13.11.2012, 17:51 Владата ќе го проверува одливот на капитал
Владата се изјасни по драматичните информации во јавноста: Ќе го проверува одливот на капитал од земјава кон Грција. Министерот Ставрески порача дека будно ќе се следи работењето на странските компании и ќе се проверува како доаѓа до одлив на пари во матични земји
Маја Томиќ
Владата предупредува дека отсега нема повеќе да толерира состојба на повлекување македонски капитал од компании кои работат во земјава и селење во нивните матични држави. Посебно нема да дозволи тоа да бидат средства земени како банкарска позајмица од некоја домашна банка.
„Тоа се ризични пласмани и Владата ќе биде отсега многу внимателна за да не дојде до слични ситуации. Ќе го следиме будно работењето на странските компании и ќе провериме дали и по други основи е забележан одлив на значителни средства во нивните матични земји“, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, на вчерашната прес-конференција, не прецизирајќи какви точно мерки планира Владата за да ја спречи појавата на одлив на големи суми на пари од земјава. Тој нагласи дека засега, освен кај грчки компании, не е регистриран друг одлив на капитал од странски фирми кои работат во земјава.
Ставрески потсети дека во овој случај станува збор за ризични пласмани и токму затоа Народна банка бара од банките да се заштитат при давањето кредити на странските фирми кои потекнуваат од земји со лош бонитет, како што е Грција.
Всушност, оваа реакција на Владата доаѓа по неодамнешната информација од Народна банка дека грчки фирми за осум месеци од годинава одлеале од Македонија 70 милиони евра. Или според оцените од централната банка, сумата е во висина од еден отсто од македонскиот бруто-домашен производ, кој се проценува на околу 7 милијарди евра. Познато е дека одливот може да се направи на два начина, или со префрлање на дивидендата или во вид на кредити.
Иако, од НБМ не сакаа да ги посочат имињата на грчките компании, деновиве во медиумите се објавија три имиња, „Веро“, „Окта“ и Пиварница „Скопје“. Неофицијално, „Веро“ зел кредит од околу 10 милиона евра од Стопанска банка, а „Окта“ од 5 милиони евра од друга банка и тие пари ги префрлиле во своите матични компании во Грција, „Веропулос“ и „Хеленик петролеум“, како авансно плаќање. Пиварницата, пак, како што пишуваат медиумите, од своја сметка одлеала кон Грција сопствени средства од остварен профит.
Неодамна во НБМ објаснија дека одлевањето на капиталот досега е исклучиво од нефинансискиот сектор, бидејќи не можат да се ограничат таквите текови. Од банкарскиот сектор нема таков случај, бидејќи кога станува збор за банките, има законска бариера за одлевање на капиталот. Или, нашите банки не можат кон своите матични банки да издвојат повеќе капитал од 10 отсто од вкупниот капитал. Исто така, како што објаснија во НБМ, домашна фирма во странска сопственост тешко може да префрли пари во банка во странство, бидејќи за таква операција е потребен соодветен основ, за што се врши плаќањето. Но, рекоа дека е можно да земе кредит од наша банка и потоа да и' даде кредит на своја матична фирма, како на пример, во Грција.
За да се спречат навреме овие трансакции, НБМ пред околу два месеца донесе одлука според која за такви ризични пласмани нашите банки мора да издвојат резервација од 25 отсто од вредноста на кредитот, ако парите се одлеваат во земји со шпекулативен, односно банкрот - кредитен рејтинг, каков што е оној на Грција во моментов. Со тоа, сметаат во НБМ, на банките нема да им се исплати да им позајмуваат пари на компании кои потоа ќе ги одлеат во странство.
„Ние го следиме тоа, имаме податоци и знаеме кои компании ги кредитираат своите матични фирми. Но, тоа не е невообичаено, бидејќи имаше период кога матичните компании ги кредитираа своите подружници тука“, посочија од НБМ.
Инаку, според официјалните податоци на централната банка, од 2006 до 2012 година, заклучно со септември годинава, странските компании во земјава повлекле околу 860 милиони евра, а по основ на инвестиции донеле во државата 2 милијарди евра. |
|
Статијата е прочитана 1429 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 14.11.2012 00:14:11 | Stom stranska firma(ne samo kaj nas, opsto pravilo) od *okolu* se obiduva da prefrla kapital nadvor, znaci deka gi *pakuva kuferite*. Ako si gi prefrlaat po redoven pat, togass toa e nivno pravo. Nikoj ne ne terasse da prodavame, pa sega da se zzalime kako parite se odle. Za toa trebasse porano da mislime. |
| kumanov, 14.11.2012 00:19:14 | Koi pari????nasite pari otidoa na ana nikolic i divlje jagode t.e. ostatoci od divlje jagode |
| Скопјанец не ФИРОМ-ец, ец., 14.11.2012 08:06:21 | Што? Од фирмата на Свето се одлеале пари во Грција? Нееееееее!?! Не е вистина? Тие се домаќини луге и мислат и си ја сакаат оваа наша мила држава ФИРОМ . Немојте новинари само заради тоа што нема вербален деликт и клевета да пишувате така. Аман. Сега искрено. Лек се комунистите за “капиталистите“ ајдуците. |
| Buntovnik, 14.11.2012 08:22:23 | Dali mislite deka ovoj odliv e slucajen pa posle ova vlasta ke go kontrolira odlivot na kapitalot. Vo politikata na ovaa vlast nisto ne e slucajno, i ako e slucajno, taka e planirano. |
| Mark, 14.11.2012 08:35:52 | Parite otidoa vo learnicite vo Firenca i Belgrad, vi teknuva? Pa edno 300-400 milioni evra, ne? Dobro de, nesto sitno se prefrlilo na Kipar i Belize ,,al to za trosak,,..A parive sto stranskive(da) firmi legalno si gi prefrlaat vo svoite maticni zemji si e regulirana i normalana rabota nasekade! Stavrevski neka si se sekira(ako voopsto mu e gajle) za parite sto im gi dolzi na nasite firmi.. |
| Todor, 14.11.2012 10:12:12 | На Ставревски и компанија треба да им биде јасно, дека ако трансферот на парите е направен легално т.е. со почитување на сите процедури, законски прописи и плаќање на соодветните даноци, нема што да се излегува пред медиуми со изјави од типот„ ќе видат они„ и дека ние нема да дозволиме одлив на капитал. Банките се друго, тие се под специјален третман на НБРМ и грчките (како и сите други) банки може својот капиталот да го повлечат единствено преку продажба на својата банка - ќерка. Ако исплатите кон странство се направени по основ на дивиденда, намалување на акционерска главница (според ЗТД), даден кредит на фирмата мајка (согласно прописите на НБРМ), а притоа се платени даноците, нема што Ставревски да се пали...законот тоа го дозволува и точка...освен ако не ги смени законите, па да забрани исплата на дивиденди во странство, што не би било чудно за оваа власт. |
| Маринели Јеремиќ, 14.11.2012 10:59:31 | Само да не му текне на кумот за парите што ни ги префрлија на нас.Инаку , приватни пари нека си одат кај сакаат , државските каде се? |
| od ostrijot, 14.11.2012 11:11:56 | kako moze vladata nesto budno da prati koga i so otvoreni oci spijat. |
| Зоран, 14.11.2012 11:34:14 | Политичарите во МК се испотепаа да дојдат на власт за да ги продадат „златните јајца-фирми“ на грци, а сега уште и ке им наметнуваме што да прават со нивниот капитал. За споменици и панорамски тркала што се „испраа“ милиони ама тоа не е битно, тоа се ситници!!! |
| Chainsaw, 14.11.2012 11:48:23 | Za site shto komentiraat za stranskite kompanii i odlivov na kapital neka pomislat vo 2012 kolku pari samite odleale kako turisti vo Grcija... a posle kumulativno site Makedonci :). Imashe nekoi nepotvrdeni presmetki deka toj iznos za godinava e nad polovina milijarda evra. Taka da ajde da ne bideme hipokritici, prvo da si ja najdeme lichnata odgovornost kako gragjani pa posle da ja barame i sudime tugjata. Vo kraen sluchaj si ima drzava, neka raboti na sluchajot. |
| od mene, 14.11.2012 12:06:00 | E poarno parite otkolku FIROM ,ama izgleda deka ste zaboravile
|
| Goce USA, 14.11.2012 13:11:17 | Bas me interesira kako Feliks i jovan od vlada sega ke ni ja objasnat situacijava? I kako toa ministerot za perenje pari ke gi zapre firmite da go pravat ona sto e dozvoleno so ZAKON? Verojatno Satevci pak se krivi? Sekako na ovaa statija tie nema da si gi zarabotat svoite 500 denari posto tie ne se pojavuvaat tamu kaj sto e zesko |
| Михајло, 14.11.2012 15:16:25 | Сепак, Државата се движи, оди напред, да имаше такви одливи на големи пари, Скопје и Македонија ке останеа такви како што беа пред 10 години. |
| sumo, 14.11.2012 17:16:15 | Одлично , само напред, уште една добра мерка на Владата, Македонскиот капитал мора да остане во Македонија. |
| Никола К., 14.11.2012 22:54:44 | За тоа кога се одлеваа пари од државата најдобро можат да оценат граѓаните. Пред 10 години не живеевме ништо подобро од сега, а и ништо не се градеше, сега и покрај економската криза во Македонија секојдневно има отворање на фабрики од странски инвеститори!!! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 11°C
Облачно
|
Петок
Делумно облачно
Макс: 13°C, Мин: 1°C
|
Сабота
Сончево
Макс: 15°C, Мин: -1°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз – Титова Совладетелка (3)Владетелот и совладетелката. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
|