13.11.2012, 17:42 Мое ќоше
Пусто турско ропство
Ерол Ризаов
Министерот за информатика и високи технологии, Иво Ивановски, вчера разбрал дека сме биле под „турско ропство“
Кога ќе ги слушнам во дневно политичка употреба зборовите „турско ропство“, прво што ми паѓа на памет е извонредниот виц: двајца големи мирнодопски патриоти фатиле да тепаат некој човек. Му удриле таков ќотек што убиле бога во него. Поминал некој добродушен и милослив и почнал да ги моли, аман престанете гревота е, што толку згрешил. Турчин е, му одговориле јунаците. Добро де, што и да е, нека си е, негова работа, зар за тоа се тепало човек, рекол добронамерниот. А тие што ни правеле нам пет века, рекле лутите кабадахии и продолжиле да маваат. Чекајте, рекол човекот, тоа било одамна, било и поминало. Да, чиче било некогаш, ама ние вчера разбравме.
Така некако ми прозвучи деновиве нашиот симпатичен министер за информатика, Иво Ивановски, кој треба да не' внесе во светот на високите технологии и во ерата на новата технолошка револуција. Читам, иновативниот амбициозен министер открил повеќе мегдан за политички поени во средниот отколку во новиот 21 век. Аферим бе бакан ефенди и ти ли вчера разбра дека сме биле под турско ропство пет века. Со повикот „доста беше турско ропство“, кажано и во симболична смисла, наводно, поради наездата на турските сапуници и ТВ-серии, еден министер јавно ги покажа предрасудите и стереотипите кои станаа официјална доктрина на една анахрона популистичка политика, на која и' е најважно освојувањето на власта. И само тоа. Претпоставувам дека Иво Ивановски, сепак, знае дека лојалниот турски народ во Македонија е мостот за добрите односи со Турција, која во периодот на транзицијата, но и пред тоа, за време на Југославија, беше директната спрега и постојан мотив да биде најголемиот поддржувач на Македонија и искрен пријател. Историските предрасуди и елементарно незнаење на историјата ни нанесе големи зла со сите соседи, а сега гледам на ред се и Турците. Бугарите викаа, викаа, па кротко во своите истории го избришаа турското ропство и ставија турско присуство. Иако чинам дека најпогодниот и најсоодветен израз за сите балкански народи чии современи држави – нации израснаа на урнатините на Отоманската Империја да се користи изразот во периодот кога бевме составен дел на Турската Империја.
Денешните турски политичари и државници никогаш јавно не ги соопштија своите забелешки на односот на власта во Македонија кон османлиското културно наследство иако се посебно чувствителни на тоа прашање. Тие претпочитаат да укажуваат дипломатски и во четири очи со нудење финансиска и стручна помош при реновирање и санација на историските споменици од отоманскиот период кои се под заштита на државата. На почетокот на транзицијата без бурни реакции помина поставувањето крстови врз саат-кулите кои се типични средновековни ориентални градби за световна намена. Саат-кулите, мостовите, патиштата, чаршиите, пазарите, амамите, водоводите, безистените, ановите, школите служеле за потребите на сите луѓе без оглед на верата и јазикот. По цели сто години од пропаѓањето на Отоманската Империја, во период на плурализам и демократија, за жал, се отворија ново-стари процеси поттикнати од национализам и шовинизам. Еве неколку конкретни примери: запалената Чарши-џамијата во Прилеп 2001 година од хулигани се' уште стои нереновирана како срам во центарот на градот. За замена на оваа џамија се нуди нелегален и импровизиран објект во ромското маало. Под финансиска закрила на државата постојано се копа под битолската џамија за да нема верска служба. Злосторнички е преправен Камениот мост во Скопје од ориентален во византиски. Се дигна во воздух со динамит султанската џамија на Имарет во Охрид стара 500 години за да се расчисти просторот за изградба на црквата „Св. Климент“ на Плаошник. Имаше доволно место и за црквата и за џамијата да не им беше тесно на националистите.
Не сум обожавател на турските серии. Повремено гледав само две: „Кога лисјата паѓаат“ и „Сулејман Величествениот“. Познати се причините за нивната голема популарност кај арапскиот свет, во земјите на патот на свилата и во сите земји на Балканот. Полесно се разбирливи причините за популарноста на сериите во Македонија, Босна и во туркофонските земји од некогашниот Советски Сојуз. Но, како да се протолкува нивната масовна гледаност во Грција, во Србија, во Хрватска и во Црна Гора. Многу едноставно, целосната идентификација со главните јунаци е поради истиот менталитет и обичаи на сите народи кои живееле и биле во составен дел на Отоманската Империја. Очигледно на некого му е многу тешко што сме сите исти, или многу слични, иако политичките и верските водачи во сите системи потрошија децении и векови да го докажат спротивното, колку сме различни. Турските серии лесно ги поразија тие вековни предрасуди, заблуди и стереотипи, што стана неподносливо опасно да исчезне омразата кон „турското ропство“. Замислете по успесите на преродбата луѓето да почнат да викаат „пусто турско“.
Кликнете ОВДЕ за повеќе колумни од авторот
|
|
Статијата е прочитана 4250 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 14.11.2012 01:14:32 | Se fatija mediumive a i narodov da komentiraat i pravdaat gluposti od tipot turski serii a sega i terminot *tursko ropstvo* ke go debatirame. Deka so tie serii(bez razlika dali se Turski ili Ruski)se pretera, se pretera. Od 24 casa programa 18 casa se serii i reprizi na istite. Kakov im e kvalitetot, i toa ne e bitno. Bitno e deka se prikazuvaat i REPRIZIRAAT bez nikakov usul. Sto se odnesuva do Turskoto ropstvo, toa bilo ropstvo i nema sto da debatirame. Toa sto posle niv imalo uste 2-3 drugi *ropstva*(preimenuvani vo okupacija) i toa e fakt, i nema sto tuka da se lutat nitu porobuvacite nitu okupatorite. Vo seto ova, najglupavo e sto nikoj ne razmisluva na denesnovo ropstvo, koe go narekuvame demokratija. Imase eden Hrvatski pisatel(mislam bese toa) koj kaza:Na nas Hrvatite ni bese loso pod Avstro-Ungarija, ni bese loso i vo SFRJ, a naj loso ispadna pod HDZ. Taka nekako ispaga deka e i kaj nas. |
| Damjan, 14.11.2012 02:02:26 | Не е баш се така Ероле. Во твојот вокабулар, речиси во секоја колумна има по малку османкиски шмек, што не е бог знае каков индикатив. Ама и оние набројани ,,злодела,, околу градбите од ,,пусто турско,, не се аргумент за да се долови некаков антитурцизам кај Македонците. Зарем, не Ти е, според димензиите, попровокативна тема за твоите колумни, тоталната АЛБАНИЗАЦИЈА во државава на се што носи белег од тоа ,,пусто турско,, - џамии, амами, чаршии, беговски куќи, анови. Дури и од Театарот на народностите, како празен куфер беше исфрлена Турската драма, за да се трансформира во исклучиво Албански театар... |
| istorijata ne se menuva, 14.11.2012 06:58:24 | Dajte ve molam. Redno e nekoj da stavi red vo rabotata na TV kukite. Sto preteraa -preteraa. Reprizi na reprizite. Do kade ke odat samo so profit, bez nudenje programa. A okolu seriite i ropstvoto-Sekoj seriite gi dozivuva na svoj nacin, nekoj se identifikuva so vladetelite nekoj zabelezuva deka poturcenite noze krshele da bidat poturceni za da stanat sultanski milenici, veziri. A tek ona koga sultanot nas hristijanite ne narekuva NEVERNICI. Ama shto e vazno, poln li e eterot. |
| роберт, 14.11.2012 07:42:09 | Бугарите викаа, викаа, па кротко во своите истории го избришаа турското ропство и ставија турско присуство - Християните под турска власт не са били роби, макар да е имало и роби в Османската империя. Термина турско ропство е емоционален израз на дискриминацията на християните, които са били второ качество в империята по отношение на мюсюлманите. Но и термина турско присуство не е точен. Той приляга на васална държава към Османската империя, в която има някои турски гарнизони, примерно....Не е истина, че в България сме приели турско присуство!!?? В нашите учебници по история пише за тежко турско ВЛАДИЧЕСТВО.... |
| Buntovnik, 14.11.2012 08:39:03 | Pet vekovi stoenje vo mesto ni stana inspiracija za odrzuvanje na vekovni tradicii. |
| cane sokolovski, 14.11.2012 09:09:57 | Мојот покоен татко беше ориентолог, турколог и предаваше турски или старо турски. Мноштвото на студентите се разбира беа етнички Турци. Со пиетет зборуваше за нив дека тие луѓе биле најлојални граѓани на нашата земја. Исто така,земајќи го во предвид дека ја истражуваше историјата на Македонија преку истражување на историјата на Отоманската Империја и негови чести забелешки беа дека немало империја со толку правда, ред и закон.
Став е на Фром дека има дихотомија во човекот и тој не е ниту добар или лош туку се сеопфатно. Конфучие вели дека само каменот е невин а Тацит дека се што е човечко е природно. Јас сметам дека иако ограничен, човекот има избор и МОРА да го направи. Никого не абсолвирам но мислам дека ова што и се случи на Македонија беа неизживеани и искомплексирани инфантилци, кои со вишок неистрошен тестостерон и фрустрации тргнаа во крсташки поход за нова историја, со кој и нанесоа на Македонија невидена штета и ја вратија многу години на назад. Само времето ќе каже. |
| R N-B, 14.11.2012 09:20:38 | Sé sto e preterano, ne e ubavo. Turskite serii kritikuvani kako spanskite ili juznoamerikanskit gledani se na sekade na Balkanot,duri i vo edna Grcija koja e kako*na noz* vo odnos na turskoto prashanje. Ama, deneska da se obnovuva prashanjeto za turskata okupacija e pod sekoja kritika, ako ne poveke, poradi najprijatelski podaenata raka kon Makedonija. Dodusa, javno se premolcuva za mnogu sto tursko,pretvoreno vo albansko,no se nadevam deka i tuka ke se progovori eden den.Se dozvoli ubavata begovska kukja da bide bezsramno pretvorena vo muzej na ONA kako i site skopski dzamii. Najmnogu me pogoduva, sto vo ime na *okupacija* go izbrishaa imeto na carshijata,od sekogas, poznata kako *stara TURSKA carshija *. Moram da spomenam i toa deka vo Francija, najdobri soveti i podrska dobivme od turskata ambasada i sovetnikot Mandor Sahinlar roden skopjanec koj so gordost javno veleshe deka e roden kaj Jaja Pasha dzamija..Zalam sto ne mu se odade pocit za vsrkite sto gi napravi za Mak |
| Историчар, 14.11.2012 09:23:07 | Како што сега од социјализмот направија комунистичко ропство така и од Османлиството направија турско ропство. Иако за време на социјализмот Македонците имаа највисок животен стандард во својата понова историја, сега тие плукаат на тоа време и на сите оние што им го овозможија тој живот. За време на Османлиската империја во периодот меѓу 1350-1650 Балканот го постигнува својот најголем економски просперитет. Нема војни (pax ottomanica), има најголем прираст на населението и тогаш се градат скоро сите денешни цркви и манастири. (Идниот пат кога ќе влезете во некоја македонска црква или манастир прашајте кога е изградена.) Сите познати прикаски за насилно потурчување анализирани од страна на бугарската историчарка Марија Тодорова се покажаа како пропаганда на деветнаесеттиот и дваесеттиот век. |
| Nikola, 14.11.2012 10:35:01 | Na patuvanje vo Bodrum-Turcija, mlad kelner so odlicen angliski ne prasuva mene i soprugata: od kad ste? Odgovaram: Od Makedonija! A toj veli: Gledam jas deka poteknuvame od ista drzava! I taka e!
Pravam familijarno drvo so komjuterski program i za pretcite pishuvam deka se rodeni vo Otoman Empire. Vo dokumentite na rodninite sto zaminale vo Amerika vo pocetokot na 20 vek im pishuva deka doshle od Otoman Empire.
A za ministerot, shegata od pocetokot na kolumnata e vistinskata sporedba! |
| Aziz Sen, 14.11.2012 11:13:56 | Izlisni se site komentarii. Vajna e predrasudata i trovanosta na mladite vo BJRM-kako narekuvaat EU I SVETOT, Dali ke ima ili ke nema seriji nee bitno. Dali nekoj ke narece Tursko ropstvo ili Turska Inperija. Vajno e da znaeme kade sme i so kogo gradime sojivot, i idnina na Republika Makedonija.
|
| До историчарот, 14.11.2012 11:43:35 | Балканот во 1350-1650 го постигнал својот најголем просперитет!? А знаете ли каде беа другите (Франција, Португалија, Англија, Шпанија, Холандија...) пред тоа, а каде отидоа после тоа?! После турското и другите робства, за Македонија и комунизмот беше напредок. Но погледнете колкаво назадување комунизмот направи со Чешка, Полска, па и царска Русија и каде сега одат тие земји. |
| do Aziz, 14.11.2012 18:01:41 | Najgolem del od svetot priznava i ne narekuva so pravoto i ustavnoto ime,no i nekoi drzavi koi ne priznaa so PJRM ,a ni se obrakjaat so pravoto i ustavno ime. |
| dr, 14.11.2012 18:15:27 | Tesko e koga tek denes se pisuva istorija za eden narod. |
| низ јавето, 14.11.2012 20:23:24 | Сегде на земјата од дамнина и секој од насекаде си имал по некое ропство,окупација,колонизација.Повторно од дамнина секој си терал понатаму да го гради и осмислува животот во светот на реалноиста,приземно,природно автентично,компактибилно со времето и просторот,генерациски,
небарајќи алиби за некадарноста во моменти да си одговори на предизвикот на новите и нови времиња.Проблемите се решаваат долу на земјата со конкретна терапија од во моментот констатирана дијагноза.Сеуште ли терапијата ќе ја препишуваме од екимските тефтери од стоте и една приказна.Одамна дури и третите петли пропееја.Новиот ден бара директно гледање низ прозорецот,долу во чаршијата,каде се расштркал народот,и да се види дека одамна фесовите,кечињата,шубарите ,шапките,ги снемало,народот оќелавел,ќекајќи го новиот султан.Кога ќе сватиме дека треба да го побараме овде,дома.А и рајава,не е онаа некогашната.Од приказните,се разбира. |
| do avtorot, 14.11.2012 20:37:49 | odlicen tekst samo se mi se cini deka sega ke skokne nekoe nepismeno tele i ke pocne da ve obvinuva za toa kako ste se svrtele protiv pravoslavnata vera so tekstov |
| Lam Elita, 14.11.2012 22:16:01 | I pokraj opstata zabluda vo koja sme vturnati denes, sepak ostanuva optimizam koga se citaat vakvi tekstovi. |
| zvonko, 14.11.2012 22:54:34 | Se prasuvam od koga na mala vrata pocnavme so bugarko pismo i bugarski vo makedonski vesnik... |
| zagrizen, 14.11.2012 23:35:49 | Do, Do istoricarot, site tie koi gi nabrojuvas se IMPERIJALISTI, a napravile i PRAVAT od *cicanjeto* na svoite kolonii.So postepeno gubenje na istite (primer Indokina) se custvuvaat golemi *potresi* kaj imperijalistite,primer GB.Toa se ekonomski koi reflektiraat i vo drugi sveri (socijalni,megjuetnicki,religiski itn).Za toa sme svedoci.Svedoci sme da vo segasnosta zemji koi ne *neguvaa* kapitalizam se ekonomski lideri.Nezavisno so promena na sistemot nekoi vitalni granki vo opstestvoto ostanaa pod kapa na drzavata (Jukos i Hodorkovski kriminalecot za primer).Cist SOCIJALIZAM! A Brazil,Kina,Rusija se drzavi koi ni go potvrduvaat istoto.Za MKD socijalizmot bese se,priznavanje kako narod,nacija,neguvanje na tradicija,folklor,izgradba na institucii (univerziteti,skoli,MANU itn),a za ekonomski da ne pisuvam ( za cudo imase i kruzni tokovi).Turcite bili,ostanale nekoe vreme i otisle.No tie go priznavale i priznavaat MKD narod,i se negovi golemi prijateli.Fakt e toa.Drugo e prasanjeto zosto.. |
| Настасија, 14.11.2012 23:52:22 | Не дека ја оправдувам глупоста на вербално-несмасниот министер, но вие г-дине Ерол барате ретуширање на историјата во име на некаква политичка коректоност кон современа Турција. А тоа е историски нон-сенс.
Македонците и другите балкански народи не ги поканија Османлиите на овие простори со локум и чај, за таа класична 500годишна окупација денес да ја нарекуваме со небулозни еуфемизми како Присуство.
Без разлика на Вашата етничка припадност, такви екскурзии на умот пред се како историчар по вокација не смеете да си дозволувате. Во спротивно нема да бидете ништо подобар од курентните патетични квази-експерти Ачкоска и Жежов. |
| ставре, 15.11.2012 01:03:03 | искрено обично не го читам авторов ама овој пат вреди. Немаме ние никој против Турците, зошто и повеќето зулуми што тие ги направиле биле поттикнати од братските ни околни народи, накодошени. Вистина немаме ништо против ни против спомениците од османлискиот период. Ама тоа со сериите навистина се претера, па цел ден бре... доста е. |
| Балван, 15.11.2012 08:39:43 | Да ли се запрашуваат Македонците или конкретно ,,вообразениот,, министер за инфор��тика, ако не владеело тоа ,,турско ропство,, на овие простори дека денеска немаше да постои Македонската нација?
- Само пример:
Една грција која е исто така православна земја и нација, а не муслиманска, за време од помалку половина век, и тоа на првата половина на 20 век, го искорени Македонското битие на просторот во Егејска Македонија.....
Дека една Србија и Бугарија, како се уште се поставени кон Македонското прашање и Македонската православна црква....и замислете една од горенаведените нации да владеела 500 и кусур години со овие простори....... |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 4°C
Делумно облачно
|
Петок
Ведро
Макс: 13°C, Мин: 3°C
|
Сабота
Сончево
Макс: 15°C, Мин: 1°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз – Титова Совладетелка (3)Владетелот и совладетелката. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
|