Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
13.11.2012, 18:36

Мислења

Оцрнувањето како стил на владеење

 Нано Ружин

Со секојдневното оцрнување на лидерите на опозицијата, ДПМНЕ ја подели македонската политичка сцена на политички подобни и на опозициски непријатели на државата

Според ревијата „Млада Африка“, при изборот на осумте најлуди африкански претседатели, во изминатите 40 години биле утврдени четири критериуми: претерана параноја, мегаломанство, мистичност и авторитарност кон народот и опозицијата. Меѓу нив фигурираат смешниот император од Централноафриканската Република, Бокаса, диктаторот-џандар од Нигерија, Сани Абаша, параноикот од Уганда, Иди Амин, мегаломанот Гадафи, големиот марабу и мистик Јахија Џамех од Гамбија итн. Република Македонија е далеку од Африка, но третманот на опозицијата заличува на африканскиот. Од сите држави во Европа, власта во Македонија е најоптоварена со опозицијата. Во современата демократска историја на Европа не е забележена толку силна, постојана и долготрајна антиопозициска кампања како што е случајот во Македонија. Со таков интензитет на антиопозициска енергија не се занимава ниедна држава на Балканот. Во Србија, Хрватска, Бугарија, Албанија, власта е повеќе насочена кон промоцијата на сопствените проекти отколку кон перманентното дијаболилизрање на опозицијата. Нашиве како да прескокнале некоја лекција од маркетингот така што кампањата за следните избори низ целата година ја фокализираат против опозицијата. Да не заборавиме дека во демократијата опозицијата има улога на контролор на власта преку механизмот на „кочница и рамнотежа“.

Како да се протолкува таа хиперактивност на власта и на ДПМНЕ? Било да се работи за параноја или за метод на политиката, одговорот се сведува на претеран страв од опозицијата. Политичката параноја не е новост во политиката. Кон средината на шеесеттите години во САД вистинска експлозија предизвика политикологот Ричард Хофстадер со есејот „Стилот на паранојата“. Авторот кој почина кон осумдесеттите беше добитник на Пулицеровата награда, а неговата култна книга прерасна во вистински бестселер на њујоршката академска публика. Таа и денес, педесет години од објавувањето, е најцитираната политиколошка публикација и една од најголемите класици во САД. Успехот на Хофстадер се должи на трасирањето на основите на политичката параноја, збогатена со теориите на заговор. Во неговиот осврт доминираат искрениот однос и критики кон занесот на власта и моќта и парфемот на иронијата со кој го третира стравот на политичарите и наивноста на народот. На пример, параноичната тенденција на конзервативците секој полиберален претседател на САД од типот на Кенеди или Обама да го перципираат како агент на комунизмот или границите на САД со Мексико да ја толкуваат како чекање на илјадници кинески војници маскирани во имигранти кои имаа цел да влезат во САД и да ја освојат Белата куќа се дел од тезите со кои се потсмева и Хофстадер. Познато е дека во политиката постојат и манипулации, дискретни или отворени сојузи и коалиции, пријателски контакти и солидарни потези. Меѓутоа, она што е фасцинантно е ирационалната димензија на политиката како што се митовите, фантазмите, стилот на реториката, симболиката, пропагандата во функција на политиката.

Мора да се признае дека Груевски е вистински мајстор. Многумина на почетокот се прашуваа кој му дава памет на човеков што толку успешно менаџира и манипулира. Едни го вперуваа прстот во некој непознат американски експерт, а други во еден од неговите блиски советници, со стил на Суслов, кој раководеше со оваа активност. Меѓутоа, откако работите почнаа масовно да се повторуваат и да се претвораат во антипоозициски делириум erga omnes, стана јасно дека во неговото опкружување работат повеќе луѓе кои ја негуваат паранојата на ДПМНЕ. Паранојата оди дотаму што веројатно има простор и за Европската комисија за демократија, попозната како Венециска комисија при Советот на Европа. Со секојдневното оцрнување на лидерите на опозицијата низ сите електронски и печатени медиуми, а со помош на парите на даночните обврзници, ДПМНЕ ја подели македонската политичка сцена на политички подобни и на опозициски непријатели на државата.

Во кампањата на власта се присутни две теми: историскиот успех на ДПМНЕ во раководење со државата во кој доминира соцреализмот и параноичните анатеми кон опозицијата и кон нејзините лидери. Притоа, се користат сите можни методи и средства. Се прекинуваат популарните турски серии и се наметнуваат анимирани филмови во кои се исмејуваат ликови на опозицијата, додека ликовите од власта бенигно играат по некоја епизодна улога. Но, тоа што се прикажува за опозицијата не е сатира, туку политичка порнографија. Во западните демократии карикатурите и сатирите се резервирани за власта. Во Македонија демократијата е сфатена обратнопропорционално. Кај нас и деонтолошкото кредо на политичкиот маркетинг „Зборувај убаво за себе - не споменувај го ривалот“ одамна е напуштено. Секоја акција на опозицијата се дијаболизира. Од осудата за „истрошени политичари“, преку „одбери си ја најомилената лага на опозиционерот од вкупно 1000“ до „шверцот со нафтата“ или „тие исто зборуваат веќе дваесет години“, комотно може да се создаде фестивал на антипозицискиот краткометражен филм. Овие слогани се само дел од негативната кампања на ДПМНЕ во изминатиот месец. Кога би се направила една компаративна анализа меѓу кампањата за дострелите на Владата и онаа за негативната кампањата на ДПМНЕ во изминатите две години, веројатно нивните пропорции би биле изедначени. За жал, аномалијата може да создаде други аномалии.

