Jas, 18.11.2012 14:10:28 | na posledniot miting pred padot na Georgievski Buckovski izleze na binata pokaza so raka kon Branko Crvenkovski i rece - ova e covekot poradi kogo jas sum deneska tuka i so ovaa partija. Na ovoj covek mu veruvam i ke mu veruvam bez razlika koj sto ke kaze. Sto se smeni vo meguvreme? |
| bezanec, 18.11.2012 14:19:02 | Да Бучковски! тогашните раководители на Телеком ,ги користеја договорните привилегии што им ги даде вмро и тогашниот министер за финансии Груевски. Кога дојде на власт СДСМ а ти како премиер направи две грешки и тоа: прво што не ги редивира условите а Груевски во затвор и второ што кога го продадовте ЕСМ не се снајде како да ги употребиш парите за да во 2006 година не изгубиш. Тие две грешки што ги направи те доведоа во ќоше,може би си остави алиби Груевски да не те гони,но тој така не мисли, или ќе зборуваш лошо за СДСМ или ќе одговараш, немаш друг избор. Тоа е генот на Македончето на самоуништување, само за да опстане на власт или пак да спаси кожа, место да покаже херојство. |
| kumanovac, 18.11.2012 14:47:53 | Со неговото понашање во последно време откако не е не висока функција во СДСМ тој автоматски се стави во функција на опозиционер на сопствената партија што само по себе покажува за неговата личност и неговиот карактер како човек кариерист.И кога беше на функција од него зрачеше само ароганција. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 11°C
Претежно облачно
|
Понеделник
Обилни врнежи
Макс: 12°C, Мин: 6°C
|
Вторник
Обилни врнежи
Макс: 12°C, Мин: 7°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз – Титова Совладетелка (5)Владетелот и совладетелката често не беа на „иста бранова должина“.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
|