Број 3281  четврток, 13 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Матуранти

Site Meter
Хороскоп

Хироскоп

ОВЕН

Мора да преземете конкретни чекори врзани за партнерот. Иако чувствувате потреба за интензивни задоволства, ќе бидете во ситуација да ги засукате ракавите и да ги компензирате слабостите на личноста со која сте во врска. Кога подобро ќе размислите, заедно правите идеална комбинација.



БИК

Ќе бидете во ситуација кога партнерот, најверојатно, Рак, клечи пред вашите нозе и моли да му простите. Бидејќи тешко признавате нечија грешка, простувањето не ви паѓа напамет. Иако непотребно ја потенцирате неговата вина, тоа е единствениот начин да дојдете до целта. Ќе успеете.



БЛИЗНАЦИ

Сите ваши работни квалитети се испитуваат. Никој со таква посветеност не ги завршува обврските како вас. Проблемите се појавуваат кога немате обврски, затоа што сфаќате дека нешто ве притиска. Размислите што може да биде тоа. Можеби нечиј совет добро ви ќе дојде.



РАК

Решавате важни работни обврски, повлекувате исправни потези, во целост ја сфаќате ситуацијата во која се наоѓате. Станавте посигурни во себе, што, всушност, претставува позитивната страна на кризата во која се наоѓате. Проблемот е решен, па, веројатно, подобро е да тргнете напред.



ЛАВ

Само креативните и уметничките умови ќе можат успешно да го поминат денот. Време е за будење на креативната страна и на другите Лавови. Зимскиот сон веќе одамна заврши, па затоа престанете со дремката и впуштете со во возбудливите ситни радости.



ДЕВИЦА

Вложувате неверојатни напори за да успеете во важен потфат, а стимулирани сте финансиски. Можеби сте задоволни затоа што редовно контактирате со странски личности? Моментално Девиците влегоа во одличен работен период, додека емотивниот живот го запоставувате.



ТЕРЕЗИЈА

Спремете се и засукајте ги ракавите. Бидејќи работните обврски бараат максимална концентрација, која моментално ја немате, морате да ги употребите и на паметен начин искористите сите свои скриени таленти за да ги постигнете целите. Сепак, напорниот ден може да донесе видливи резултати.



СКОРПИЈА

Нека не ве изненадуваат љубовните стресови. Партнерот ви прави притисок во желбата да ги искористи сите ваши слабости, бидејќи во конкретниот случај е далеку посилен. Може да ве уценува и има шанса да постигне успех. Најверојатно, станува збор за љубовна игра.



СТРЕЛЕЦ

Ситуацијата бара конкретни потези, а вие сте малку неодлучни. Свесни дека последиците можат да бидат имаат влијание и во иднина, не се впуштате толку лесно во играта, туку пополека ги составувате коцките и се надевате дека ќе наидете на позначителен успех.



ЈАРЕЦ

Компензација за сите незадоволства, првенствено емотивна, наоѓате во работата. Занимавајќи се со нештата кои ги сакате, но и останатите, заборавате на фактот дека сте игнорирани. Ќе бидете незадоволни. Успехот повеќе ви годи од едноставни убави зборови, бидејќи за него сте директно одговорни.



ВОДОЛИЈА

Морате да се приспособувате кон новонастанатите ситуации, иако тоа ни малку не ви се допаѓа. Бидејќи сте прилично здрави, ви тргнува од рака да вложите додатен напор во ситуација која бара екстремно брза акција. Чувајте се од повреди, униформирани лица и операции. Планираното патување може да почека.



РИБИ

Ве очекуваат безброј обврски, но ќе ги завршите како што најдобро умеете – достоинствено и без многу бучава. Може ќе се најдете во ситуација да ги исправувате туѓите грешки, за што сте вистински мајстор. Се' на се', иако ќе биде прилично напорно, ќе преживеете.


#
Најди! во Утрински