Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
06.11.2012, 17:39

Ќе се освојуваат гласачи со негативна кампања

Трката со оцрнување на противникот веќе со години е константа кај нас

Горан Адамовски



Како што се приближува денот на изборите, така и негативната кампања ќе оди во нагорна линија, анализираат експертите во пресрет на избирањето локални шефови напролет. Едноминутниот спот со исечоци од скандалозниот ТВ-дуел меѓу некогашните ривали Љупчо Георгиевски и Бранко Црвенковски, како и обвинувањата за штанцање нови доселени граѓани во одредени општини, би требало да бидат загревање за зимските месеци.

„Како што тргнало сега, може да се очекува се' понагласена негативна изборна кампања. Ако судиме според досегашните изборни циклуси, ние веќе години наназад сме влезени со тактика на негативни кампањи. Тоа е нешто што Американците одамна го имаат искусено, тие беа први што ја воведоа, но таа полека заминува во историјата. Кај нас, пак, добива на тежина и веројатно се смета дека е најдобриот начин. Иако звучи грдо, тоа не е непознаница и нешто што не постои во сферата на политичкото огласување или рекламирање“, смета професорката Весна Шопар.

Владејачката партија, очекувано, се обидува да ја искористи „непринципиелната“ коалиција меѓу довчерашните најлути непријатели, Црвенковски и Георгиевски. Нивните легендарни реплики за „шише виски, грам кокаин, бајачки и психијатри“, дадени во ТВ-дуелите од пред десетина години, повторно оживеаја на малите екрани. Целта е да се покаже превртливоста на крупните политички фигури на македонската демократија, но, според аналитичарите, постојаното враќање во минатото, кое за нас е болно и неуспешно, не' влече назад и не ни дава да одиме напред. Тоа би можело да предизвика контраефект.

„Дали очекувам негативна кампања? Од ВМРО-ДПМНЕ не можеш да очекуваш нешто добро, а лошотијата им е заштитен знак“, коментира градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски, кој на престојните избори ќе се натпреварува за нов мандат.

Тој вели дека постојат сериозни индикации за низа гласачки неправилности во општината што ја води, со цел, како што вели, и овој дел од Скопје да добие вмровски предзнак. Јакимовски не сакаше да говори што точно се готви во Карпош, потенцирајќи дека неговиот тим се' уште собира податоци.

„Расположението кај гласачкото тело во општината е јасно. Ако некој одлучил да игра против волјата на народот, ќе си има проблеми“, вели Јакимовски во вчерашната изјава за нашиот весник.

Од неговата СДСМ веќе се пожалија дека власта работи на промена на структурата на гласачи со масовно одобрување живеалишта на соодветни адреси и издавање нови лични карти. Наводно, целта е во општините каде што се очекува неизвесна битка, да се „доселат“ лица што би требало да натежнат на вагата.

Во ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека ваквите тврдења претставуваат очаен обид на СДСМ за пронаоѓање алиби за „очигледниот пораз на престојните избори.

„Жално е што СДСМ не умее со работа и проекти да го сврти вниманието на јавноста. За нас се прифатливи сите забелешки на ОБСЕ и ОДИХР, кои се однесуваат на изборниот процес“, рекоа од партијата на Груевски.

СДСМ нека достави докази за предизборни манипулации

Државниот јавен обвинител Љупчо Шврговски ја повика опозицијата да му достави докази на Обвинителството за изборни манипулации што, наводно, ги планира власта во пресрет на локалните избори закажани за март идната година.

„Доколку СДСМ располага со докази, нека ги достави до нашето надлежно Обвинителство. Ние ќе ги разгледаме и ќе донесеме одлука“, кусо изјави Шврговски за нашиот весник.

Социјалдемократите тврдат дека станува збор за огромен скандал, кој веќе е виден во Србија за времето на Слободан Милошевиќ. Тие обвинија дека власта работи на промена на структурата на гласачи со масовно одобрување живеалишта на соодветни адреси и на издавање нови лични карти. Ваквото тврдење тие го поткрепија со документи и фотографии, кои според нив, ја докажуваат ваквата појава во Ресен.

СДСМ на завчерашната прес-конференцијата презентираше документи кои покажуваат како поголеми групи лица на еден ист нотар заверуваат договори за наем. Овие договори се однесувале на повеќе лица, на кои им се издавале бесплатно и без надомест. А, потоа, заверените договори, организирано се носеле во подрачната служба на Министерството за правда, каде што се поднесуваат барања за издавање нови лични карти. Со тоа, како што тврди опозицијата, се создаваат предуслови новите гласачи да бидат запишани во Избирачкиот список. (Г.Д.)


Статијата е прочитана 758 пати.

Испрати коментар



Одговорот е повеќе куртоазен и празен
ДПА не ја прифаќа раката на Ахмети
Груевски е за плата по успешност
Атина ќе го анализира писмото на Попоски
Барометар за администрацијата
Интервју - Бугарија нема да ви стави вето
Груевски го промовира Трајановски
БиХ отвора нова истрага за авионската несреќа на Трајковски



jovan, 07.11.2012 00:16:27
Narodot placejki prezivuva, dodeka oni(i pozicija i opozicija) se rasfrlaat so koli, vili, stanovi...*specaleni* so kriminal, korupcija, privilegii...pa uste kazuvaat deka toa ne e taka i deka nekoj drug e kriv. Narodot e gladen i mnogu nesta treba da se smenat za da bide zadovolen, a toa ni tie ni tie ne mozat toa da go obezbedat, bidejki sve sto znaat e kako da ukradat a ne da dadat i doprinesat. Za da se spasat ke pocnat uste pozestoko da se okrivuvaat eden so drug, i vo toa nadvikuvanje ke gledame kako klopceto se odmotuva, i dosta raboti ke se vidat. Ke ima smea ama ke ima i placenje. Vreme e da se najde nekoj koj ke pocni da gi apsi i isprati vo Idrizovo ovie likovi koj parazitiraat na grbot na narodot. Site nie sto sme gi glasale, posle da mozeme da odime vo Idrizovo da gi posetuvame, kako sto nekoj odat da go posetat muzejot*zrtvi na komunizmot*.Od nivnite prepukuvanja, fajde veke nema.
Davor, 07.11.2012 07:58:59
Абре јавнат обвинителе, што ќе Ви се вам докази. Што ќе сторите со нив? Се што Ви беше доставено во текот на мандатот, како доказ, како аргумент, заврши во амбис. Новинарите ги притиснуваат до ѕид, за да им ги отапат перата, со застрашувања од ригорозни казни, да ги направат кротки јагниња во трлото на пастирот, додека гласноговорниците од штабот на моќниот брат, во ќии раце се приграбени стапот и морковот, се катапултираат навреди на лични или партиски адреси. За нив, се друго, освен портокаловата боја, е без вредност. Се копа по архиви, се прават монтажи, се режираат гебелсови сценарија, со навредувачки, омаловажувачки, уништувчки содржини. На гласачкото тело, место визија за демократски процут, му се проектира брутална тортура.
Трпе, 07.11.2012 13:27:00
Време е господинот Шврговски да се разбуди од зимски сон и да ги засука ракавите.Ако треба и диоптерот на очилата да го замени и да види кој нечесна игра игра.Зарем некој близок не му шепнал дека неговите миленици трошат огромни пари за нечесни реклами извадени од нафталин.Но на господинот обвинител кој неможе од нафталинот да се разбуди му треба чист 80% алкохол за под нос да се анимира.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
  


Site Meter


Време
Скопје, 8°C

Облачно

Среда
Обилни врнежи
Макс: 13°C, Мин: 4°C

Четврток
Локални грмотевици
Макс: 14°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова совладетелка (1)
Жените на Тито
Настани
(ВИДЕО) Две жртви во железничка несреќа во Црна Гора
Несреќата се случила вчера попладне, кога воз налетал на железничка градежна машина, која била поставена во тунел на пру...
Светски ден на борба против дијабетесот
Меѓународната федерација за дијабатес проценува дека 366 милиони луѓе во светот имаат дијабетес, а бројот на заболени&nb...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |