Број 3645  понеделник, 01 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
На прво место

Со колку пари државата ќе помага за стан?

Според наши пресметки, ако се земе половина од учеството, кое може да биде 25 отсто за кредит од 50.000 евра, излегува дека помошта е 6.000 евра

Соња Маџовска

Со колку пари државата ќе им помага на граѓаните при купување стан или куќа, согласно со новите законски решенија, кои се дел од пакетот економски мерки на Владата?

Многу е тешко да се направи математика без детаљни податоци, но „Утрински весник“ се обиде барем приближно да пресмета колкава ќе биде државната помош. Ако се направи груба математика, за кредит од 50.000 евра, со камата од 5 отсто, колку што е максимумот што го дава Владата, може да се купи стан од 55 квадратни метри, под услов квадрат да чини 900 евра. Тешко е да се направи точна пресметка колкава ќе биде ратата, ако клиентот се определи за опцијата Владата да му плаќа половина од ратата за кредитот во првите пет години, бидејќи тоа зависи и од учеството што ќе го даде клиентот и од годините на отплата на целиот заем. Во втората опција, пак, каде што наместо отплата на ратата државата ќе даде половина од учеството, кое најмногу може да достигне 25 отсто за кредит до максимум 50.000 евра, според наши пресметки, излегува дека во овој случај државата ќе помогне со 6.000 евра.

Со оглед на тоа што оваа нова владина мерка стапува на сила од 1 јануари наредната година, тоа значи дека граѓаните имаат уште неколку месеци да ги ��оберат документите и да направат математика дали ќе побараат помош од државата за плаќање на половина од месечната рата или половина од учеството за кредит.

Владата се' уште нема утврдено колкава сума од буџетот ќе издвојува годишно за оваа намена за да се знае и на колку граѓани ќе им биде достапна оваа мерка и по колку пари како државна помош ќе добие секој за купување стан или куќа. Владата нема ниту договор со банките за камата од 5 отсто, ниту договор со градежните компании за квадрат од 900 евра.

Банкарите, сепак, се убедени дека државната помош при купување сопствен покрив над глава ќе предизвика огромен интерес, но велат дека во наредните месеци ќе треба да ги договорат условите со Владата. Градежните компании, пак, очекуваат субвенции од државата за да можат да понудат поевтин квадрат, до 900 евра.

Младите брачни парови во денешно време најчесто до стан доаѓаат со земање кредит, кој го отплаќаат со години, а поради тоа едвај врзуваат крај со крај со парите што ќе им останат откако ќе ја платат месечната рата. Дел од младите со кои разговаравме велат дека штом владината мерка ќе биде достапна, веднаш ќе аплицираат за ваков станбен кредит, бидејќи досега немале можност да обезбедат доволно средства со платите што ги примаат. Сепак, главен проблем е тоа што моментно банките не нудат станбени кредити со камата од 5 отсто, но тие велат дека оваа идеја треба детаљно да се подготви за да биде прифатлива и за нив и за граѓаните. „Конкретниот начин на субвенционирање во Македонија треба детаљно да се анализира и договори меѓу банките и Владата и да се подготви понуда што ќе биде прифатлива за сите инволвирани страни“, објаснуваат од Стопанска банка.

Според градежниците, продажна цена од 900 евра за квадратен метар за новоградба во Скопје не може да се постигне без помош од државата. Најголема пречка на која посочуваат е високата цена по која го откупуваат градежното земјиште, а кое со голем процент учествува во трошокот за изградба на зградата. „Многу зависи дали земјата ќе се откупи за едно, десет или за двесте евра за квадрат. Тоа во најголем процент ќе ја одреди и цената по која ќе се продаваат становите“, велат во „Адора инженеринг“.

Министерот за финансии, Зоран Ставрески, вели дека цел е парите да стигнат до оние што првпат го решаваат станбеното прашање, односно средната и пониската класа граѓани да изградат куќа или да купат стан. „Веруваме дека ќе успееме да постигнеме договор барем со дел од банките за прифаќање на овие услови. Оставаме и флексибилност, ако граѓаните не можат да дојдат до средства под тие услови, ние ќе субвенционираме повторно, но до оние лимити што ги утврдивме. Другиот дел нема да биде субвенциониран, што не значи дека ќе бидат исклучени од можноста да користат субвенционирани средства“, истакна Ставрески.

Инаку, во новото законско решение има редица услови.

Доколку кредитот е поголем од 50.000 евра, овие услови нема да важат за делот што го надминува овој износ. Брачните другари не смеат да имаат недвижен имот на свое име ниту, пак, да се оптоварени со други долгови, тие, исто така, не смеат да имаат вкупни приходи повисоки од 900 евра месечно.


#
Статијата е прочитана 2266 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 01.08.2011 01:02:08
Со нашиот стручен мистер мр Рејтинг (кој по трет пат го добива мандатот) се мајтапат банкарите и градежните компани.Сакам да ми каже каде да пронајдам стан по цена од 900 евра по метар квадратен и камата вобанка од 5%.А го лаже и во очи го гледа и овој министерот за распоредување на парите.А тој се истрчува како прле пред магарица да ја пренесе интересната вест,гласачкото тело сметајки го за малоумно.Но овој народ и ова го заслужува.
Од: od mene
Датум: 01.08.2011 01:34:35
детаљни не се пише со Љ!!!!
Од: Реалист
Датум: 01.08.2011 03:25:26
Убаво го праша таа новинарката Груевски за време на прес-конференцијата: Дали може брачен пар да земе државно-субвенциониран кредит ако немаат станови на нивно име, но имаат станови на пример на име на мајката на мажот. Сеедно дали го прашала со иронија, прашањето останува: Дали се смета и имотот на родителите на брачните партнери?
Од: Горан
Датум: 01.08.2011 06:17:54
Добра анализа! Максималниот вкупен износ на станбените субвенции ќе изнесува 6.250 евра. Има низа ригорозни услови со кои се ограничува располагањето на становите, а воедно тешко дека во догледно време домашните банки ќе пласираат станбени кредити со каматни стапки до 5%.
Од: Петар Трајков
Датум: 01.08.2011 07:36:10
Мислам дека овој закон нема да може да се примени за купување стан во Скопје бидејки нема станови под 1000 евра и делимично за Охрид каде повеќето се над 900 евра/м2, но затоа пак во сите останали градови во Македонија становите се под 900 евра/м2. Значи освен за Скопје и Охрид, законот ќе биде целосно применлив. Ова може би и ќе има позитивен ефект во запирањето на миграцијата од малите градови во Скопје.
Од: Regan
Датум: 01.08.2011 12:16:02
Па и 6000 се пари.За некого се и сон.
Од: r.todor
Датум: 01.08.2011 12:25:30
Ова мерка ќе се однесува само за луѓето блиски до Грујо.
Од: k2
Датум: 01.08.2011 17:55:11
Do realist.....Taa novinarka moze slobodno da si bara nova profesija....
Од: Natasa
Датум: 01.08.2011 18:07:31
Skopjani ne im trebaat, itaka niv gi drzat provincijalcite pa kako da dadat kredit na skopjani.
Од: romplus
Датум: 01.08.2011 19:17:59
Одма да разјасниме де��а и во скопје има станови и за помалку од 900 Евра по метар квадратен, Топанско поле, Чаир, Ѓорче. и во изградба во Кисела Вода, Аеродрум и слично. Значи има станови по таа цена. за кредити отом потом, ако веке се дава субвенција од 25% и тоа е доволно. е сега кредити. Па ако се добие на една трана како субвенција , добро би било и камата да се намали ама ако не се намали пак е голема помош и самата субвенција. НЕ ТРАЖЕТЕ ПРЕКУ ЛЕБ - ПОГАЧА.
Од: REALEN
Датум: 02.08.2011 14:57:51
Ova bese samo izboren populisticki trik na Grujo, a istoriski e dokazano deka Makedonecot se pali na lazgi. 1990 Ljubco, 1998 Cile itn. Kako prvo kade ima nnov stan za 900 evra/m2? Vo provincija? Kako tie od pomalite mesta ke gi plakaat ratite , so koja plata ? Koja banka dava stanben kredit vo visina od 5 % da zemam i jas da si go resam stanbenoto prasanje. Se nadevam deka od nekoja bliska istoriska distanca ke gi sogledame posledicite od ekonomskiot ponor i manipulaciite na ovaa vlast.
Од: martin
Датум: 02.08.2011 15:37:51
не ми е јасно само една работа, кажуваат дека не смеам да го продадам станот после неколку години ами дури после 20 години, откако ќе ми истече исплатат кон банката. Ало ами ако се разведам бре ако сакам поголем стан еве после 10 години да си купам оти сакам да имам 3-4 деца кој може да живее во стан од 50-60 м 2. Не ми се јасни тиа работи ама ај да видеме иначе јас ги исполнувам сите овие услови.

Најди! во Утрински
На прво место
Мистериозно повлекување на Мартин Протоѓер

"""