Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Политика
16.11.2012, 17:01

Ѓунер Исмаил прогласен за соработник на тајните служби

Комисијата за лустрација затвори четири досиеја. Судија, ексдиректор од Битола, познат литерат и поранешен министер се прогласени за кодоши

Судија, ексдиректор од Битола, познат литерат и поранешен министер се прогласени за соработници на тајните служби на вчерашната седница на Комисијата за лустрација. Една година по отворањето на досието за поранешниот професор, министер за култура и портпарол на Влада, Ѓунер Исмаил, лустраторите вчера информираа дека добиле дополнителни докази и сознанија околу неговата соработка со тајните служби.

„Членовите на Комисијата со шест гласови ’за’, два воздржани и три гласа ’против’, оценија дека тој бил соработник на тајните служби од идеолошки причини. Од декември до сега пронајдени се нови документи и сознанија врз основа на кои членовите на комисијата ја донесоа оваа одлука. Во документите поранешниот министер се именува како оперативна врска, а има потпишано и своерачна изјава за акција насловена како ’Трговци’. Во неа биле опфатени и малолетници чиј класен раководител бил професорот и неговите изјави ги дополниле досиејата на учениците од кои некои биле избркани, а дел завршиле и во затвор“, велат извори од Комисијата за лустрација.

Ѓунер Исмаил за „Утрински весник“ вели дека тотално ја игнорира лустрацијата како процес. Потсетува дека тој е еден од поднесувачите на кривичната пријава против иницијаторите на новиот Закон за лустрација и против оние кои ја донесоа оваа регулатива.

„Ова е само уште еден доказ дека власта се плаши од мене и од уште многу други работи. И треба да се плашат“, вели Исмаил, кој не планира да ја обжали одлуката на лустраторите.

Покрај него, на лустрациската маса вчера се најдоа уште неколку предмети, од кои тројца се прогласени за соработници, а едниот предмет е одложен за обезбедување дополнителни факти.

Во првиот случај станува збор за актуелен судија во Основниот суд во Кичево, кој веќе го поминал лустрациското сито, но по барање на трето лице, предметот повторно е отворен со нови сознанија.

„Новите факти несомнено потврдуваат дека судијата бил соработник на тајните служби од идеолошко-политички причини уште од времето на студентските денови. Настапувал од позиција на македонски национализам и како последица на тоа била растурена студентската група на еден од скопските факултети“, вели портпаролот на Комисијата за лустрација, Предраг Димитровски.

Второто лице е директор на значајна институција од областа на културата, познат автор, литерат, кој бил евидентиран како соработник во 1964 година под псевдонимот „Глигор“. Предмет на обработка биле огромен број сликари, новинари, поети, интелектуалци и идни академици. На списокот има и такви кои под притисок ја напуштиле државата и се наоѓаат во странство.

За својата активност добивал и парични средства, тврдат од Комисијата.

Станува збор за особено богато досие, кое делумно е планирано да биде објавено на веб-страницата на Комисијата за лустрација. Досието содржи 180 страници.

Комисијата разгледувала уште еден предмет останат од декември минатата година. Станува збор за поранешен носител на јавна функција, односно директор на јавно претпријатие во Битола, кој е прогласен за соработник со тајните служби од идеолошко-политички причини. (Д.Т.)


Статијата е прочитана 3269 пати.

Испрати коментар



Интервју - СДСМ си дава автоголови
„Катимерини“
Ќе се фалиме со „Форбс“ кај инвеститорите
Толерантноста не е нерешителност



zik, 17.11.2012 01:34:15
очекуна забава за подзинатите пси...
Itar Pejo, 17.11.2012 02:12:27
Za makedonskata vlast Johan koj sto ubil albanski civili e patriot a Ismail koj sto podkazal albanski nacionalisti e kodos!
aleks, 17.11.2012 04:34:00
lustracijata stana eden cirkus i za podsmev kaj strancite ne velam deka ovoj e nevin no sto pravime so kodosite vo vlasta koi gi ima so lopata da gi rines.
analiticar, 17.11.2012 05:38:46
vo RM se sudat tie koj ukazuvale na neprijatelski dejstva protiv drzavata,boze cuvaj sto pametni lustratori imame....
ФЕЛИКС, 17.11.2012 08:00:22
Во времето на плурализмот одсекогаш најсомнителни биле бившите марксисти и нивните просветни едукатори.За да се биде просветен марксистички едукатор треба да некој да е врвен марксист,кој треба постојано да е буден и да ги следи настаните околу него. Токму ваквите беа на лустрациски удар во бившите екскомунистички земји во Европа.
Saso, 17.11.2012 08:44:24
Ova ispadna deka nemalo sorabotnici a vprocem pola drzava bese.Poentata e sto vo Makedonija tie luge nemaat sram da se povlecat tuku nacekaa slaba drzava i ne samo sto ne se povlekuvaat tuku i pretat.Za intervju kako ona na Guner vo 24 casa vo sekoja normalna drzava toj ke bese ostranet od sekoe nejzino tkivo a ne da seta po ulici i da se povtoruva kako ne ja saka drzavava i se sto sledi od nea.
пријател, 17.11.2012 09:44:10
Што се случува во комисијата за лустрација?Дали постојат докази или не постојат?Како може некој со шест гласа „за“,два воздржани и три „против“да биде прогласен за кодош?Тој е,или не е кодош.Неможе ниту една вистина да биде утвредна на комисија со повеќе гласови „за“и помалку„против“.Или нешто е вистина или не е.Ајде барем одлуката да е едногласна.Не е ова избор за мис,па да биде прогласена за лепотица таа што на повеќето од комисијата им изгледа најубава.Вие сте или не сте болен.Не може докторите да ви извадат бубрег само за тоа што шест од нив рекле дека бубрегот е болен и треба да се извади,а три дека не е болен и не треба да се извади.Чл.на комисиите треба,сите до еден и без никакви резерви,да се убедени во одлуката што ја носат.Нема никаква разлика во однос на оние кои порано се обвинувани дека биле против поредокот и овие кои сега се обинуваат дека биле за поредокот во социјалистичка Македонија.
Mark, 17.11.2012 13:56:12
E im go zalepi Pejo! *Nivnoto* ubistvo e dobro, ama na Gjuner informacijata e *losa*! Toptan se za vo *ministerstvoto za glupo odenje* na Monti Pajton..a i za potaka..
EU, 17.11.2012 20:54:02
Odlicno Itar Pejo, poln pogodok , nema potreba od natamosni mudruvanja.
ahmed munir, 17.11.2012 22:33:18
takanarecenoto kodosie akcija na regularna brutalnost protiv raznoumieto i samo vo prilog na segasnoto ednoumie i pokornost golema sramota i gavolska taktika . . . kako najprvo zborot kodosi e ukraden od nekade zasto ne od makedonskiot literaturen jazik ?
Теликс, 18.11.2012 08:33:04
Феликс, ова го говориш од да сопствено да искуство како марксистички да едукатор, или само како да ординарен учен-недоучен да рурален едукатор?

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 5°C

Магла

Понеделник
Облачно
Макс: 13°C, Мин: 6°C

Вторник
Обилни врнежи
Макс: 12°C, Мин: 3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (4)
Хрушчов го викал Тито социјалистички цар. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Правењето перики - доходовен бизнис
За екстензиите сите мислат дека се хит. Така, Англија е на третото место според увозот на човечка коса. Како и зад секој...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |