Борјан Цанев
диригент
Соочен сум со фактот дека ова ќе биде напорен ден, но верувам дека ќе вреди. Вечерва на плоштадот „Македонија“ во Скопје, Македонската филхармонија е носител на проектот „А, сега, уметност“, за што подготвуваме концерт на филмска музика. Претпладне, од 10 ч. имаме генерална проба на плоштад, потоа малку одмор, неколку интервјуа и од 21 ч. почнува концертот.
Здравко Боцевски
одбојкарски судија
Деновиве имам зошто да бидам среќен и задоволен, бидејќи излезе од печат мојата книга „Историски развој на одбојкарскиот спорт во Македонија и Скопје“, на која работев повеќе од десет години. Ме радува што добив многу честитки од одбојкарските и спортските работници за мојот долгогодишен труд.
Мирослав Масин
сликар
Како што пејачите се распејуваат, јас утринава треба малку да се расликам, ха, ха, за вечерашниот перформанс на плоштад. Бидејќи имам и гости од Србија, секако, треба да се покажам и како добар домаќин, па прво ќе одиме на вечера, па од 21 ч. сите сме на плоштад „Македонија“. |