Тања Таневска изложува во Чифте-амам
Во Чифте амамот, е отворена самостојна изложба на ликовната уметница Тања Таневска под наслов „Записи за вистината“, на која се претставени 60 дела – цртежи, слики и скулптури.
Тања Таневска дипломирала на ФЛУ во класата на проф. Рубенс Корубин, а магистрирала сликарство на ФЛУ во Приштина кај проф. Заке Превукај.
Од 1997 е член на ДЛУМ. Учествувала на 26 колонии во земјата и странство, на над 150 групни изложби во земјава и странство. Досега реализирала 15 самостојни изложби во Македонија, Франција, Србија, Хрватска, Германија и Словенија. Добитник е на повеќе награди. (К.Б.) |