|
|
|
|
|
|
Енергетски ефикасно училиште во Челопек, Тетовско
ТЕТОВО - Селото Долно Челопек, Тетовско, ќе добие училишна зграда што ќе биде енергетски ефикасна. Објектот ќе се користи со природни ресурси, како што се сонцето и ветерот со кои ќе се намалат трошоците на одржувањето. Истовремено се очекува да се намали емитувањето штетни гасови.
„Веќе десет години остваруваме тесна соработка на нашето министерство со Министерството за животна средина, територија и море на Италија што услови изградба на ова училиште. Практично, првпат во нашата земја училиштен објект ќе биде енергетски ефикасен. Уште при изградбата ќе се употребат економски прифатливи материјали, а основата е максимална енергетска ефикасност“. Ова го истакна Неџати Јакупи, министер за животна средина и просторно планирање во заминување на свечената церемонија во селото Долно Челопек, Тетовско, каде што во саботата почна изградба на ново училиште.
Официјалното започнување на градбата го означија лидерот на ДУИ, Али Ахмети, амбасадорот на Италија во нашата земја, Фабио Кристијани, и градоначалникот на Општина Брвеница, Енвер Пајазити. Училиштето ќе располага со 1.300 м2 корисна површина и ќе овозможи одржување настава во 10 паралелки. За објектот се вложуваат 4 милиони што ги обезбедува Италија преку нашето министерство и општината Брвеница. „Изградбата на ова училиште го симболизира пријателството на нашите две земји. Во ова училиште квалитетот на наставата ќе се доближи до европскиот. Натаму можеби ќе бидат изградени и други вакви училишта“, рече амбасадорот Кристијани. (Г.Е.) |
#
|
Статијата е прочитана 457 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: STOJKO |
Датум: 04.07.2011 07:57:06 |
|
gojko neka vie so SREKA nisto ne procitav zasto SLIKAVA MI KAZA SVE uste ednas neka vije so sreka i sto povise da se UMNOZITE .Dali imate vo predvit vakvoo uciliste da izgradite vo BELOJSTE VRATNICA STARO SELO I ROGACEVO . |
|
|
|
|
|
|
Од: Tina |
Датум: 04.07.2011 13:07:05 |
|
Voa e prvo takvo uciliste? M,? nasata drzava mnodu poleka raboti. Sekoe selo, gradce, i po na tamo, treba da ja ima taa prednost. Nasata deca se dragoceni.
Ova ne e eksperimentalno, veke potrebno.
So vaa skola, parite se na pravo mesto. Bravo.
Ajde na rabota za oste, oti decata rastat brgo. |
|
|
|
|
|
|
|
|