Што прават денеска
Григор Копров
дир. на „Охрид фест“
Иако имаме речиси 15-годишна традиција, секогаш на првиот ден на Охрид фест, чувствувам одредена возбуда и исчекување. Вечерва започнува фестивалот, со Вечерта на младите ѕвезди, кој ќе трае до 28 август. Всушност, се' е подготвено, ги очекуваме гостите, публиката и да му подариме на Охрид уште едно летно музичко доживување.
Снежана Стамеска
актерка
Имам скршена рака, куќа за чистење и бремена ќерка, ха, ха... И со сета радост очекувам да станам баба. Веќе трет ден откако ќерка ми е влезена во деветтиот месец од бременоста и теоретски секој ден може да добиеме поднова. Веќе е избрано и името - Матеј и само се очекува неговото доаѓање на свет.
Марин Демировски
дир. на фестивалот „Етноплоштад“
Денес е ден за последните подготовки за утрешниот почеток на фестивалот „Етноплоштад“, кој од 26 до 28 август ќе се одржува во Берово. Очекуваме дваесетина фолклорни ансамбли од десетина држави со над 200 учесници. Секој граѓанин на Берово се стави во функција на фестивалот на кој очекуваме да ни дојдат 30.000 посетители кои ќе имаат можност на отворената трпеза да ги вкусат еколошки чистите производи на Малешевијата. |