Со паралелното рекламирање на фрустрирачкиот национализам, политичарот директно или со помош на сопствените баритони и „интелектуалци“, квазиновинари, пропаганда, ја развива теоријата на заговор на „неспособниот“, на „предавникот“, на „криминогениот“, ако е потребно и на „гнилите“ ЕУ и НАТО. Со помош на медиумскиот монопол се дифузираат лажните информации со сериозен и ангажиран тон. Наспроти грешникот на опозицијата, ангелот на власта е претставен како безгрешен библиски пастир или водач на народот од типот на Александар Македонски. Водечката нишка на политичката параноја е продлабочувањето на агресивната перцепција кај народот за лица и настани од сегашноста и минатото врз кои се потпира ксенофобијата. Овој пат таа омраза не е сврзана за расата или религијата, туку е општа кон групи луѓе кои политички размислуваат поинаку. Разни „жртви“ на транзицијата го дополнуваат релјефот со своите антипротести кон опозицијата или кон здруженијата на потрошувачите како што е АМАН. Опишаниот меѓупартиски ксенофобичен рецепт создаде омраза на македонската политичка сцена на повеќе нивоа. Омразата меѓу политичките партии и нивното членство потсеќа на трибалистичките непријателства.

Неодамна во скопскиот суд дојде до развод поради меѓупартиска нетрпеливиот на брачните другари. Младите на две познати скопски семејства ја раскинаа свршувачката поради спротивставениот политички афинитет на родителите. ДПМНЕ-овци против СДСМ-овци, ДПА-овци против ДУИ-евци. Пријатели, познајници, комшии, роднини, кои оделе на исти слави, родендени, викенди, денес не ги отпоздравуваат своите некогашни пријатели поради различната политичка опција. Народот во Македонија се претвора во навивачка група од стилот на „комитите“, „чкембарите“, „балистите“. Се навива за секој низок удар. Параноикот го замислува сопствениот непријател како аморален, расипан, опасен и штетен за народот. Параноикот настојува да извлече профит од секоја ситуација и во својот ангажман ги користи сопствената позиција и монопол. Кога таквиот политичар ќе почувствува опаѓање на популарноста, тој запаѓа во длабока фрустрација и чувството на конспирација. Зарем Сталин пред смртта не ги ликвидира докторите Евреи кои му ја соопштиле тежината на неговата болест? И нашиве доктори сега се наоѓаат на отстрел само затоа што се повикале на демократското право - штрајк.

Според Хофстадер, не е потребно да сте параноик за да водите параноична политика. Секако, тајните се инхерентни на оваа политичка стратегија. Таа се наметнува или се урива. Засега политичката параноја во РМ успешно функционира, но, како и секоја болест, потребна и' е точна дијагнозата, способен лекар и добар лек. Засега власта се' уште си се смета за нормална.

(Авторот е универзитетски професор и член на ЛДП)

Наш став



Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. ���Утрински“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.


Статијата е прочитана 1583 пати.

Испрати коментар



Поразот на гладните
Моќта на кредитните рејтинзи
Американците го искористија најмоќниот инструмент
Лавовите и спомениците станаа главна вест
Пусто турско ропство



jovan, 14.11.2012 01:41:04
Ovde ocrnuva koj kogo stigni, i smesno e seto toa ednonasocno da se gleda. Vladata vadi od naftalin se sto ke najde za opozicijata, opozicijata kritikuva se zivo i divo, duri i da nema osnov za kritikuvanje i omalovazuvanje, pa vo nedostatok na idei, vestini, znaenje... preminaa na megusebno prepucavanje i omalovazuvanje preku grbot na narodot. Pred malki bev na face book, i poveke bev iznenaden od SDSMovskite grupi koj bez usul ocrnuvaat, omalovazuvaat, pa duri i navreduvaat se sto doaga od vlasta. Ne se ni ovie poarni, no naivno e da ne ubeduvate deka samo ednite plukale, a drugite se cvekinja. Ovde se uste vladee ona vo stilot*Da mu crkne kravata na komsijata, po moznost i kukata da mu se zapali, i uste ako Gospod dadi, i on so nea da izgori*. Toa sme nie. Doprva ke se iznagledame i iznaslusame plukanja, zloba, navredi... a od resenija i rabota, nema nisto da vidime. Do dusa, i ne ni e interesno toa.
Давид, 14.11.2012 02:26:39
ОВА што ни се случува не е во границите на нормално ментално поведение. Класично гладијаторство, да не речам ханибалство.Замислете, довчерашен претседател и лидер на опозициска партија, да се става на клада, да се нарекува лажливец, криминалец, предавник од официјални претставници на партија на власт, од нејзини медиумски пулени, според мене, апаши и медиокритети, а притоа, да бидат заштитени од власта под стаклено ѕвоно. Тоа можеше да се случува во Уганда во времето на боксерот и диктатор Иди Аман, кој во фрижидерот како специјалитет, за задоволување на својот животенски инстикт, чуваше и детско месо. Патот што ни се трасира, води натаму...
DPMNE, 14.11.2012 03:15:14
Krajno vreme e da si zaminat od vlasta. Drzavata ja dovedoa do podsmev i mat-pozicija, a narodot na pragot na egzistencija i gradjanska vojna. Takov uspeh ne ni treba! Popat, da go odstranat prefiksot VMRO, koj go izvalkaa do zla boga!
Dr Koljo, 14.11.2012 08:34:18
Bravo be Utrinski. Znaci se ograduvate od ovie stavovi. A od videata koi gi objavuvate i koi se direkten povod za ovoj tekst, se ograduvate li? Ili, so drugi zborovi, se ograduvate li od pricinata, ili samo od posledicite?
nikola, 14.11.2012 09:14:06
Одлична колумна професоре , алал да ви е !
cane sokolovski, 14.11.2012 10:01:52
Ја живеам надвор и ја посматрам ситуацијата oд arms of length во Македонија. Не знам дали да плачам или да се смеам. Ситуацијата е абнормална ако било што кај нас може да се каже дека е нормално. Бев во Македонија за време на претходната пред изборна кампања. Не ги абсолвирам другите, ама забележав еден слоган ви кој се обвинуваше сдсм за самоубиства пред 20 години?? Нека Јован ми каже во која земја го има тоа? Улогата на критиката е да биде бедем кој ќе ја спречи власта, било која, да ја злоупотреби својата моќ. Оп. нема моќ Ј! Нити еден нејзин амандман не е прифатен и со тоа се објаснуваат нејзините некогаш непримерни дејства. Гледај ги Ј веснициве - во секој-уште ли Бранко, со што не се трошат вмровски туку народни пари. Само за ова во цивилизирани земји се оди во затвор. Забележав Јоване дека ти по некогаш ги менуваш своите ставови како ветрот правецот. Лили Хемлин, познат фото модел има речено- Јас не ги менувам своите принципи за модата на денот! Ако овде некој има принци
verag, 14.11.2012 13:51:44
Na спотовите на VMRO на крајот одеа зборовите preteravte Зарем не сфатија дека тие претераа? Од каде им се пари за таков обем на реклами? Или и ова не го плаќаат, бидејќи се на власт и никој не се осмелува да ги тужи, исто како за долгот од изборите.Смешно е што при ова забораваат дека Љубчо беше нивен претседател на партијата и премиер на владата каде министер беше Груевски. Неговата погрешна политика не може да оди на конто на Црвенковски,само затоа што е сега негов коалициски партнер. Секако, ако секојден повече паети го смомнуваат Б.Ц. тоа збори за нив, за огромниот страв од него за зачувување на власта.
Makedonec vo EU, 14.11.2012 14:04:52
Zrelosta na glasackoto telo vo Makedonija e na nivo na vakva vlast i vakva opozicija. Retko koj gleda podaleku od problemot so imeto. Duri i samiot problem ne e celosno sogledan - mnozinstvoto Makedonci ne se svesni deka vo momentov megjunarodnoto ime na nivnata drzava e FYROM - erga omnes.
do verag, 14.11.2012 18:18:34
I Branko ima negovi pogresni politiki.Toj i Ljubco se politicki bliznaci koi vodea i vodat pogresni i stetni politiki.
kristofer, 14.11.2012 20:04:50
vo potpolnost se slozuvam so vas gospodine nano umesto vladata i gruevski da se zanimavaat so makedonskite problemi so siromastijata so vrabotenosta za niv opozicijata e glavniot vinovnik za nivnite promasuvanja . gi potkupile site doslovno site tv stanici i nisto drugo pametno bne ste cule i videle tuku reklkamite za branko i lupco a na druga strana novinarite toboze se borat za pravilno izvestuvanje sega imsmeta na nekoi i turskite serii a dto nudi nasata produkcija sto e toa sto tie mozat da ponudat nesto makedonsko , kolku bznam nisto nema snimeno vo makedonska produkcija pa da vidam sto od tolku makedonski .kvazi makedonski televizii s ce prikazat nesto zanimlivo sem i sekakvi izmislici i smicalici kon opozicijata samo poradi toa st ne razmisluvaat kakoi tie sakaat pozdrav do nano

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 5°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 14°C, Мин: 1°C

Недела
Ведро
Макс: 15°C, Мин: 3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (4)
Хрушчов го викал Тито социјалистички цар. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Правењето перики - доходовен бизнис
За екстензиите сите мислат дека се хит. Така, Англија е на третото место според увозот на човечка коса. Како и зад секој...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |