Промоција на ЦД на Љупчо Чедомирски
Вечерва во 21 часот во ресторанот „Думо“ ќе биде промовирано ново ЦД на кларинетистот Љупчо Чедомирски, на кое се поместени девет композиции за кларинет и пијано, што тој ги изведува во пијано придружба на пијанистката Бојана Петровска
ЦД е под наслов „Македонски композитори“, а го издава Дирекцијата за култура и уметност, со финансиска поддршка од Министерството за култура. Чедомирски потенцира дека ова е прво ЦД за кларинет со македонски автори. (К.Б.) |