Јавноста повеќе ги памети гафовите на Иванов отколку неговите ставови за клучни прашања
Александра М. Митевска
Според власта - динамичен на меѓународна сцена, според опозицијата - маргинализиран и дома и надвор... Една година по инаугурацијата на четвртиот претседател на Македонија, поделени се мислењата во политичките кругови околу тоа како политикологот Ѓорге Иванов се снајде во практикувањето на високата политика. И колку изборното конто од околу 350 илјади гласа (или близу 450 илјади во вториот изборен круг) за него значеше поткрепа да се промовира како фактор во регионот, во надворешната политика и во интегративните процеси.
Ако, пак, се суди според рејтинзите, може да се каже дека Иванов во изминатата година ги оправда очекувањата на ВМРО-ДПМНЕ - партијата која го донесе до претседателскиот трон на Водно, но дека не стекна поголема довербата меѓу граѓаните. Толкувањата дека во анкетите не може да дојде до израз поддршката за претседателот поради доминантноста на премиерот се само уште една потврда дека формалната поделба на извршната власт меѓу претседателот и Владата изгуби смисла по доаѓањето на Иванов на чело на државата и крајот на кохабитација меѓу Никола Груевски и Бранко Црвенковски.
Таквата перцепција, што се создаваше во изминатите 12 месеци, не ја сменија ниту средбите на Иванов со поддржувачите на неговата кандидатура, ниту вчерашниот отворен ден за граѓаните во претседателската резиденција. Впечаток е дека јавноста повеќе ги памети гафовите на шефот на државата, отколку неговите изјави за клучни прашања.
Професорот Стево Пендаровски, поранешен советник во претседателскиот кабинет, вели дека Иванов не успеал да изгради препознатлив политички имиџ. Тоа, според Пендаровски, не значи дека претседателот треба по секоја цена да се конфронтира со секоја политика на Владата, туку дека треба да покаже одредена специфичност при презентирањето на своите ставови и поголема индивидуалност во реториката.
„Тешко е да се сетиме на изјави на Иванов за најбитни политички прашања, бидејќи ги паметиме само неговите изјави за време на кампањата. А, тој веќе не е кандидат, туку е претседател на државата“.
На регионален план, според оцените на Пендаровски, Иванов, исто така, не се докажал како предводник на политичките процеси, за разлика од неговите претходници, кои често се наметнувале како лидери. Нашиот соговорник вели дека актуелниот претседател, сепак, имал простор да се промовира како фактор во регионот, во ситуација кога државата не стои добро на планот на надворешната политика и има „блед“ шеф на дипломатијата.
„Иванов навистина е присутен на форумите, но неговите колеги не го препознаваат како играч од регионален формат, како политичар од иницијатива, како што, на пример, ги доживуваат претседателите на Словенија и на Србија, Данило Тирк и Борис Тадиќ“.
Пендаровски објаснува дека Иванов не се истакнал како влијателен ниту во интегративните процеси. Така, на пример, не се знае дали и каков став има претседателот за законите против дискриминацијата или за водите, кои се дел од европската агенда, а чии укази претседателот ги потпишува, па може да стави и вето на нив.
По повод годишнината од неговото доаѓање на функцијата, Иванов вчера се сретна со група граѓани кои, главно, му поставуваа прашања за спорот со Грција и за економската состојба. Тој објаснуваше дека Македонија направила се' што е во нејзина моќ да ��и исполни критериумите за НАТО и за ЕУ, дека аргументите за името, идентитетот и јазикот се на наша страна, но дека моќта е на грчка страна, дека правото не познава оспорување име на држава...
„Нелогично е тоа што го бара Грција од нас и мислам дека ниту еден политичар во Македонија нема да се согласи да се менуваат името на државата, Уставот, јазикот и нацијата за внатрешна употреба. Сметам дека треба да се преговара само за промена на срамната референца под која Македонија е примена во ОН“, објаснуваше Иванов.
Така, претседателот Иванов ги заокружи првите 365 дена од својот петгодишен мандат. Се сретна со граѓаните и со поддржувачите, но повторно не испрати посилни пораки за иднината на државата.
Неговиот противкандидат од ЛДП на ланските избори, професорот Нано Ружин, се прашува зошто Иванов воопшто славел. Тој потсетува дека Иванов бил кандидат за претседател на најсилната политичка опција во тој период и дека очекувано стигнал до изборната победа. „ВМРО-ДПМНЕ можеше да излезе на избори со кој било кандидат и да победи. Ним им требаше личност што ќе води иста политика со партијата, за да го избегнат лошото искуство од кохабитацијата со претходниот претседател“, објаснува Ружин.
