13.11.2012, 13:24 Машала, Ријана се соблече!
Дваесет и четиригодишната пејачка позира само со кожена јакна, а со своите раце ги крие најинтимните делови од телото
Музичката ѕвезда Ријана се соблече за насловната страница на декемвриското издание на списанието за мажи „GQ“. Дваесет и четиригодишната пејачка позира само со кожена јакна, а со своите раце ги крие најинтимните делови од телото.
За провокативната сесија Ријана се пофали и на својот профил на „Твитер“, каде што ги објави и местата во кои ќе одржат концерти за време на промотивната турнеја „777“.
Во знак на седмицата и издавањето на нејзиниот седми албум, „Unapologetic“, ѕвездата за седум дена, во периодот од 14 до 20 ноември ќе настапи во седум града: Мексико Сити, Торонто, Стокхолм, Париз, Берлин, Лондон и Њујорк.
|