Број 2923  петок, 27 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Писма

Исклучокот секогаш станува правило

Марија Митевска, Куманово

Ја почитувам Теута Арифи како жена, интелектуалец и политичар. Но, во последно време преку колумните нејзините ставови почнаа да претрпуваат измени. Се прашувам дали пратеничката Арифи ги заборави случувањата во кумановската гимназија, на кои им кумуваше токму нејзината партија? Дали тогаш, кога кумановските гимназијалци од албанско потекло излегуваа на улица, заедно со родителите и професорите, барајќи посебно училиште поради тоа што не се чувствуваат безбедни?! Дали македонските гимназијалци се первертити или мазохисти кои, еве, сакаат самите на себе да си наштетат и да предизвикаат меѓуетнички судир во нашата држава, а притоа МОН дава 29 милиони денари за градење средношколски центар за учениците-Албанци во касарната „Карпош“ во Куманово?

Некако тезите на Теута Арифи губат на силина кога едното го оправдува и подбуцнува, а за другото вели дека не смее да има поделба врз етничка основа. Можеби случајот со Струга е од голема важност што таму градоначалник е Албанец и тоа од нејзината партија, која патем се профилира и декларира како европска ориентирана партија, а во Куманово градоначалникот е Македонец, па еве Арифи не' подучува што е тоа меѓуетнички соживот, но притоа заборавила на случувањата во кумановската гимназија. Свесна сум дека по одредени прашања реагираме повеќе националистички отколку прагматично, што и во една од колумните на Арифи е видливо. Но, кога некои ставови ги пласирате во јавноста, како дел од сопствените видувања, мислења, па и да речеме како политички ставови, ќе мора да го имате предвид и интелектуалниот потенцијал на сите граѓани во државата, без разлика кои се, чии се и какви се.

Во Македонија не живеат дебили, националистички херои, антички мераклии, туку и интелектуалци со космополитски код во својот карактерен ген. Ако во Куманово се гради средношколски центар за учениците-Албанци со кој еднаш е направен исклучок во правилото, не треба да се очекува дека таквиот исклучок да има своја реприза.


Статијата е прочитана 421 пати.

Испрати коментар

Од: seuste normalen
Датум: 27.02.2009 10:04:13
Potpolno se slozuvam so gospogjata od Kumanovo! Teuta stvarno e carica vo DUI, ama ne moze da zabeguva poradi dnevno politicki finti. Rmiz Merko ne se pokaza deka e nekoj poseben vo Struga, nisto ne napravi - senesto na toso se pravi! Pa sega uste OBSE da posreduvalo, aman be Hutsi i Tutsi da ne sme! DUI so VMRO mnogu izgubi, aSelmani so Demokratija re tek doprva ke go opravda demokratskiot kapacitet na Albancite!

Најди! во Утрински
Писма
Струга пред новото наставно утро