Според него, Иванов успешно одговорил на императивот за послушност, а од друга страна останал доста скромен и повлечен, па дури и исплашен да не каже нешто што нема да и' се допадне на ВМРО-ДПМНЕ. „Дефинитивно, тој е најпослушниот претседател во историјата на независноста на Македонија. Очекував да покаже поголем субјективитет и во внатрешната и во надворешната политика, но тој остана на визијата дека разумен компромис е разумен компромис“, коментира Ружин. Тој, сепак, вели дека светла точка во агендата на Иванов е што ја продолжил политиката за стабилизирање на односите со соседите.
Sekoja cest za pretsedatelot Gligorov. A sto napravi Crvenkovski? Od pretsedatel na Vlada na pocetokot na mandatot otide za pretsedatel na drzavata. Uspesi i na dvete pozicii? Najgolem bese da se osvoi dotacijata za "sedenje" na pretsedatelska pozicija otkoga taa kje istece. SDSM treba da pobedi na slednite izbori i pak kje imaat kohabitacija. Ako Ivanov e tolku "vosocen" toa i nim kje im odovara?
Од: Blue fighter: Profesorot pod nozete na prilepskiot student
Датум: 13.05.2010 01:17:51
Ako navistina saka da se vrati kako profesor na fakultet po zavrsuvanjeto na mandatot(kako sto izjavi) so koe lice ke im predava na studentite i sto ke im kaze za svojot Pretsedatelski poslushnichki mandat.Kako da se vbroi megju svoi kolegi ,koi ostavaat pecat obelezuvajkji duri i epohi, poradi nekoi potezi so koi pomognale nivnite narodi da bidat dobitnici.Prifakjajkji vo start gubitnichka pozicija poradi stravot da ne mu se naluti maloto firerche ako bide nezavisen,se pretvori vo bezglasna bukva na Makedosnkata politika.Duri i Trajkovski povremeno bese emancipiran i se distancirase od liderot sto go postavi na funkcija.Slicna sostojba kako za negoviot izbor.No,sramot e negov i na narodot sto go izglasa."Sekoj so svojot krst na celo" govorese negoviot prethodnik,koj bese vistinski drzavnik i za Tadic i Tirk nedostizen.Za segasniov - dzabe e muabet da se trosi.Zalno e sto so sekoe vmrovsko zamesatelstvo vo politikata ,drzavata e se pomarginalizirana i neceneta vo svetot.Izborot e nas
Од: Типично за Утрински
Датум: 13.05.2010 06:55:58
И за пњукачите по Македонштината. Тој што се залага за Македонија не чини. Тој што ни кумуваше и потпиша ПЈРМ е најдобар. За вас пњукачите е најдобро ако тие се караат за сеир да гледате и пак нема да ви чинат. А овој помодрениот борец нема појма од животот. Иванов со горда глава може да се врати на професорувањето. Барем не потпиша предавство.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 13.05.2010 07:30:20
Се срамам од квалитетите на Претседателот ни, но што е тука е.
Нема капацитет и тоа е тоа.
Наши гласачи и се е можно!?.
Од: dedodimo
Датум: 13.05.2010 09:01:06
A kakov predsedatel i treba na Republika Makedonija ,Kako onie pred- hodnite shto prifatija da se zboruva za Imeto na nashata zemja .Pa ne e li toa naj golemata greshka shto se napravi .Prvo se predstavia pred svetot kako da ne znaat shto se i koj se ,a ako tie ne znaea koj sakate od nadvor da znae koj sme nie .Na zalost vo Makedonija imame luge koj sakaat da e vidat Makedonija da se obezlichi .Toa e sram ne samo zaniv tuku i za siot Makedonski narod .
Од: Трпе
Датум: 13.05.2010 09:06:31
Ако на нас не ни се допаѓа претседателот Ѓоле,важно нему му е добро а и на дпмне-овците им се допага таков безгласен претседател.Затоа тие и него си го одбра.Само нешто во последно време му изостана и бисерите,барем слатко да се изнасмееме.Во време на криза на лекови а знаеме дека смеењето е половина здравје.
Од: Дете бегалче - во сопствената земја
Датум: 13.05.2010 09:09:32
Точно е дека „правото не познава оспорување име на една држава“,но правото не познава ниту барање на „дел“кој никогаш не постоел,бидејќи она што не постои,не се дели(говорам за држава,а не за географски поим,од каде потекнува заблудата за делба)!Оттука потекнува оспорувањето на името„нашата“карта за Голема Македонија (А. Яранов 1932,Софија)е добро позната!Не видов мапа во Грција,каде се влезени делови од „Вардарска“Македонија во нејзин состав!Интересна е небулозата за Сопственост на некакви „големи“Имоти,иако поголемиот број биле голи и боси(претежно аргати),а голем е бројот наши граѓани кои добро знаат на што личеше Грција пред’70-те години и колкави „богатства“поседуваа по селата!Да,имало и богати,но тие може да се избројат на прсти,како и оние предвоени сопственици на имоти во Македонските градови!Колку за споредба,Скопје,пред земјотресот има околу 60.000 жители,а денес преку 700.000,па и повеќе,ако ги искалкулираме и оние што веќе една деценија живеат во него,а говорат против него!
Од: ah ah
Датум: 13.05.2010 09:26:14
Makedonija ima pretsedatel samo zatoa da se"popolni" toa rabotno meesto. Za ovaa godina toj sraboti tolku kolku sto srabotija primenite vo javnata administracija primeni spored Ohridskiot dogovor, koi sedat doma, a zemaat plata. Ova e razumen kompromis i ovaa kletva ke ne sledi do sedmo koleno.
Од: Гоце Делчев, Питу Гули
Датум: 13.05.2010 09:44:11
До дедодимо
Дедо, ај оди фати си ред за лекови, не треси глупости по весници за работи што не ги разбираш. Да не го прифатевме името БЈРМ, немаше де бидеме членка на ОН, со сите консеквенци што ги носи таквиот статус. А на тебе и на сличните очигледно не ви е јасно што тоа всушност значи....
Од: b
Датум: 13.05.2010 10:01:24
Дедо Димо, овие нема да не обезличат, овие ке не турнт во бездна, ке ја изгубат државата, па и јас и ти ке сме без држава, ти зошто, гледам, така сакаш, а јас заради тебе, зошто подржуваш вакви ,,патриоти,,
Од: slartibartfast
Датум: 13.05.2010 10:29:36
naslovot "edna godina na Gorge Ivanov"
pa dosta mu e.
Од: Керовоѓа
Датум: 13.05.2010 11:05:58
Претседателот ни е супер. Како астронаутот Бугарин, кога отишол во вселената со Руска ракета. Инструкциите му биле: „Не ги пипај копчињата, нахрани ги кучињата!!“
Од: nadidan
Датум: 13.05.2010 11:22:34
Za izbor na pretsedatel mora da ima neli kriteriumi,ili uslov kako sakate ,osven godinite na zivot mora da postoi i nekakvo politicko iskustvo ne samo da bide politikolog ami da ima raboteno vo politikata,a ne anonimus koj ke steknuva iskustvo odkoga ke stane pretsedatel,sto ocekuvate poveke.Nasiot pretsedatel bese mnogu uplasen uste kako kandidat, a ne sega.Makedonija ti e drzava za pripravnici vo politikata se sami mladi kadri bez politicko iskustvo.........
Од: Од Р.С.
Датум: 13.05.2010 11:28:03
Па зар имаме претседател ? Кој е тој ?
Од: maka
Датум: 13.05.2010 13:29:58
Pretsedatelot e super. Ima stav, no ne e po keif na ovie "obozavateli" na Gligorov i Branko sto ja surnisaa drzavava posebno Gligorov koj instalira multietnicnost t.e. binacinalnost. Ovie sto gi poddrzuvaat mislat li so svoja glava.
Од: od nadvor
Датум: 13.05.2010 13:45:49
Posleden predsedatel na MK, čivo ime mi ostana vo sekavanje, e Boris Trajkovski, a po moe - iako nesum baš stručnjak, najdobar vpečatok imam od Kiro Gligorov.
Segašniot predsedatel - do deneska za nego rečisi neznaev. Utrinski treba da mu pravi pogolema propaganda, inaku ke ostane nepoznat.
Од: skopjanec
Датум: 13.05.2010 14:27:58
So vakviot predsedatel ''marioneta'' treba da se srami clenstvoto na VMRO-DPMNE, clenovite na MANU, rektorot, dekanite i prpfesorite od Univerzitet na ''Kiril i Metodj'' kako potpisnici.
Од: Ambasador, MNR
Датум: 13.05.2010 17:22:30
Vinata e kaj nas, oti ne prezimame sudskite merki shto gi predlozil prof. Igor Janev! Sega koga tvrdime deka se pridrzuvame kon res. 817 shto drugo mozheme da ocekuvame!!!