Број 3302  среда, 09 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Култура

„Специјалистот за погубувања“ наполни 90 години

Најпознатиот германски литературен критичар, Марсел Рајх-Раницки, пишува радикални критики

Марсел Рајх-Раницки е најпознатиот германски литературен критичар, популарен и надвор од земјата. Неодамна тој наполни 90 години. За него се карактеристични радикални критики, кои може да си ги дозволи поради рејтингот.

Марсел Рајх-Раницки е роден на 2 јуни 1920 година во Влоцлавек во Полска. Завршил гимназија во Берлин, но како Евреин не бил примен на факултет. Тој бил протеран во Полска, а во 1942 година успеал да побегне од варшавското гето заедно со сопругата Тосија. Во 1958 година повторно се доселува во Германија и целосно му се посветува на германскиот јазик и на литературата. Поради коректните и остри критики го нарекуваат „литературен папа“. Неговото мислење веќе одамна е неоспорно, па така може да си дозволи и радикални критики за наводно слабиот квалитет на германската телевизија, како во 2008 година кога при доделувањето на Германските телевизиски награди налутено ја одби почесната награда.

„Не ја прифаќам наградата. Не знаев што ме очекува овде и сметам дека е непријатно ова што морав да го трпам со часови“.

Некои од гледачите на гала-вечерта на Германските телевизиски награди 2008 на почетокот мислеа дека се шегува. Сепак, Марсел Рајх-Раницки, големиот стар мајстор на саркастичната критика, беше многу сериозен при овој јавен настап. И овој пат тој му остана верен на својот углед, исто како кога беше уредник за литература во „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ во 70-те години и како ТВ- критичар во емисијата „Литературен квартет“ во 90-те. Не се без причина прекарите, што Рајх-Раницки ги доби од новинарите, како на пример „специјалист за погубувања“.

„Специјалист за погубувања е навистина глупост. Јас се трудам критиката да биде јасна. Знаете, јасноста на критиката е прашање на учтивоста, мора да бидам учтив со читателите. Тоа значи мислењето треба да се искаже јасно и гласно, а не да се криеме зад повеќесмислени и нетранспарентни формулации.“

Со улогата на главен критичар во „Литературниот квартет“, телевизиска емисија што од 1988 до 2001 година доживеа вкупно седумдесет и седум изданија, Рајх-Раницки најпосле прерасна во најугледна личност во германската литературна бранша. Тогаш го доби ироничниот прекар „литературен папа“, што е игра на зборови поради наводната непогрешливост, што им се припишува на поглаварите на Католичката црква.

Притоа тој воопшто не беше непогрешлив. Неговите ставови за одредени литературни дела беа повеќе дадени од личен читателски интереси, а не од гледна точка на сериозна литературна критика. Но, сепак, ставот на Марсел Рајх-Раницки набргу стекна ореол на „конечна пресуда“ за кариерите на германските писатели. Оние кои го налутија, како Петер Хандке, Гинтер Грас или Мартин Валсер мораа да се соочат со остри критики од „книжевниот папа“. Од друга страна, пофалбите од ��ајх-Раницки го овозможија брзиот подем на авторите на бестселери, како на пример, шпанската литературна ѕвезда Хавиер Маријас или Германката Јудит Херман:

„Кога во 1958 година дојдов во Германија и видов што пишуваат за литературата весниците ’Франкфуртер алгемајне цајтунг’, ’Зидојче цајтунг’ и ’Ди Велт’, и‘ реков на сопругата: ќе направам експеримент, луѓето пишуваат многу нетранспарентно, не ми се допаѓа таквата критика! Сосема отворено и јасно ќе кажам што мислам за некоја книга. Тоа е ризично и постојат две можности: или во хиерархијата на книжевните критичари ќе завршам на врвот, или на дното. Но, сакам да се обидам.“

Најлошото што Марсел Рајх-Раницки знаеше да го каже за некоја книга е дека е здодевна. Неговото анти - академско, сензибилно- полемично сфаќање на литературата, блиско до народот, сигурно произлегува и од неговата сопствена макотрпна биографија како прогонуван Евреин, кој како по некое чудо ги преживеал Варшавското гето и депортациите. Еден полски печатар тогаш ги скрил Рајх-Раницки и неговата сопруга Тосија од нацистите.

Најголемиот германски литературен критичар има напишано и книга за својот живот, која за разлика од книжевните обиди на повеќето други критичари во земјата, во меѓувреме стана бестселер со скоро еден и пол милион продадени примероци.

„Тоа би било се', се наоѓаме засегнати, завесата се затвора, а прашањата остануваат отворени“, вели неповторливиот Марсел Рајх-Раницки.


#
Статијата е прочитана 1248 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Канското време на ветераните
Братислав Ташковски го доби Рациновото признание
Промоција на ЦД на Љупчо Чедомирски
Тања Таневска изложува во Чифте-амам