|
|
|
|
|
|
Се' помалку основци во Тетовско
Намалениот наталитет и преселбите во странство ги десеткуваа училиштата
Гојко Ефтоски
ТЕТОВО - Од генерација во генерација се' помал е бројот на децата во тетовскиот крај што се запишуваат во основно образование. Оваа констатација се потврдува и со фактот дека последниве неколку години бројот на ученици-основци годишно се намалува од 300 до 500. Од информации во шесте општини во Тетовско, може да се извлече сознание дека се намалува бројот на учениците, а има населби каде што се преполовува. Некаде дури и се затвораат цели училишта.
Според сознанијата на службите за образование во локалните самоуправи во Тетово и петте општини Боговиње, Брвеница, Желино, Теарце и Јегуновце, две причини го условуваат ваквото осипување: очигледно намалениот наталитет и растечката сиромаштија, која ги принудува семејствата да ги напуштат родните огништа и да се преселат во странство.
Во ОУ во Доброште, на пример, во паралелките од прво до осмо одделение пред 20 години имало 600 ученици, додека сега оваа бројка е сведена на 400. Во соседното село Одри за претстојната учебна година во ос��о одделение се запишале одвај 15 деца. И во двете села станува збор за релативно големи села. Во Долно Орашје настава се изведуваше од прво до четврто одделение, но поради тоа што бројот на децата е сведен на минимум, тие наместо во родното село, префрлени се во Одри до каде што имаат организиран превоз. Слични сознанија се добиваат и од другите реони во тетовскиот крај.
Советот на Општина Тетово на последната седница донесе одлука за т.н. реонизација, со која се определуваат реони во кои училишта децата ќе можат да се школуваат во основно образование. На ваков чекор била определбата за да се спречи трката по деца по други улици и реони, со што во некои училишта бројот на ученици формално не се намалува, но влијаел на состојбата во училиштата каде што децата реонски припаѓале. Како резултат на ваквите односи, во ОУ „Кирил и Методиј“ настава на македонски јазик за наредната учебна година биле запишани само четири деца во прво одделение. Во ова училиште очекуваат состојбата да се подобри по одлуката на Советот на Општината за реонизација во основното образование. |
#
|
Статијата е прочитана 580 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: goran |
Датум: 04.07.2011 07:21:03 |
|
i vo stip e strasna rabota, vo moeto uciliste kaj sto ucev osnovno bevme 1200 deca sega edvaj 200 deca ..taka da podatocite koi gi imate za zgolemuvanje na naselenieto od 5 6 7 8 9 miljardi totalno ne vi se tocni... naselenieto se namauva |
|
|
|
|
|
|
Од: JOVAN -POLOG |
Датум: 04.07.2011 07:52:33 |
|
BRAVO gojko golem si novinar i izvestuvac samo za kogo pisuvas i izvestuvas ? gojko edno SLOVO nesakas da napises za CISTITE CETIRI SRPSKI SELA-BELOJSTE VRATNICA STARO SELO I ROGACEVO - koi i za vreme na turskiot jarem uspeea da prezivaeat i da se UMNOZAT a eve sega za vreme na vaseto bugarsko siptarsko vladeene uspevte za kratko vreme da gi totalno UNISTITE ako si mas i ako se krstis napisimi da procitam kolku OSNOVCI ima zapisano od ovie cetiri sela .Da te potsetam ako netie poznato za moeto vreme vo S.VRATNICA ucevme preku 600 UCENICI VO dve smeni i ni bea potrebni CETIRI ZGRADI da ne sobere site i eve sega ti po imeto vigam deka si HRISTIJANIN i nesakas niti da gi spomnes i od ovie CETIRI SELA da zapises niti edno SLOVO .gojko i tebe te ceka istata sudbina samo GOSPOD znae deka ke vi se veev PARTALITE tebe i na tvoeto semejstvo GOSPOD ke ve PROKOLNE za vasite grevovi sto ste gi ucinile sprotiv vasite dedovski KORENI . |
|
|
|
|
|
|
Од: Роман |
Датум: 04.07.2011 09:55:38 |
|
Како може т.н. големо село од неколу илјади жители да има само 15 осмооделенци?? Не треба човек да е домограф за да разбере дека ова не е можно никако. Значи не е точен бројот на жителите на селото, што упатува на јасен заклучок дека во 2002 пописот не бил направен како што треба односно било попишувано како жител на селото и оној кој навистина живее таму и оној кој е на привремена работа во Германија или Италија! Оваа година ако пописот биде како што треба ќе с евиди дека Македонија има (вистински) жители од 1,6 милиони. И сите тие кои се на привремен престој во странство треба да се тргнат од изборачки список да не се случи да имаме референдум со запишани 2 милиони избирачи а најмногу можат да гласаат 1,2 - 1,3 милиони! |
|
|
|
|
|
|
Од: Tina |
Датум: 04.07.2011 13:51:03 |
|
Pa neka si odat vo stranstvo ako mislat tamo ke imat rabota. A decata ke mora da go ucat noviot jazik.
Voa masovno iseluvanje e planirana ekonomska
trikometrija na parite koi ke im dojdat pokasno od Makedonija, kade oste se gragani.
Plus parite od zemjata deka se gragani sega.
Tie mozat dobro da si ziveat ako se vistinski gragani na dvete drzavi. So dve plati.
Nuzda e majka na inventivnosta. |
|
|
|
|
|
|
|
|