Струга пред новото наставно утро
Димче Шипинкароски, Струга
Сегашната Општина Струга брои околу 67.000 жители, а во Струга живеат околу 18.000 жители. Со новиот закон за задолжителна настава во средно образование финансирано од државата во „Нико Нестор“ и ‘‘Ибрахим Темо ‘‘ доаѓаат околу 3.000 деца. Тоа, всушност, личи на еден средношколски град. Меѓутоа, само 800 деца се од градот Струга, а другите 2.200 доаѓаат од околните села, од кои некои се оддалечени и по неколку десетици километри. Притоа, тие се изложени на секојдневно малтретирање по автобусите или такси-комбињата, а нивните родители имаат дополнителни финансиски трошоци за хранарина.
Предлагам со струшките средношколци веднаш да се започне со децентрализација на образованието и да се отворат дисперзирани средни училишта во сите поранешни општини како што се Делогожда, Лабуништа, Луково, Велешта, како и во с.Радолишта. Во овие села, заедно со најблиските нивни околни помали села живеат повеќе од 10.000 жители. Исклучок е село Луково кое е помало, но обединува еден огромен регион од каде што е искучително тешко навреме да се стигне на задолжителната настава.
Доколку можело да има средно училиште во Демир Хисар, Крушево, Пехчево, Берово, Валандово, Радовиш, Пробиштип... зошто тогаш и во овие гореспомнати кохерентни средини да не се направат дисперзирани средни училишта и место секојдневно да се прави сообраќаен хаос заради превоз на околу 2.200 средношколски ученици, да им се обезбедува превоз што се плаќа од страна на државата на кусо растојание. Попаметно е само неколку професори да кружат и да извршуваат настава со што ќе се поблиску до населението од каде што доаѓаат средношколците и ќе можат полесно да комуницираат со нивните родители, исто онака како што тоа го прават наставниците во постојните осмолетки во овие краишта.
Во Струга треба да останат само струшките парале��ки на медицинско училиште и слично, зашто е потребно да има практика или лаборатории.
Во зградата која очигледно би останала празна, добро е да се направи и еден државен дисперзиран факултет, за почеток под Битолскиот универзитет. |