Број 3254  сабота, 10 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Почнува 22. Меѓународен саем на книгата

Од 13 до 18 април ќе се одржи најмасовната културна манифестација во земјава

Невена Поповска

Од 13 до 18 април во првата саемска хала ќе се одржи 22. издание на Саемот на книгата. Во истиот термин, од 14 до 16 април заедно со Саемот на книгата ќе се одржи и Меѓународниот саем на високообразовни институции - Денови на образование и кариера. „На овој начин направивме еден пригоден спој на книгата и образованието со што на едно место ги споивме најважните работи за правилен развој на идните генерации со што очекуваме саемските хали оваа година да бидат посетени од рекорден број посетители“, истакнаа организаторите на вчерашната средба со новинарите.

Саемот на книгата, како меѓународна манифестација на книгата и како една најзначајна манифестација, претставува најголема концентрација на книжевни и илустрирани дела од домашни и странски автори и претставува најмасовна културна манифестација во нашата земја.

Скопски саем оваа манифестација ја организира во соработка со Здружението на издавачите и книжарите на Македонија - ЗИКМ и Здружението на албанските издавачи од Македонија.

Саемот на книгата годинава ќе се одржи во „Метрополис арена“ на 4000 квадратни метри ангажиран саемски простор. На манифестацијата ќе бидат изложени стручна, научна и белетристичка литература, едукативни книги и прирачници, книги за млади и сликовници за деца, географски карти, глобуси, атласи, календари, хартиена галантерија, училишен прибор и канцелариски материјали, современа опрема и прибор за високо образовните институции.

Во текот на шесте саемски денови публиката и читателите ќе можат да се сретнат со најновите изданија на голем број домашни и странски автори преку издавачите и нивните застапници како од Македонија така и од Србија, Хрватска, Словенија, Бугарија, Албанија, Италија, Велика Британија, Германија, Франција, Белгија и Русија кои ќе бидат претставени на 60 штандови.

Ели Маказлиева од Здружението на издавачи и книжари најави секојдневни промоции на книги, литературни читања, средби со писатели. Во рамките на бројните промоции, што ќе се одвиваат на самите штандови ќе бидат понудени многу нови изданија и средби со авторите. За време на Саемот читателската публика ќе има задоволство да ги проследи и ужива во промоциите на голем број книжевни дела од продукцијата меѓу двата саеми. Традиционално и оваа година Здружението на издавачите и книжарите на Македонија - ЗИКМ ќе додели награди за најдобри изданија меѓу двата саема, како и наградите за најдобар библиотекар и најдобар книжар, кои редовно се доделуваат на оваа саемска манифестација.

Без сомнение сето ова го покажува значењето на оваа саемска манифестација која учествува во создавањето на традицијата и култот кон пишаниот збор, кој ги обединува луѓето и не признава граници.

Свеченото отворање на саемот е закажано за 12 април во 19 часот во „Метрополис арената“, а манифестацијата ќе ја отвори Министерката за култура на Република Македонија - Елизабета Канческа-Милевска.

НА 16 април напладне во „Метрополис арена“ на Скопски саем ќе се доделуваат, традиционално наградите меѓу двата саема во соработка со ЗИКМ.

Покрај Саемот на книга на 16 април во 12 часот во Дипломатик салата во Конгресниот центар на Скопски саем ќе се одржи трибината на тема: „Придонесот на невладинот сектор во определбата на младите за професионално ориентирање кон природните и техничките науки”. Трибината се одржува во организација на Сојузот на здруженијата на техничка култура на Република Македонија - Народна техника, а најавено е учество на претставници на Министерството за образование и наука на Република Македонија, декани и професори на факултетите како и претставници на бизнис секторот.

Манифестацијата „Денови на образование и кариера“ свечено ќе биде отворена во среда, на 14 април, во 11 часот, во Хала 2 на Скопскиот саем.

Како особен настан во рамките на богатата програма на вчерашната средба со новинарите беше најавенопредавањето на тема:„Македонската интеграција во ЕУ и прашањето за името“. Предавањето ќе се одржи во среда 15 април во 15 часот, ќе говори Зоран Талер, пратеник во Европскиот парламент и ќе биде отворена за јавност.


#
Статијата е прочитана 669 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Доктор за неинтегрирање
Антиевропска Македонија
Зденко
Советнички игри
Нашите банки не ги плаши грчката криза
Стендап-пионер на комедијата
Груевски - лидер дома, последен во Брисел
Најгрдите споменици во светот
Има ли улога Народна на Георгиевски
Се пакува компромис за името!
Парите го отепаа Кит Гоуг
ММФ ја прави Европа
КУД „Орце Николов“ - естетска хроника на Македонецот
Замина Малком Мекларен, менаџерот на „Секс пистолс“
Бранџелина - балкански спасители