Број 3254  сабота, 10 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Хороскоп

Дневен хороскоп

ОВЕН

Проблемите ќе ги решите со напорна работа и упорноста. Добро се чувствувате и се наоѓате во емотивна експанзија. Водете го љубеното лице почесто на прошетки и на културни манифестации. Вниманието кон него ќе биде радост и за двајцата.



БИК

Повеќе припадници од овој знак се вљубени. Пријатно ви е се' што е поврзано со нежност. Доколку партнерот се обиде да биде груб, свртете му го грбот и најдете утеха на друго место. Има безброј начини да ги задоволите своите чувства.



БЛИЗНАЦИ

Ги увидовте пропуштените можности и сфаќате дека немате време за губење, веднаш тргнете во акција. Размислувате за ново работно место, за љубов и за нешто што може да ви донесе радост. Раковите и девиците се трпеливи да ги слушнат вашите совети.



РАК

Пренатрупаниот распоред не ви остава слободно време. Доколку не знаете да ги решите комплицираните работи, побарајте совет од близок пријател или од член на фамилијата. Советите се бесплатни, тие нема да ви бараат ништо за возврат.



ДЕВИЦА

Чувствувате внатрешен емоционален немир поради недоразбирањата со партнерот и со блиските пријатели. Влегувате во конфликти, што ќе ви се одрази и на здравјето. Не искажувајте ги недоразбирањата, тоа ќе предизвика насмевка кај партнерот.



ЛАВ

Тргнувате во конкретна акција, тоа е вистинската одлука. Не се живее од мудрување. Ќе постигнете успех при патување или комуникација, но тоа нема да ве исполни. Не сте во форма. Кога ќе се одморите, ќе сфатите дека сте постигнале значајни резултати.



ТЕРЕЗИЈА

Надевајте се на успех и добра работна соработка. Подобро ќе функционирате доколку не бидете наметливи кон околината. Пожелно да бидете објективни во анализата на сопствените недостатоци. Трпеливоста ќе ви помогне да ја надминете кризата.



СКОРПИЈА

Ова е само почеток на пријатен период и нови пријателства. Очекувајте повик од странство, можеби некое заборавено лице од минатото или далечен роднина. Здравствената состојба е задоволителна, но тоа не значи да претерувате со исхраната.



СТРЕЛЕЦ

Со партнерот доживувате пријатни моменти. Добрата врска се темели на беспрекорната комуникација меѓу вас. Уживајте во малите работи. Слободните стрелци се во потрага по идеално лице, што ги чини нервозни и несреќни.



ЈАРЕЦ

Потребен ви е совет, но не сакате го слушате. Повеќе работи се во игра, но не сте во состојба да ги решите. Што сакате да постигнете? Морате да бидете силни и свесни за ситуацијата доколку сакате да излезете од неа слободни, пред се', и задоволни.



ВОДОЛИЈА

Некој лав ве набљудува. Пристапете му на непознато лице, тоа може да донесе пријатни моменти. Водолиите имаат пријатни моменти. Колегите ви завидуваат на посветеноста, љубовта и позитивната енергија што ја ширите и ја делите наоколу.



РИБИ

Концентрирајте се на работните обврски. Имате помош од колегите за да дојдете до саканиот успех. Не го занемарувајте здравјето. Партнерот сака повеќе да биде покрај вас, но мора да сфати дека љубовта веќе постои, обврските не може да чекаат.




#
Најди! во Утрински