На најдобар можен начин ги користите своите генијални особини. Ви паѓаат на памет луди идеи, фантазијата е богата, а сепак одлично функционирате. Со партнерот сте во фаза на подеми што, се разбира, ве прави среќни.
Бик
Ви се случуваат интересни работи- барем не ви е здодевно. На моменти сте нервозни, но умеете брзо да се смирите. Периодот пред вас е добар за работи кои ја вклучуваат имагинацијата, но не и за практични работи. Партнерот ве поддржува во се'.
Близнаци
Сакате да ги решите проблемите на љубовен план и тоа што е можно побрзо. Бидејќи проблемот веќе долго време се провлекува, нема да биде лесно. Што се однесува до новата симпатија, работите се одвиваат со молскавична брзина.
Рак
Бидејќи ситуацијата бара промени, а вие не ги сакате, нема да биде лесно. Од моменталните околности мора да извлечете поука и да тргнете во акција. Љубовта ќе дојде во вистински момент, мора да причекате. Бидете креативни.
Лав
Романтично сте расположени, живеете во светот на љубовта. Занимавајте се со уметност, може и да успеете, бидејќи креативноста е нагласена. Бидете објективни и кон себеси и кон соработниците. Здравствената состојба е одлична.
Девица
Конечно работата е во прв план. Насочени сте кон лицата кои ве сакаат и во чие друштво одлично си поминувате. Искористете ги максимално овие моменти, бидејќи тие не се случуваат често. Нова љубов е на повидок, но мора да ги расчистите и проблемите со старата.
Терезија
Иако постигнувате професионален успех, сепак, не сте задоволни. Бидете трпеливи и најдете утеха во ситници. Се чувствувате сакано и среќно. Љубов гледате во се' што ве опкружува. Се советува дружење со припадници на вашиот знак.
Скорпија
Успешен професионален ден проследен со многу обврски, но и конкретни резултати. Планирате нови професионални и друштвени контакти. Кризата е зад вас, па уживајте во сопствените остварувања. Мирни сте, а тоа значи дека проблемите се зад вас.
Стрелец
Посветете си повеќе внимание на себе и на сопственото здравје. Пожелно е да почнете со промените доколку сакате проблемите да се решат во најбрзо време. Доколку се занимавате со неподвижни имоти, успехот нема да ви избега.
Јарец
Доколку не сте свесни за успехот, проблемот е од субјективна природа. Очекувајте признанија, среќни моменти и радост. За жал, песимисти сте, па не умеете да се олабавите. Полесно се снаоѓате кога имате проблеми. Можни се пресврти на емотивен план.
Водолија
Успешниот период продолжува. Уживате во сите области од животот. Доколку партнерот ги искаже своите чувства, врската може да опстане. Во спротивно, дистанцирајте се. Доколку некој се потруди да ве омаловажи, тешко нему.
Риби
Интуицијата е изразена, па се советува да ја искористите. Влијаете на другите и се трудите да направите промени во она што го правите. Очекувајте ненадејни обврски. Применете ги претходните искуства и тргнете во нови походи.