Број 3293  сабота, 29 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Хороскоп

Хороскоп

ОВЕН

Мора да го намалите темпото, затоа што тоа е еден од начините да избегнете вербални дуели, но и повреди. Во жарот на желбата да ја остварите целта, не размислувате на вистински начин. Почнува да ве фаќа трема, која честопати се појавува во вид паника.



БИК

Знаете на што сте и до каде може да одите, па полека се олабавувате од стресовите. Денот е одличен за работа, но не и за љубов. Чувствата не ви се возвратени на саканиот начин. Причината за студенилото со партнерот побарајте ја во вашата околина.



БЛИЗНАЦИ

Уживајте во хармонијата, таа почнува да владее со сите сегменти од вашиот живот. Работни успеси, социјален живот, добра доза на толеранција – не се случува секој ден. Максимално искористите го денот и зададете си што повеќе квалитетни обврски.



РАК

Нагласена е суетата, па ќе ви биде важно туѓото мислење. Обврските бараат да потрошите одредена сума. Иако ќе биде повеќе од планираното, мирно ги поднесувате задачите, затоа што во нив гледате нов извор на приход. Со некој лав ќе средувате нерешени сметки.



ЛАВ

Не си верувате себеси, па постојано сте вознемирени. Околината со критики се обидува да го потенцира вашето чувство на ниска вредност, незнаејќи дека лавовите се чувствителни по тоа прашање. Кажете што мислите, но не потенцирајте дека нешто им недостасува.



ДЕВИЦА

Бизнис-успех следен од интензивни емотивни задоволства. Нештата ги решавате на свој начин. Станувате свесни за слабостите на партнерот, па решавате да не го идеализирате. Мислите дека можеби е неискрен и нешто крие. Не пробувајте да дојдете до вистината, таа сама ќе ве следи.



ТЕРЕЗИЈА

Доколку не престанете да го анализирате својот партнер, ќе наидете на бурни реакции и критики. Не бидете сигурни дека ќе бидете имуни на критиките што може да ги добиете за возврат. Па, затоа добро размислете пред да го кажете своето мислење, тоа може скапо да ве чини.



СКОРПИЈА

Денеска сте вредни, одговорни и сами сте изненадени за што се сте подготвени. Околината често ве доживува како колебливо лице, но знаете дека кога ќе се решите за некоја работа, ништо не ве спречува да ја завршите. Здравјето е одлично, но потребни се и почести прошетки во природа.



СТРЕЛЕЦ

Колку е убаво понекогаш да се види и стрелецот како го губи разумот. Партнерот прави се' за да ве одржи во состојба на вљубеност. Иако не е физички присутен, сепак, во мислите сте заедно. Телепатијата понекогаш прави чуда. Убаво е чувството кога си љубен, па затоа уживајте.



ЈАРЕЦ

Комуникативните јарци, конечно, ќе стивнат. Зошто ќе се доведат во таква ситуација, тоа е веќе индивидуално. Повеќето јарци ќе имаат здравствени проблеми. Сето тоа се должи на временските варијации, кои ќе ве прават многу нервозни и лошо ќе влијаат на хормоните.



ВОДОЛИЈА

Главна утеха за сите талентирани припадници на знакот е уметноста. Имате инспирација и желба да создавате големи дела. Сознавајте, никој не ви брани. Преминете со зборови на дела. Имате замислено нешто, но премногу сте мрзеливи да почнете со реализација. Важен е првиот чекор.



РИБИ

Кога во прашање се вашиот партнер и децата, премногу се грижите. Се јавува желба да бидете сами и да ги преиспитате проблемите што ги имате во комуникацијата со околината. Разочарани сте од лицето во кое сте верувале и во кое сте имале голема надеж. Не бидете премногу наивни.






#
Најди! во Утрински