Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
13.11.2012, 17:49

Поглед

Лавовите и спомениците станаа главна вест

Љупчо Поповски

Навистина, драматична, па дури и сензационална е веста за лавот кој избега од циркусот во Кавадарци. Стравот и пискотниците на децата и мајките се вистински, од длабочината на човекот. Затоа и сите светски агенции ја пренесоа оваа вест – нема ништо поголемо од неочекувана драма. Тоа не е рецепт само од Кавадарци и на циркусот „Сафари“, тоа може да се случи секаде (и се случувало), исто како што се случуваат несреќи во зоолошки градини кога посетителите невнимателно ќе се приближат до ѕверовите.

Веројатно ова ќе биде добра поука за сите градски власти кои му даваат дозвола на некој циркус да направи строга контрола на безбедноста во големиот шатор.

Во рок од десетина дена ова е вториот случај кога Македонија инстантно стигна на страниците на најголемите светски весници – првиот пат беше големата репортажа на Асошиетед прес во која светската агенција учтиво му се потсмеваше на „балканскиот кич“ во центарот на Скопје и на уметничките хоризонти на властите во времето кога луѓето имаат се' помалку да јадат. Немаше голем весник во Америка што не ја пренесе таа репортажа заедно со галерија од десетина фотографии.

Белградски „Блиц“ пред неколку дена публикуваше еден мал сублимат од оваа репортажа насловен „Погледајте како сега изгледа новото ’античко‘ Скопје“ и предизвика огромна регионална дебата за улогата на политичарите во креирањето на иднината со споменици кои немаат врска со сегашноста. Дури 485 коментари имаше на овој кус текст со повеќе фотографии, но интересна беше перцепцијата на оние што пишуваа за или против.

Нема правило или закон со кој може да им се сугерира на медиумите што треба да објавуваат. Затоа краткотрајното бегство на лавот од кафезот е подраматична и повпечатлива вест од онаа дека 13 проценти од Македонците се гладни. Веста за сиромаштијата и мрачната иднина тешко се продава, таа стана дел од животот на Македонците. Затоа, изгледа само со кичот и избеганите лавови може да стигнеме на страниците на светските весници. И не треба никому да му се лутиме.


Статијата е прочитана 1691 пати.

Испрати коментар



Поразот на гладните
Моќта на кредитните рејтинзи
Американците го искористија најмоќниот инструмент
Оцрнувањето како стил на владеење
Пусто турско ропство



Spasitel, 14.11.2012 02:50:57
Patriotite, chii IQ e ochigledno ispod 80, ne mislat taka! Rejtingot i posledovatelnite pobedi im *dava za pravo* da mislat deka nivniot IQ140 i da se apsolutno vo pravo. Tragedijata e vo toa shto vo provalijata ne vlechat i nas, i nema ni spas!
dedo dimo, 14.11.2012 04:06:25
Za da e hrani tatkomi familijata morashe da raboti od zora do mrak po nivjeto a isto pokraj nego i nie ,odnosno cela famuilija .A tatkomi kako tie deneshni NERANIMAJKOVCI ne znaeshe za kafulinja .Vie sega ne sakate da rabotite a sakate da imate .Za rezil ste a znajte samo da tresite gluposti. I Izreal e vo ista sredina so okolnite arapski drzava a izreal e kako prekrasna gradina a okolnite kako pustina.Ednite rabotaat a drugite se kako vas.
mitre, 14.11.2012 07:08:01
Коментарот на СПАСИТЕЛ се кажува, тоа е нашата сурова реалност................
ФЕЛИКС, 14.11.2012 07:36:56
Точно така,веста за избеганиот лав и опсервацијата споменичарска на Блиц длабоко во сенка ја фрли веста за откривањето на тефлонот како партиска карактеристика. Пронаоѓачот (инаку од иста партиска провиненција)не доби заслужено внимание,сем во еден неделник каде што тој објавува колумни Едино поедини негови подржувачи во налетот на разочарување почнаа тефлонот да го распознаваат на сите страни,дури и кај коментаторски опоненти.Едноставно нели ги зафана тефломанија
From Czech Republic, 14.11.2012 07:38:56
Ovde vo Češka mnogu malku se davat informacii za Makedonija, golem broj žiteli nemat voopšto nikakvi podatoci, ubedeni se naprimer, deka MK ima more itn. Bibliska zemja, koja go prosveti svetot, tuka malo kogo go tangira. Svetot e golem, MK e mala. Vistina e, deka Makedonija ima so što da se pofali, što da mu pokaže i da mu dade na svet (tuka apsolutno ne go mislam pseudobarok ni preteran kvantum spomenici). Se nadovrzuvam na objaveniot text: sepak prošla nedela na edna češka TV stanica imaše konečno reportaža za Skopje - pogodete, na kakva tema??? Spomenici. Znači, Makedonija konečno uspeja da se probie na stranskite novinski stranici i TV ekrani. Čestitam.
До Спасител, 14.11.2012 09:37:26
Ако „спасителот“ имаше коефициент на интелигенција барем 80, ќе научеше како се пишува со кирилични букви.
Birin, 14.11.2012 09:37:29
Da Ljupco, ama nekoj od toj kiceraj dobro gi napolni dzebovite. Samo pogledni gi cenite na cinenje na konjanikot, na negoviot tatko, i majka, na vrbite, na skapocenite ogradi na mostot i se ce ti bide jasno.Za kilometar izgraden avtopat se znae kolku e cenata , no za vakvi t.n. umetnicki dela cenata moze da se rastegnuva do nedogled.Kako ce objasnis da anonimusi zemaa honorari kako da se mikelandjelo ili Roden?No eve barem uspeavme so tie budalstini da spomnat vo svetskite izdanija.
Баба Евда, 14.11.2012 10:12:36
Шате мое ,не е само Блиц , туку и АП , Вашингтон Пост , Њујорк Тајмс...Светот ни се смее поради Вашите глупости. Ја брукаш баба ти , а и дедо Ефто , бог да го прости , се превртува во гроб од резилот на внучето негово!Размислува дали уште да гласа за вас! Не разбра баба дали Свети Стефан Изгревски , се сретна со Вартоломеј , или , „а ла Хорхе“ , само си намигнаа?!Информирај ја баба , многу ме интересира тоа , дунече мое тефлонско , визави и апропо!
Bogomil(ec), 14.11.2012 11:53:40
Се што се гради, е некаков споменик - на вредноста, или на на глупоста, на срамот или на доблеста, на мудроста или на примитивизмот. И така ќе остане, колку и да се инсистира оваа непогода да се забошоти со владините Потемкинови пејзажи. Друго прашање е дали ние во себе изградивме култ кон вредностите и симболите што ги создадоа претците. Албанците имаат култ кон знамето, кон традицјата, кон личноста. И тоа, некому како да му пречи.Ние, на националното знаме помислуваме од празник до празник. Гробовите на великаните ни се распаѓаат, стануваат обележја на незнаени величини што ни бледнеат. Незнаеме да ги сочуваме ореолите на државотворците, на преродбениците, на илинденците, на мудреците и храбреците од војните и востанијата. Потоа, крив ни е ѓаволот.
Caki, 14.11.2012 12:15:19
Koj saka neka pishuva...fakt e deka vnimanieto na svetot e teshko da se privleche kon mala zemja so neshto shto ne e losho , no kontraverzno i mislam NIKAKO ne e kich...tuka mislam sekako na tatkoto na site spomenici od sk 2014 t.e. voinot na konj . Po mene toj spomenik kje gi vrati do denar site pari vl. vo nego.Ne e kich zatoa shto e UNIKATEN vo svetski ramki ...
луди Милојко!, 14.11.2012 13:39:20
Шате Евдино, во сенка ја фрли “манџата“ што загоре во тефлонот во Ресенско ,О(К)ридско ,Карпошовско...по рецептот на жтата !!Слаба била запршката шате на бабе Евда,галиба малу “сољ“ сте ставиле ,или алева сте заборавиле?Или рецептот сте го грешиле како аеродромскиот немам амбиции за “тате“ на Скопје,ама не конкурирав за Аеро ,ама СЕ ПОДРАЗБИРА хи,хи ,хи .Ова е за верувале или не, дунече Евдино..

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Магла

Сабота
Ведро
Макс: 14°C, Мин: 1°C

Недела
Ведро
Макс: 15°C, Мин: 3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (4)
Хрушчов го викал Тито социјалистички цар. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Правењето перики - доходовен бизнис
За екстензиите сите мислат дека се хит. Така, Англија е на третото место според увозот на човечка коса. Како и зад секој...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |