Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
06.11.2012, 17:43

Груевски е за плата по успешност

„Плаќањето според сработеното е една од клучните мерки во здравството што се спроведува сега“, рече премиерот Груевски, а за штрајкот остана на ставот на министерот

Јасмина Јовановска-Вељановска

И премиерот Никола Груевски е за тоа лекарите да се плаќаат според сработеното. Тој и официјално застана зад министерот Никола Тодоров и проектот плата по успешност. „Плаќањето по успешност е една од клучните мерки во здравството предвидена во предизборната програмата што мнозинството граѓани ја гласаа, а сега ја спроведуваме. Ова е ставот на Владата“, изјави вчера Груевски по промовирањето на новите лаборатории на Институтот за микробиологија. За се' друго околу платата и штрајкот на лекарите премиерот рече дека објаснил министерот, избегнувајќи директно да одговори дали штрајкот за кој три месеци се препукуваат лекарите и министерот е законски или не.

А, Тодоров и натаму смета дека штрајкот е незаконски и дека клиничките лекари ја повторуваат истата грешка како и со првиот штрајк. Но, тој одби да каже што е незаконски во штрајкот и само појасни дека незаконитостите се содржат во одлуката на судот кој го стопира првиот штрајк. Според него, не се точни ни реакциите на лекарите, бидејќи платата по успешност не е дел од закон, туку е одредба и не може кривично да одговараат за внесување лажни податоци.

„Повторно лекарите имаат лоши правници кои ги советуваат, исто како и за организирање на штрајкот“, беше коментарот на Тодоров.

Првиот човек во здравството и натаму е на мислење дека штрајкот не е генерален, бидејќи, како што вели, не го организира Гранковиот синдикат, кој за него е единствениот репрезентативен синдикат. Тој избега и не одговори дали ќе ја прифати вчера понудената рака за помирување на Клиничкиот синдикат.

„Како може да не биде генерален кога ќе штрајкуваат лекарите кои се носители на дејноста. Зар ќе прегледуваат сестри и болничари“, беше контракоментарот на првиот човек на клиничкиот синдикат д-р Дејан Ставриќ. Тој ги отфрла обвинувањата на министерот дека штрајкот е фарса и има политичка заднина.

„Штрајкот е чисто професионален“, потенцира Ставриќ, кој смета дека на министерот не му се јасни законските одредби како се исплаќа плата во услови на штрајк.

За клиничките лекари кривичните пријави и неисплаќањето плата за време на штрајк е само закана од министерот за да ги поколеба оние кои веќе одлучиле да штрајкуваат. „Штрајкот на војската може да се забрани само ако има војна. Исто важи и за лекарите. Штрајкот е демократско право и ако тој е регуларно пријавен, не може да се забрани или да се рече дека е незаконски. Не може министерот само да не' мава, а ние да не смееме да се жалиме. Директорите се тие кои треба да ги обезбедат минималните услови за работа во штрајк“, вели дигестивниот хирург Милчо Пановски.

А преговорите со гранковиот синдикат течат. За денеска е закажана нова средба со Тодоров. „Има позитивно поместување за коефициентот за пресметување на платите и ќе има одредено покачување на платата, колкаво не се знае, но ќе се постигне односот еден спрема два за лекарите“, велат од гранковиот синдикат.

И овој синдикат не отстапува од ставот плаќањето да биде по систем на наградување, односно да не биде платата по успешност каде што ќе има наградени и казнети лекари. „На лекарите не им е толку до казнувањето, колку што е важен пристапот во пресметката на платата. Се' уште има услуги кои не може да се препознаат за да се вреднуваат и да влезат во пресметките за плата, како што нема ни прецизен начин за вреднување на трудот“, велат од гранковиот синдикат.


Статијата е прочитана 1565 пати.

Испрати коментар



Одговорот е повеќе куртоазен и празен
ДПА не ја прифаќа раката на Ахмети
Атина ќе го анализира писмото на Попоски
Ќе се освојуваат гласачи со негативна кампања
Барометар за администрацијата
Интервју - Бугарија нема да ви стави вето
Груевски го промовира Трајановски
БиХ отвора нова истрага за авионската несреќа на Трајковски



bez trag, 07.11.2012 00:44:39
E ovde nagazivte na mina, ne se ovie ovcicki kako obicniot narod ovde se sudrivte so pametni i skolovani ne vi pali ovde patriotizmot. Sakam da prasam koj strajk za vas e normalen vo vaseto vladeejne...Vi zezi pod noze veke se cuvstvuva mislam deka i gluvcja dupka ke vi bide siroka uste malce...
former struzanec, 07.11.2012 06:15:04
Da ,da, imate pravo Gwujo Megaloman samo nekakp kako hipokriti mi izgledate i ti i ministerot suckadick Todorov . E vaka eden predlog do obajcata. Zas ne si pocvite od Parlamentot , plata prema ucinok za sekoj parlamentarec vo Makedonija !!!! garantiram najmali plati vo Makedonija
nato-jato, 07.11.2012 07:39:56
I na grobarite da im napravite plata po ucinok...
miki, 07.11.2012 09:34:08
А колку да му дадеме плата на Премиерот за неговата УСПЕШНА работа?????? Се запрашал ли тој колку заслужува што ја доведе земјата на ова дереџе?????? Ете, Феликс нека ми одговори..............колку плата заслужува за него успешниот Премиер???
Успешност, 07.11.2012 10:11:12
Во тој случај , тој не би требало да прима плата, туку да ги врати веќе земените плати!
srebre, 07.11.2012 10:21:25
vo mnogu nese slagam so grujo no ovde e evo pravo,lekarite vo mk ziveat kako bubreg vo loj ako nekoj e za zalenje toa e nastavnicite so 20ilj...a videte lekar moze i honararno na privatni i dravano da raboti a drug ne go moze toa...sekade e palta po ucinok na zapad duri na zapad ako ima 5 pregledi na den se zatvara ordinacija ili bolnica a ne pa plata da zemat.
kondor, 07.11.2012 10:27:21
Spored sto se ocenuva uspesnosta na sudiite,vrabotenite vo opstinskite administracii,drzavnata administracija,policajcite,vojnicite i oficerite,pozarnikarite......Predlozeniot nacin na plakjanje na lekarite e neodrzliv zatoa sto e nepraveden i na steta na kvalitetot.
pile, 07.11.2012 10:44:25
Posle sedumgodisno apsolutisticko vladeenje na Gruevski i familijata so Drzjavata vo vreme koga Ministerot Poposki dostavuva predavnicki odgovor na revizija na VS od 1995 godina do sosedna Grcija, za koj odgovor ,,patriotot drugo nisto ne smee da kazje osven ,,taka kako sto e napisano vo odgovorot, kako i koga site relevantni megjunarodni institucii davaat negativni ocenki za najvisokata partizacija na instituciite vo R.M.za vrene na vladeenje na DPMNE, kako i vo uslovi nad 30% od Makedonskite gragjani se nevraboteni i nad 31% siromasni,najpatriotskiot Premier na R.M. ke drzji predavanja za Ustavnoto zagarantirano pravo na strajk na ovoj ,kakov takov narod.Podobro ke bese pred da si gi spakuva kuferite da organizira proslava za reizborot na Pretsedatelot na prijatelska SAD G-din Barak Obama.GRUEVSKI ODDI SI
Има ли нафта во државава?, 07.11.2012 10:52:27
Вчера, на телевизија, еден бравар многу сликовито се изрази по темава. Грујо, плука по историскиот Бравар, но во врска со придонесот за доброто на Македонија, не може ниту вода да му носи за калење на челикот. Но, за партискиот режим во државата, Браварот на Грујо и нафта да му носи не може ��а се изедначи со него. Но, заборавив дека на Грујо не му треба друга нафта, си ја има ОКТА.
Плата спрема успехот?, 07.11.2012 12:31:21
Проблемот е во тоа да се дефинира успех и неуспех во здравството. Предлагам лекарите во јавното здравство да добиваат плата спрема бројот на мртвите пациенти. Што повеќе мртви, толку повисока плата!Така на крајот во здравственото осигурување ќе нема трошоци а добивката ќе си ја подели партијата на премиерот.
Ајван Доктор®, 07.11.2012 12:58:27
Добро е да се знае од каде доаѓа целата небулоза,како пакет од глупости,и заканата за лекарите!Од маминиот син!Во земја во која судиите примаат повеќе од 60.000 денари,полицајци со средно,околу 30.000,немуштиот Гwујокио со плата од преку 80.000,а верувам дека и платата на министерчето Тодоров не е многу помала од неговата,лекарите кои половина својот живот го трошат на едукација и усовршување (оние кои ги познавам прават и по 6 тешки операции дневно) имаат плата пониска од обичен полицаец,без бенефиции!И уште единствено за нив треба да важи наопаку пренесениот проект„плата по учинок“!Што е тоа што го сработи Гwујокио досега?Што добро за државата направи неговата реформирана администрација?Што добро направи судството?Што добро направија молчеливите собраниски пратеници?Економскиот раст од 0%говори за неговите „огромни резултати“!Да не беше лудиот проект „Ск-2014“„порастот“ ќе беше во минус!Редно е лекарите да одговорат пожестоко на ваквиот мајмунлак!
acko, 07.11.2012 13:53:39
Dvajcava strucnjaci sega se nafrlija na zdravstvoto.Gi podrzuvam lekarite bidejki e vreme nekoj da pocne da im se sprotivstavuva argumentirano na ovie nepismenive..............DOSTA E OD VAKVI SAMOBENDISANI TIPOVI SO SUMNJIVI DIPLOMI I ZNAENJE STO DOKAZANO URNISAA MNOGU RABOTI VO MAKEDONIJA POSLEDNIVE SEDUM GODINI.RABOTEA 24/7 A SRABOTIJA ZA SVOITE DZEBOVI I ZA NARODNATA SIROMASTIJA......
Kojco, 07.11.2012 17:50:45
Gruevski za negova plata po sraboteno moze da zeme najmnogu 5 000 denari na mesec. Bez da mu se plaka staz i penzisko.......
nekoj, 07.11.2012 21:24:15
Za ova i jas se soglasuvam so Gruevski a i mislam deka ne e negova ideja. Taka e nasekade, taka bi trebalo do bide i vo Makedonija. Plata spored produktovnost se zema a ne spored toa koj kolku dolgo uchel....

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
  


Site Meter


Време
Скопје, 8°C

Облачно

Среда
Обилни врнежи
Макс: 13°C, Мин: 4°C

Четврток
Локални грмотевици
Макс: 14°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова совладетелка (1)
Жените на Тито
Настани
(ВИДЕО) Две жртви во железничка несреќа во Црна Гора
Несреќата се случила вчера попладне, кога воз налетал на железничка градежна машина, која била поставена во тунел на пру...
Светски ден на борба против дијабетесот
Меѓународната федерација за дијабатес проценува дека 366 милиони луѓе во светот имаат дијабетес, а бројот на заболени&nb...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |