Органи ќе може да се земат од пациент кој е во клиничка смрт
Јасмина Јовановска
Органи за пресадување ќе може да се земат од пациент кој е во клиничка смрт доколку лицето во текот на својот живот не оставил белешка кај матичниот лекар дека по неговата смрт не сака да ги донира сопствените органи и ако никој од неговото семејство не се противи на донаторскиот чин. Ова е старото законско решение за донирање органи од починато лице, а кое се предлага и во новиот закон во работна верзија, што го изготви Националната фондација за трансплантација на органи и кој ќе му биде понуден на Министерството за здравство идната недела.
А, за заживување на трансплантацијата на органи од починато лице, или кадавер трансплантација, за што се бараа и нови законски решенија, фондацијата предлага кампања за подигање на јавната свеста. Граѓаните, пак, ќе треба да имаат картичка дека се за таквата иницијатива, а картичката, најверојатно, ќе можат да ја подигнат кај матичните лекари со што тие стануваат потенцијални донатори. Овој модел се спроведува и во Хрватска каде што дава добри резултати за зголемување на бројот на потенцијални донатори на органи.
„Го задржавме старото решение кое се спроведува во 90 отсто од законите во Европа и во светот. Но, новиот закон се разликува од стариот по тоа што не е општ и целата постапка за трансплантација ќе биде институционализирана. Покрај клинички координатори, ново е и тоа што за првпат ќе има национален координатор кој ќе ја преземе целата организациона структура и контрола на трансплантацијата. Тој ќе знае кое лице се противи да донира органи, прв ќе дознава дека има лица од кое може да се земат органи, како и да ја контролира етичко-правната комисија која ја носи главната одлука, се' со цел да нема притисоци кога се одлучува меѓу двајца пациенти на кого да му се даде предност во донирање на органите“, објасни д-р Владимир Чадиковски, претседател на Националната фондација за трансплантација. Според Чадиковски, направени се многу работи, како концепциски, така и функционални, и затоа комплетно се менува законот кој е во согласност со сите европски конвенции и стандарди за трансплантација на органи и од жив донор и од кадавер.
Со новиот закон ќе има и регистар за донори, со што ќе се реши и проблемот за трансплантација на коскена срцевина.
Оваа работна верзија на законот ќе му биде дадена на разгледување и на евентуална корекција во Министерството за здравство, по што треба да влезе во процедура за донесување. Доколку биде се' во ред, до крајот на годинава треба да биде донесен новиот закон. До есен, д-р Чадиковски очекува да се опреми и Одделот за интензивна нега на Клиниката за детска хирургија, по што од почетокот на идната година се подготвени да почнат со првата трансплантација на црн дроб кај децата.
Засега кај нас се работи само трансплантација на бубрези и тоа од жив донор, како и трансплантација на коскена срцевина и тоа, пред се', кај возрасни.
Vo vrska so spomnatata tema i Zakon, jas veke ednas komentirav i vo TV emisija koga bese gostin kolegata predlagac na istiot Zakon. Me vcudoneviduva lesnotijata so koja sto se pretvora sekoj gragjanin na Makedonija vo donator na organi pod uslovi i okolnosti koi se potpolno neprifatlivi na primer vo SAD! Dali sega i Ustavniot Sud ke molci na vakov zakon?
Zakonot e neodrzliv po poveke osnovi, a prvo i osnovno e sto vo Makedonija ne postoi sistem za prva pomos sto bi garantiral podednakva sansa na sekoj da prezivee ako e vo kriticna sostojba i deka ke se upotrebat site raspolozivi sredstva da se spasi zivotot! Nemame moralno pravo da go barame toa od lugjeto i tocka. So Zakonot Makedonija i nejzinite gragjani stanuvaat "legalna farma za organi"! Sramsto ne e viden nikade vo svetot.
Organi moze da veti koj sto si saka imdividualno, a ne i obratnoto ako ne se izjasnil za vreme na zivotot protiv da se smeta za avtomatski donor!
Од: suada
Датум: 03.07.2010 08:23:23
eve sto pravat diletatnti na celo so Cadikot. ove ke paden na ustaven post e protiv ustavno. alo????? AKO BOLNIOT ZA ZIVOT NE OSTAVIL PISMENA PORAKA DEKA NE JA DAVA KOLATA, STANOT I PARITE VO BANKA I TIE KE MU SE ODZEMAT.???? ima li barem eden pameten vo ovaa drzava.
druga uste pomatna ravota e sto denes za pari ja prodavaat majka im,a ne nekoj drug za kogo gi boli
takvoto pad na moralaot i haos vo lekarskata fela, tie sto treba da odlucuvaat dali nekoj e mrtov ili ne, za odredena suma pari, pod politicki pritisok ke podzamizat i ke proglasat nekogo za mrtov. treba uste mnogu vreme da pomine .
Од: јас
Датум: 03.07.2010 08:37:49
НЕПИСМЕНА РАБОТА !! Овој нов закон е толку неетички и нечовечен , што би се споредил со законот во кој да речеме ако не си оставил тестамент по смртта да може б��ло кој да ти го разграби имотот , а не да го наследат наследнивците !!! Поголема глупост е дека таков закон имало во 90% од земјите во Европа...Се знае во Европа ( која не ја вадите од уста кога нешто сакате да кажете дека така треба да се направи , па макар и грубо да лажете )... Се знае законот во ЕВРОПА ЗА ДОНАЦИЈА НА ОРГАНИ ПО СМРТТА!!! Секој оној што САКА неговите органи да се донираат по смртта СЕ ЗАПИШУВА ВО СИСТЕМОТ , а не обратното како кај нас...
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 03.07.2010 11:08:07
Се работи за живот и смрт и за ГОЛЕМИ пари, ние не сме доволно свесни и совесни за ваков закон па каков и да е.За поситни пари се вршеле валканици од секаков тип.Ова митото и корупцијата со ова ќе бидат поставени на пиедесталон на нормалности...живот ќе добива кој најмногу ќе плати ...а по наредба може и некого да смлати...Не сме зрели за такви работи...хумани се точно но системот не е хуман.Хумано е и сите да имаат кров над глава и обезбедена пристојна егзистенција - но нема.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 03.07.2010 11:32:36
И овој„закон“е успешно Поставен Наопаку!Чудо Невидено!Уште да ми речат дека така било и на Запад!Се согласувам со наводите на Dr.Med.Naumovski-Coci,стануваме Легализирана Фарма за манипулација со човечки органи!Доволно е само да се погледне решението кое вели „ако граѓанинот Не Сака да донира органи,треба да остави потврда кај матичниот лекар“!Токму тоа е Ставот кој е Наопаку!Па,зарем не треба тоа да го стори „Ако Сака Да Донира“?!Секаде во светов тоа е решено на тој начин: Ако Сака Да Донира органи,граѓанинот Се Согласува со Потврда,најчесто во форма на Електронска Картичка,која ја носи постојано со себе!Кој е тој што ќе го провери моето Несогласување за доделување орган на друг,кај Матичниот лекар?!Живееме во Хаотична држава,но наместо да го намалиме хаосот,Овие Сподоби од власта,предлагачи на Незаконски решенија,спротивни на Уставот и граѓанските слободи,Го Продлабочуваат!Законите во ниеден случај не треба да служат за Манипулација,но кај нас се постојано Недозволиво Двосмислени!