Број 3367  среда, 25 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хороскоп
Хороскоп

ОВЕН

Доколку планирате купување недвижности или изнајмување стан, отворете четири очи пред да го потпишете договорот. Поради поставеноста на планетите, можни се невалидни потписи и документи, вистински тешкотии и парични загуби.



БИК

Односите во семејството најпосле се смирија. Но, немојте да се залажувате. Не само што не се поправивте туку ќе ве нема дома цел ден. Изгледа дека се' уште не сте сфатиле дека компромисот е основна работа за нормалното функционирање на семејството.



БЛИЗНАЦИ

Што и да направите, не заборавајте најпрво да ја затворите финансиската конструкција на домашниот буџет. Трошоците растат секојдневно, а непредвидените трошоци се јавуваат се' почесто. Обидете се да најдете дополнителен извор на заработувачка.



РАК

Ќе побарате авантура и флерт. Фактот што сте во брак или имате сериозна врска нема да ве спречи во остварувањето на замислата. Иако на крај памет не ви паѓа да го напуштите постојаниот партнер, сепак, бидете дискретни.



ЛАВ

Денешниов ден не ветува многу. Некои проблеми за кои мислевте дека се решени, повторно ќе излезат на виделина и ќе ве изнервираат. Не ви преостанува ништо друго освен да се фатите за работа и овој пат да ги решите засекогаш.



ДЕВИЦА

Некаде околу пладне би можеле да западнете во жестока расправија со некој пријател или член на семејството, а причината може да биде некој трач, провокација или индискретно однесување. Ќе се налутите зошто другите го пикаат носот во вашата интима.



ТЕРЕЗИЈА

Денешниов ден е поволен за остварување на плановите и амбициите. Затоа, потпрете се на својата интуиција и талент и почнете да реагирате. Младите Терезии ќе се налутат поради малиот џепарлак и постојаните приговори на родителите.



СКОРПИЈА

Однесувањето на еден близок пријател би можело да ве повреди. Сознанието дека не сте во средиштето на неговото внимание ќе направи да се чувствувате отуѓено и запоставено. Возвратете му со иста мера на незаинтересираност.



СТРЕЛЕЦ

Ако сте во потрага по нова работа или подобро работно место, ќе добиете огромна поддршка. Помошта на некој пријател или роднина ќе ви биде драгоцена и ќе ве одведе до потребните информации. На тој начин ќе ја победите конкуренцијата.



ЈАРЕЦ

Нервозата и лесните болки во стомакот ќе ве принудат да го минете денешниов ден во кревет и конечно да се одморите. Иако мислите дека сте од челик, не тестирајте ја границата на издржливост за да не ја влошите состојбата.



ВОДОЛИЈА

Уште во почетокот на денов ќе ве дочекаат семејни проблеми кои од час во час ќе стануваат се покомплицирани. Немојте да се повлекувате од теренот, туку извлечете го мечот и спротивставете им се на сите кои ви прават проблеми во животот.



РИБИ

Доколку денеска имате намера да подигнете кредит или да вложите пари во реновирање на станот, препорачливо е добро да размислите за своите одлуки. Можни се незадоволства и половични решенија. Одложете ги работите на неколку дена.


#
Најди! во Утрински